Финале СЕХА: Вардар - Металург (недела 18:00 Загреб)

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување

Победник во СЕХА ќе биде:

  • Вардар

    Гласови: 59 57,8%
  • Металург

    Гласови: 43 42,2%

  • Вкупно гласачи
    102
Како и шо очекував,Вардар доби на свежина,и уште еднаш на ротација....
Металург ме разочара тотално...
Не е дека се уморени...
Кој изговор е тоа?
Па професионалци се,земаат плата како играчи од Бундес Лига....мора да се спремни максимално,не да одат на терен како некои манекени....
Нека учат од Аљушот шо значи да си спремен максимално секоја утакмица....:)
Нека видат какви утакмици се играат таму,на секои три дена,и во кое ниво и кондиција,и пред се ПРИСТАП НА ИГРА можеби ќе научат нашите локални мангупи Мојсо и Жути...(немам ништо против овие двајца,напротив Мојсо го почитувам најмногу од македонските играчи,а Жути за храброста)...
Ама ова шо го изиграа викендов,играчи од нивни калибар не смеат да си го дозволат.....во никој случај....
На крај сите одат да честитаат,Мојсо избега,си замина на клупа...ех бе Мојсо,Мојсо...:tapp:со кренат нос не се станува голем играч...:notworthy:
Друга работа и Лино кутриот тотално се изгуби...
Во последните неколку години целосно го изгуби чувството за ракомет.....
Посебно за напад.....за одбрана дека знај да намести знај....ама за напад,јок.....буквално истите напади,цело време....не само на овај меч туку и во ЛШ......никаква новост во напад,се на сила...имаа среќа шо играа со екипи како Ст Петерсбург,Плок,Констанца..и со Загреб во 1/8 финале,иначе ќе беше жустро,ќе имаше силување да паднеа со некој друг гигант(а какви беа само другите две групи(освен групата на Загреб),леле,леле)....;)
Плус си го изгуби талисманот,ќе го бара Буцкото Андон назад на клупа,изгледа среќа им носеше....:X3:замина титулата изглеа,до Андон е...:D
Се дери без врска,урла по играчите,гледа не оди со напад,упорно си тера со тактиката со два ниски бека,да не беше Марковиќ,и еден куп контри во првото полувреме,прашање ќе беше дали 7,8 гола ќе дадеа кутрите....:D
Ги уби Вардар во второто полувреме,како селски буквар ја прочита Вујо прозирната тактика на чика Лино...
Ех Чика Лино,со ваков ракомет не се победува екипа која ротира 14-15 играчи нон-стоп,која има свежина во себе,која ти се прилагодува кон играта и тактиката во секој напад....
Најјак баше чиката кога по мечот му држеше говор на Мојсо...:pos:овај дреми како Мисир се прај дека го слуша,овај си дроби,дроби.....:pos:
Ех Мојсо,Мојсо,си ја зеде бељата со чика Лино и ти,е ќе го слушаш сеа....
А и чиката му е гајле,си ја накриви капата,си зема 200К по сезона,го боли...кошулчето на него,и си мисли дека само на рејтинг и курчење кај судиите ќе добива мечеви........
За Вардар шо да кажам,заслужено..
Иако денес ја немаа течноста во нападот,прецизноста,сепак ја имаа тактиката,стратегијата на своја страна..
А кога ќе го прочиташ противникот прашање на време е кога ќе си дојдат работите на свое место.....
Околу лигата...
Доколку не промени нешто радикално чиката во својата игра Вардар има еднакви шанси за титула,можеби и пол позиција зошто да не..
Сепак да не заборавиме,ова беше меч кај шо судеа странски судии(доста коректни)...
Како се судат нашите мечеви во лигата сите знаеме....
Ќе има тензија,ќе има притисок врз судии,не само притисок врз нив ,туку и самите судии сакаат да изигруваат мангупи(Џоле од кланот Начевски):cool:,па ќе гледаме сеир,повеќе тепање,тргачење,кинење кошули на делегати,отколку ракомет:icon_mrgr:...
Плус со овај пораз Металург ги доведува во прашање амбициите за наредната сезона....
Да не ја изгубат титулата ,па наместо да се спремаат за шампионската лига(шо вика Југослав Костовски):D,а наместо тоа да добијат утешна награда во новиот куп(КПК и купот на ЕХФ се фузираа во единствен куп)..:)
Ќе биди жустро како и да е,допрва следи војната....ракавицата е флена во суратот на чика Лино:гик: ,и тој од кој друг ако не од најдобриот играч на 20иот век,Вујо.....
Дали чиката ќе успее да го надмудри големиот ракометен мајстор(и бивш провокатор,сега нов голем тактичар и тренер)ќе видиме....:)
Како филм да најавувам:pos: ..
Следува двомеч за титулата,двомеч зготвен од кујната на РФМ,кој ќе се приспособи подобро и ќе ја проголта МАНЏАТА ќе игра со Кил,Барса...
Другиот ќе игра со Брест Мешков..:D
 
Смее, со Барса ако се сеќаваш игравме во Кале, кога му се намерачија сите на Рутенка.

Боби ок е бато, немора толку воинствено,пријателчиња сме сите. Еве од твоја гледна точка, како бомбастичнио тим на металург си дозволи како што праша Сајбер, од +6 да дојде на -3 со над 50% одбрани од најдобриот голман моментално во Европа? немање желба? под чест им е да се напрегаат за Вардар? уморни биле? или можеби едноставно беа надиграни и прочитани?

И незнам колку луѓето тука следат случувања, иако постовите на Сајбер изгледаат како обвинувања, апсолутно е во право кога вика дека Јорданов сака да го уништи Вардар. Како инаку се објаснува земањето и дремењето на клупа на Митревски,кој во Вардар беше стартер против Кил,Барселона,Адемар, а во Металург 5 минути дали има изиграно вкупно? Како се објаснува купувањето на пола екипа на Вардар да дреме на клупа или да игра само одбрана во металург, тука мислам пред се на Велко, кој има што да понуди и во напад.

И за медиумите исто е точно. Бомбастична најава за металург -татран ало, а Вардар игра со Загреб!

И Боби, овие два дена, југосите што ги викаш дека сме ги прибрале од обала не правеа лом. Лом правеа и кршеа кичми Јовчевски,кој го еба Загреб, Ојлески кој денес го врати Вардар во живот од -6 на минус два. Столе кој е прав звер,колку ли му се прави мерак да го клеца Лино,Никола и Мики кои се лавови во одбрана и Фичо кој го реметеше Станиќ. Е тие кршеа овие два дена. А пази во металург се спремаат како што слушнав 2-3 странски засилувања. Да не стане обратна ситуацијава,па да греat клупа мистер мев и Жути:)

Znam druze deka igravme, ama kao da cuv deka u kale ne mozelo da se igra liga shampioni... A moze losho sum cul... U sekoj slucaj daj boze da igrame u liga sampiona pa lesno ke se odluci kaj da se igra;)
 
Ќе бидат прваци но не затоа што се подобри туку од други причини ;)

Дали покажале солидна сезона во ЛШ мене ич не ме занима. Своите ставови за нив си ги кажав. Мене не ме импресионираа вооопшто како тим. Само индивидуални квалитети.
А и лесните противници си го направија своето. Уморни биле играчите од Гетеборг, божем пролетва зилион уткмици изиграа пролетва.
Од ЕП до сега немаат ни 5 утакмици изиграно на клупско ниво подобрите играчи.

Ондак кое е оправдувањето за мечот во Автокоманда?
Или и таму беа изморени од настапите во Лш :ROFLMAO:

Оваа ситуација искрено ме потсеќа на фудбалското првенство.
Рабоптнички дига до врв на почеток на првенство. Прво коло сите се фанови на Работнички, 10-0 ќе го тепале вардар :ROFLMAO:
И оп 1-0 за вардар перед 10 000 навивачи на Вардар и родителите на играчите на работнички.

Не сме се дигнале по една победа. Имаме квалитет, но во денови кога му оди на Станиќ реално џабе е квалитетот. Многу работи зависат од него.
Го плеснавме Нексе. Нексе ретко губи на свој паркет. Дома паднаа сите, освен во првите мечеви и последниот кој немаше никакво значење никој не не надигра. Тоа што не победувавме со 30 разлика е заради тоа што се испробуваа нови варијанти. Се ротираше многу дур да се најде правата тактика.
Колку аматерски изгледа оваа игра на металург спрема играта на Вардар?
Со играчи кои на хартија се може класа послаби, да ти направат од +6 на -3 во ден кога Станиќ има 50% одбрани, е стварно голема работа.
После овој меч со право можам да кажам дека годинава за Металург сме Дански клуб во поглед на убавината на играта.
Дали не беше очигледна помошта од судиите денес?
Очекувај и полошо на реваншот ;)

Иста е и тука ситуацијата, верувај народот за инает ќе му ја даде поддршката на вардар, затоа што Вардар игра ракомет, не игра со судии, Вардар е името со кое се гордее Скопје, Вардар е оној во кој повеќето Скопјани сакаме да се вложуваат пари.
Осеќа народот што е вештачко, па затоа во сезона кога воопшто не одиме на ракомет (организирано) им се дешава на мечот во Автокоманда на луѓето кои Минчо им делел карти да запеат за вардар на крај (пола сала ;)).

Смешно е да се каже дека Станич бил Металург и дека токму денес бил на висина, па изгледа ги прескокна мечевите во Борис во групна фаза во ЛШ.
И ако некој има и прави погрешна политика тоа е Вардар а не Металург со српските пензионери, во Металург е костурот на Македонија но и младински категории и школи. Не знам што толку сте се фатиле за како слепи за стап дека Вардар бил име, кога ќе се достигнат оние резултати во ЛШ било која екипа ќе стане име било тоа и за една сезона... Премногу детски е да се меле постојано за судии на чива страна биле и да се плука по успеси дека биле вештачи навивачите на Вардар гледаат на една страна само према Вардар и тоа е тоа, Металург моментално е Македонија и крај на приказна не дека ова не е јасно меѓутоа се што се гради во оваа држава макар и во спортот се гледа со презир, дека се подобри и далеку далеку поорганизирани како екипа тука нема збор. Само ние како народ сме такви да плкукаме по се и сешто никој не може да ме убеди дека кај нас не се гледа кратко, се што е успех и од Металург е успех и за Македонија и општо за спортот. Што толку Минчо, демек Михајло нема крадено баш токму ваквите полетувања кратко му траеле на Вардар, Вардар нема континуитет веќе неколку сезони екипа не се гради преку ноќ а најмалку цел костур на Македонија. Некои работи се измешани кај нас, но и политиката на Вардар е катастрофална за македонскиот ракомет.
 
Смешно е да се каже дека Станич бил Металург и дека токму денес бил на висина, па изгледа ги прескокна мечевите во Борис во групна фаза во ЛШ.
И ако некој има и прави погрешна политика тоа е Вардар а не Металург со српските пензионери, во Металург е костурот на Македонија но и младински категории и школи. Не знам што толку сте се фатиле за како слепи за стап дека Вардар бил име, кога ќе се достигнат оние резултати во ЛШ било која екипа ќе стане име било тоа и за една сезона... Премногу детски е да се меле постојано за судии на чива страна биле и да се плука дај не зборете глупости вештачко ова она, прво ти како навивач на Вардар гледаш само према Вардар и тоа е тоа, значи вака да објасниме неколку работи, Металург моментално е Македонија и крај на приказна не дека ова не е јасно меѓутоа се што се гради во оваа држава макар и во спортот се гледа со презир, дека се подобри и далеку далеку поорганизирани како екипа тука нема збор. Само ние како народ сме такви да плкукаме по се и сешто никој не може да ме убеди дека кај нас не се гледа кратко, се што е успех и од Металург е успех и за Македонија и општо за спортот. Што толку Минчо, демек Михајло нема крадено баш токму ваквите полетувања кратко му траеле на Вардар, Вардар нема континуитет веќе неколку сезони екипа не се гради преку ноќ а најмалку цел костур на Македонија. Некои работи се измешани кај нас, но и политиката на Вардар е катастрофална за македонскиот ракомет.
Е тоа е нешто што никој нема да го свати.
Доволно е само да ја погледнеш темата на металург на форумов. Ниеден пост во текот на сезонава и темата на вардар и особено на пелистер ;)
Тие што навиваат за металург ќе се израдуваат подеднакво и вардар ако тепа и Пелистер ако тепа и Младост Богданци ако тепа.

Таа радост што може да ја почуствува еден прав навивач на еден клуб, кој НЕ НАВИВА ЗА СИТЕ МОЖНИ КЛУБОВИ, е она ради кое спортот заслужува да се игра ;)

МЗТ нема титула, нема успеси, но е име, е бренд, и на пример Торус со било каква работа нема да израдува никого колку што МЗТ би израдувал некој што душа дава за тимот.

Како не било детски да се меле за судии. Па така е, цел форум вика дека е така, ама ајде ќе се направиме слепи.
Вистина е дека вардар имаше лоша политика низ сезониве. Толку му е моќта на Михајло, ќе направи тим ќе го распушти...
Имавме јак тим, понудија пари од металург се продадоа играчите...
Поентата е што Михо има нефер терен пред себе. Кој би вложувал кога би ја знаел состојбата тука.
Зошто Силјан не вложува во Пелистер? Не е будала да го ебам, кога однапред се знае кој е спрмен да биде шампион ЛОЛ

И Михо имал помош од судии но не играл вака покварено. Составите биле на рамниште, не крадел по 500 играчи од сите тимови.
Нема зошто да вложува во оваа лига, јас да сум на негово место не би се ни натпреварувал во македонската лига, туку би играл само во СЕХА.

А тоа дека политиката на вардар е катастрофална за Мак ракометот не очекував да го чујам од тебе пошто знам дека сите утакмици ги следиш.
Кај нас во оваа сезона сите добиваат шанса.
Тоа што децата не се земени во репрезентација видовме со каков колапс придонесе;)
Никогаш играчите не биле запоставувани на клупата. Ако бил квалитетен играл, ако не се ДАВАЛ НА ПОЗАЈМИЦА!
НЕ СКАПУВААТ НА КЛУПА ИГРАЧИТЕ!

Чива кариера сме уништиле?;)
Никогаш не сме ги држеле играчите присилно во клубот и не сме им бранеле да одат некаде ;)

Колку е погрешна политиката клуб-репрезентација увиди си и од женскиот ракомет, пошто овој клуб по Минчо нема да постои ;)
А на крај краева ниту еден од играчите кои се носители на репрезентацијата не се нивни производ.
 
Честитки за Вардар Про и нивните фанови. Капа долу момци!Песнава потаман не може да биде, особено со оглед на фактот дека две македонски екипи се најдоа во финале.:)

Туку што е ова мрчење бе, денес е празник за македонскиот спорт, јас не знам дали ако опстојува СЕХА лигата ќе дочека да и се повтори вакво нешто од страна на земјите учеснички во неа. Алудирам на фактот што не ми се верува дека било која земја во скоро време ќе успее да произведе два толку квалитетни тимови кои ќе играат во финале.

Ова е бре македонско Ел Класико.:LOL:

Се гледаме во купот дечки. Честитки уште еднаш. :)

За Saber Rider денов ептен добар излезе, ем мачорот на безбедно ем Вардар регионален шампион:ROFLMAO:
 
За Saber Rider денов ептен добар излезе, ем мачорот на безбедно ем Вардар регионален шампион:ROFLMAO:
Ем во фудбал Депортиво тепаше на гости во дербито на Галиција.

Што побрзо сватат другите дека оваа година сите мои тимови (Вардар, Јуве, Депор, РК Вардар) ќе освојат се, толку побрзо ќе ги преболат поразите :icon_lol:

Епа после сто години суша на спортски план, редно беше цела сезона да ги белеам гаќиве :icon_mrgr:

Фала на честитки бтв :D
 
Сеа разбирам субјективни мислења од повеќемината тука, пошто поголемиот дел се Вардарци (до душа и мене повеќе ми е ќејф Вардар да е на победничката страна), али за две работи не се согласувам.

1. За медиумите и преувеличеноста на Металург. Океј за ЛШ можеби го пренапумпаа од Бекстејџ и таквите тракатанци, али за СЕХА и МТВ јас не видов никаде преголемо форсирање на Металург врз Вардар. Имаше мало форсирање, тоа беше сосема оправдано, со оглед на тоа што и самите фанови на Вардар сигурно не очекуваа вакво нешто. Коефициентите за Металург беа помали, повеќе се очекуваше од нив, затоа беше и тоа форсирање.

Видевски и Милков коретно си ги вршеа преносите. Металург - Татран не ја гледав, но другите 2 наптревари што ги гледав беа океј. Видевски малку дркаше на Манасков, али не глеам тука грешно нешто, детето иако е форсирано, има потенцијал...

2. За муабетот кој има повеќе Македонци... Вардар не е ништо поарен од Металург во тој смисол. И Вардар е пола тим сочинет од југословенци, плус комшијата од Сајбер! :D Ништо поарни не се од Минчолург... Единствено тука се согласувам за муабетот дека Македонците од Вардар не добиваат шанса у репрезентација, но тука знаеме какви мучки се прават и зошто е така.

А и не го разбирам муабетот кој се форсира, демек изнакупиле странци (и едниве и другиве) а не им даваат шанса на Македонците младинци. Значи, разберете, сопствениците и спонзорите бараат успех. Нив не ги интересира кои се и од каде играчите. Металург проба со Македонци, го купи пола Вардар (да не речам цел...) али виде дека нема успех така у Европа, па си купи странци.

Сега, секако поубаво е тимот да се изгради од домашни деца, но за таков проект потребни се години, а нашиве сакаат брз експресен успех. Епа неможеш ем брз успех ем наши играчи... Тука на пример Пелистер би бил перфектен за тоа, да речеме да почне од сега со јак спонзор да гради млада екипа која за 2-3 сезони ќе ги гризе скопските екипи...

Али сето тоа најверојатно ќе остане само моја желба, со оглед на црната дупка у која сме...
 
Тоа е тоа што и јас сакам да го кажам.
Успехот не познава националности туку квалитет.
Ова се КЛУБОВИ, не РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА.
Мене ме нервира тоа што постојано се збори дека Вардар го назадувале ракометот со странските играчи, а Металург бил репрезентацијата.
Ние не сме лицемерни, кај нас вистина е дека не играат многу Македонци. Но оние кои се во составот НАВИСТИНА ИГРААТ!

Сите останати не се држат на клупа, туку играат во Куманово, а претходно и во Борец.

И во секое време им се одврзани рацете да си заминат.

А они имаат по 3-ца на секоја позиција, а играат со едни те исти, додека другите заборавиле веќе што е ракомет.
А во јавноста тоа се претставува поинаку, божем биле тим-репрезентација :pos:
Успехот на металург бил успех на Мак репрезентацијата :pos:
И напоменувам дел од играчите не ги пуштаа да си одат иако немаа никаква минутажа. За малку ќе го упропастеа и Столе. Немаа намера да го играат а несакаа да ни го дадат.
Очекувам идна година едно од нивните крила да се врати во старото јато. Го упропастија детето целосно.
 
Неможе од 2 милиони народ да споиш 2-3 силни тимови во 2-3 спорта.Сакаме и Фудбал и Ракомет и Кошарка епа неможе и црнци да сме.
 
Неможе од 2 милиони народ да споиш 2-3 силни тимови во 2-3 спорта.Сакаме и Фудбал и Ракомет и Кошарка епа неможе и црнци да сме.

Па да де, тоа ми е муабетот. Можеш да направиш 2 јаки тима, ама мора да купиш странци. Нема теорија сега да направиш 2 јаки тима сочинети од исклучиво домашни играчи (еве плус 3-4 странци да речеме...)

И сеа, не дека неможеш од 2м. народ у ракомет да извадиш 30 добри играчи, но тоа е доооооолг процес. А моментално младинските лиги ни се за никаде... главните погони од кои извирале ракометари се запоставени. Така да треба да се почне од нула и да се гура полека, и стрпливо да се чекаат резултатите...

Се може да се постигне со добра работа, исфорсирај ги ракометот и кошарката до крај, фрли пари у нив, мотивирај ги. Еве глеам сеа нешто рекламираат за средно-фискултурно и стипендии, одлично ќе биде ако таму скаутираат баш таленти а не синови на функционери... Во спортот кај нас ни фали само добра и организирана работа... ене ги Словенцине, помалку се од нас а имаат и добар фудбал и добар ракомет... Али избегав од темата... :)
 
Во Словенија огромен дел се и Босанци.
 
Тоа е тоа што и јас сакам да го кажам.
Успехот не познава националности туку квалитет.
Ова се КЛУБОВИ, не РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА.
Мене ме нервира тоа што постојано се збори дека Вардар го назадувале ракометот со странските играчи, а Металург бил репрезентацијата.
Ние не сме лицемерни, кај нас вистина е дека не играат многу Македонци. Но оние кои се во составот НАВИСТИНА ИГРААТ!

Сите останати не се држат на клупа, туку играат во Куманово, а претходно и во Борец.

И во секое време им се одврзани рацете да си заминат.

А они имаат по 3-ца на секоја позиција, а играат со едни те исти, додека другите заборавиле веќе што е ракомет.
А во јавноста тоа се претставува поинаку, божем биле тим-репрезентација :pos:
Успехот на металург бил успех на Мак репрезентацијата :pos:
И напоменувам дел од играчите не ги пуштаа да си одат иако немаа никаква минутажа. За малку ќе го упропастеа и Столе. Немаа намера да го играат а несакаа да ни го дадат.
Очекувам идна година едно од нивните крила да се врати во старото јато. Го упропастија детето целосно.
А сите знаеме дека Кире ни е пола репрезентација...
 
Во право е Сајбер до негде....
Не е муабетот да имаш македонски играчи,да се фалиш дека си тим-репрезентација,а од нив пола дремат на клупа и му даваат на Станиќ шише со вода да се напие кога Металург е во напад.......
Сега нормално е шо не можат сите да играат подеднакво,шо немаат минутажа...
Посебно двоецот голмани Диви-Митревски,покрај еден расположен Станиќ нема шо да бараат....
Но ако гледаме од агол на репката,тогаш губиме зошто?
Зошто се губи континуитетот на настапи на играчите..
На секој играч му требаат утакмици,да добива минутажа...
Со дремење на клупа и минутажа соекипи кои се за класа послаби не се крева форма и не се одржува квалитет,се случува спротивното....
Погледнете го Диви во времето кога беше во Пелистер,какви одбрани имаше,начинот на кој ги фаќаше тие удари....
Имаше континуитет,нема врска годините,дека бил млад и сл....,кај голманот е обратно....
Митревски кога беше во Вардар растураше,добиваше минутажа...
Велко,Јоноски,Мите Стоилов барем играат во одбрана,па колку толку го потат дресот...
За Столе е се кажано...
Да не го тупам,муабетот е дека погубно е за македонскиот ракомет да не се развиваат играчите како треба,во најдобрите години....
Тоа е политика на клубот,на тренерот....ама губи Македонија....
А во ситуацијата кога тие се спонзор на репката,и се прават газди ова е уште еден голем минус за Металург...
Ние не сме Германија па да имаме на лагер по 100 играчи на позиција,тие се играчите...
Е сега кај нас ситуацијата е шо се прај план за клуб-репрезентација...
Им се нудат огромни плати на играчите,иако на дел од нив не се смета сериозно,но подобро е да го имаш во екипата,отколку да оди во Вардар и да прај беља таму....
Михајло не фрла така пари,курназ е,со тие пари шо Металург ги дава месечно само Диви и Митревски да ја чистат клупата(ако сум добро инфромиран двата земаат вкупно 10 кркачи во евра месечно)тој ќе земи 4 странци....
Не е и ова добро,подобро ќе беше да си тераа вака и со Јанев,Оса,Ангеловски наместо со Вујо џр,Абутовиќ....ама не е и ни добро и тоа шо го прави Металург....
Врти сучи исто е....
Само така функционираат работите кај нас,за жал....
Секогаш странецот е подобар.Столе им беше пред нос толку години,го дадоа.....
Пелистер на времето ја имаше цела репрезентација кај себе...апсолутно цела репрезентација-Пепи се повлече.....
Ама тие играчи играа сите,јаки утакмици,евро купови,дерби утакмици со Вардар,Тутунски па и со Богданци:D ....немаше некој да дреми на клупа и да биди репрезентативец истовремено....
Едноставно тоа беше стил на Пелистер...се форсираа наши играчи и успеваше..
Ама имаше тогаш квалитет,имаше школи од кај се црпеа играчи,и се промовираа звезди,ете Лазаров го замени Новокмет,Темелков Марковски,Мојсо Чурлевски,Дивиот Ходик,постепено се носеа играчи и стануваа звезди....
Пак чарето е силна лига,без јаки Пелистер,Борец,Прилеп нема да има никогаш квалитетен ракомет кај нас...се ќе биди со краток рок,се додека држи интересот кај спонзорите(Минчо и Михајло)....после се знај клуч за ракометот...
Треба да има понуда на пазарот,да има квантитет и пред се квалитет...
Да имаат играчите избор да бираат кај ќе играат...,да напредуваат,да играат редовно,не се да остани на милоста на чичко Минчо,дали ќе фрли некоја банка да ги земи во клубот да дремат на клупа,или пак Михајло да ги земи и да играат на позајмица во Куманово зошто не можат да фатат место во Вардар.....
Хрватскиот клубски ракомет пропадна баш вака,натаму се движиме и ние...
Само разликата меѓу нас и нив е шо тие имаат поголема база на играчи,и светлосни години се пред нас во работата со млади категории,додека ние си свиркаме и чекаме да се појават таленти:свиркам:
Реалноста е дека ние немаме ни 30 играчи шо би можеле да играат во некоја екипа која би се нарекла професионална екипа....:D
 
Кога подобро ќе размислам, требаше да им ја пуштиме на Металург... Доволен е фактот што играа во ЛШ, па поради тоа оваа победа на Вардар едноставно не треба да се важи. Предлагам од наредна сезона секој клуб што ќе игра во ЛШ автоматски да биде прогласуван и за шампион во СЕХА!

Баш ме интересира, што треба навивач на Вардар или било кој друг клуб од земјинава топка да го засега фактот што Металург бил преморен, труден и што изгубил? Ако толку е мачно, зошто играа во ЛШ? Ете наредна сезона слободно нека паузираат и ќе бидат поодморени. Металург (односно новопечените негови навивачи) треба вината да си ја бараат во самиот клуб... Срамота е клуб кој потроши огромни суми на засилувања, клуб кој има 3-4 квалитетни постави да се жали на премореност. Тие играчи се платени за да победуваат, а не за да се жалат, кукаат и плачат! Кога одиш на работа целта ти е да си ја заработиш платата, да ја завршиш работата, сигурно нема некој да каже вчера бев во кафана, завчера во диско, па така денес не можам поради тоа што се преморив од журкање да ја завршам работата. Во тој случај се лета и доаѓа човек кој може сето тоа да го направи, исто е со ракометов...

Вардар не го уништи македонскиот ракомет, го уништија оние кои ги искупија сите вардарови играчи за да го ослабнат клубот, па макар биле и декор на трибини и собирачи на топки. Екстра талентираниот голман на Металург Митревски брани само кога играчите на Металург имаат тренинг, дечкото е ТРЕТА опција во клубот, а пред некој ден потпиша нов договор со клубот, па според ова, Вардар е тој што ги уништува играчите!? Наместо да останеше во Вардар да се развива како играч, тој се залета по парите на Металург. Секоја чест за него, од една страна финансиски добро ќе се поткова, но од друга сосема ќе се уништи како играч. На крај краева, сите што не играат, а ги има многу, подобро е да се испратат во Пелистер или некој друг македонски клуб, така не губи ниту Металург, ниту пак македонскиот ракомет.

Инаку Металург играчки има поквалитетен тим од Вардар, но не секогаш одлучува играчкиот кадар кога играат две горе-доле израмнети екипи. Вардар со оваа победа ја затна цела медиумска машинерија на Металург, а тоа мене ми покажува и докажува колку е голема оваа победа. Плукајте до сабајле, но нема да го смените првиот шампион во СЕХА лигата.

На крај, честитки до сите навивачи и играчите на Вардар, а во првенството и купот се надевам дека повторно играчите на Металург ќе бидат изморени и психолошки истрошени од Гетеборг. :icon_lol:
 
Неможе од 2 милиони народ да споиш 2-3 силни тимови во 2-3 спорта.Сакаме и Фудбал и Ракомет и Кошарка епа неможе и црнци да сме.

Можеш многу добро. Македонија е спортска нација. Само ај не е темава за тоа.
--- надополнето: 15 април 2012 во 23:10 ---
Вардар ги уништувал играчите, LOL, барем Вардар не држи заложници.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom