Македонија - Шведска (7.4.2012, 16:00 ч.),Скандинавиум арена-Гетеборг

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не е за генерали после војна, треба да извршиме притисок за да ги сменат работите. Инаку сите трубиме и пред "војната" дека некои играчи не заслужуваат за репрезентација.

Па јасно е тоа ако некој треба да замине тоа се Бранче Ангеловски, Маркоски (пивотот), Златко Мојсоски и Филип Лазаров барем додека да се најде солиден бек. Лошо е да се плука после успехот без разлика што го освоивме играјќи на домашен терен, сепак мора да има промени се гледа дека се враќаме на тупаџиската еден на еден игра што одамна е изумрена варијанта.
 
искрено тогаш да, сега не.
ама што треба да им го земиме, да ги вратат тие 5000 евра.
ајде ти се молам , ова веќе спаѓа во детски муабет.
и каква казна. ајде на колци да ги пречекаме сега!

пак погрешно ме разбираш, не треба да ги издигнуваме дека се просечни, и затоа нема да има еуфорија дека сме велесила, и затоа нема да имаат притисок дека мораат да се пласираат, изатоа нема да ги критикуваме за тоа кога ќе ја знаеме нивната вистинска вредност. ама ете кај анс обратно се прави тоа нигдо го нема во европа или во свет.
 
Според мене ова беше еден од најкатастрофалните натпревари кои ги имам гледано на нашата репрезентација.
Шутракот Шундо го сметам за најголем виновник.
Ако по квалификациите не го сменат од тренерската позиција се откажувам од гледањето на машката репрезентација.
Никаква тактика нема, а отишол на квалификации за ЛОИ.
Од 3 тајмаута еден барем да се искористеше како што треба. Од 2 натпревара барем една акција да видовме.
Денес Андерсон, вчера Перез и Кривокапич не отепаа, а тој не знае фластер да им стави.
Тргнал со едно крило, а со три пикери. А зошто му се толку и тој не знае.
Кире јесте да не беше во најдобра форма, али не го сметам за виновник а зошто?
Затоа што сите знаеме дека цело време се форсира игра од бековите Кире, Номче или Жути. Си немаме разноврсна игра.
Си немаме долга клупа. Тројца играат цело време. И да се изморат, нема кој да ги замени да одморат и да земат здив.
Барем имавме добра одбрана, али денес и вчера и таа потфрли. Дозволивме и со играч повеќе да примаме голови.

Жути денес како и на сите претходни натпревари најмногу котеќ доби, али најпожртвуваван и најборбен беше. Си ја остави душата на теренот. Секоја чест. :cuc:

А Швеѓаните беа премногу груби и агресивни. Премногу провоцираа и премногу беа толерирани од судиите.
Што е премногу, премногу е.
И премногу неферски го завршија натпреварот.
Што му требаше на овој да го бутка Диви?
Изгледа му докриве што Диви му го одбрани ударот.
Епа тогаш Лазаров требаше да го утепа нивниот голман. Сите удари му ги одбрани. :pos:

Али што е, ту је. Треба да гледаме надпред. Не чекаат квалификации за СП. Треба добро да го искористиме овој период и добро да се подготвиме. А тоа секако ќе го направиме без Шундовски на тренерската позиција и со внесување на нови играчи во репрезентацијата како Раде Стојанович, Горан Кузмановски и уште некои др.
 
Па јасно е тоа ако некој треба да замине тоа се Бранче Ангеловски, Маркоски (пивотот), Златко Мојсоски и Филип Лазаров барем додека да се најде солиден бек. Лошо е да се плука после успехот без разлика што го освоивме играјќи на домашен терен, сепак мора да има промени се гледа дека се враќаме на тупаџиската еден на еден игра што одамна е изумрена варијанта.


Па јас пикерот не би го отфрлил, можеби треба на Марковски да му се даде шанса млад е може да игра и одбрана и напад,може Ванчо е веќе за повлекување од репрезентација...
 
Немам намера да анализирам ниту пак да ставам вина на некој. Преголемата желба за Лондон и залетот од Европското не изгоре. Без разлика што ја испуштивме оваа карта за олимпијадата, за мене дечките злато вредат и понатака. Да сме живи и здрави во иднина повеќе, ова е големо искуство за наредните првенства, се надевам дека некој од ракометна федерација ќе учи од грешките и ќе седне и долго ќе анализира после се. Фала им што го кренаа ракометот на едно повисоко ниво. Фала им што децата си најдоа нови идоли и почнаа да тренираат ракомет. Веројатно и во тие дечиња ќе го најдеме идниот Лазаров, Диви, Миркуловски, Стевче и останатите. Фала им што напатеното подгрбавено македонче еволуираше во горд Македонец и почувствува победи и славења.

П.С Затварајте тема доста беа навреди и сарказам.
 
Според мене ова беше еден од најкатастрофалните натпревари кои ги имам гледано на нашата репрезентација.
Шутракот Шундо го сметам за најголем виновник.
Ако по квалификациите не го сменат од тренерската позиција се откажувам од гледањето на машката репрезентација.
Никаква тактика нема, а отишол на квалификации за ЛОИ.
Од 3 тајмаута еден барем да се искористеше како што треба. Од 2 натпревара барем една акција да видовме.
Денес Андерсон, вчера Перез и Кривокапич не отепаа, а тој не знае фластер да им стави.
Тргнал со едно крило, а со три пикери. А зошто му се толку и тој не знае.
Кире јесте да не беше во најдобра форма, али не го сметам за виновник а зошто?
Затоа што сите знаеме дека цело време се форсира игра од бековите Кире, Номче или Жути. Си немаме разноврсна игра.
Си немаме долга клупа. Тројца играат цело време. И да се изморат, нема кој да ги замени да одморат и да земат здив.
Барем имавме добра одбрана, али денес и вчера и таа потфрли. Дозволивме и со играч повеќе да примаме голови.

Жутио денес како и на сите претходни натпревари најмногу котеќ доби, али најпожртвуваван и најборбен беше. Си ја остави душата на теренот. Секоја чест. :cuc:

А Швеѓаните беа премногу груби и агресивни. Премногу провоцираа и премногу беа толерирани од судиите.
Што е премногу, премногу е.
И премногу неферски го завршија натпреварот.
Што му требаше на овој да го бутка Диви?
Изгледа му докриве што Диви му го одбрани ударот.
Епа тогаш Лазаров требаше да го утепа нивниот голман. Сите удари му ги одбрани. :pos:

Али што е, ту је. Треба да гледаме надпред. Не чекаат квалификации за СП. Треба добро да го искористиме овој период и добро да се подготвиме. А тоа секако ќе го направиме без Шундовски на тренерската позиција и со внесување на нови играчи во репрезентацијата како Раде Стојанович, Горан Кузмановски и уште некои др.


За Миркуловски ми е најкриво :(
 
Нема потреба да се пцујат играчите....ниту селекторот....изгубија,изгубија,штета навистина,не сме свесни колку бевме блиску...
И така Звонко е принудно поставен тука....
Ако сакаме долгорочен успех во ракомет мора да се преземат многу чекори,е сега не можи наеднаш,ама колку побрзо толку подобро,реално немаме голема иднина во ракомет за наредните години....
Како прво....
Гнидите од калибарот на Начевци да се избркаат од ракометот..
До кога бе со овие мешетари шо шиткаат карти по 10 пати повисока цена?
До кога нив ќе ги гледаме?до кога?
Секаде се испикани,клан....:mad:
Второ...
Мора да се постави тренер АВТОРИТЕТ НАД СИТЕ...
И над играчи,и над клубовите шо се мешаат во работата на репката...
Тренер кој ќе има слобода да повика кој сака играч,и со тој состав да му се овозможи да игра негова игра,па да му се постави временски рок да видиме шо ќе постигни....
Вака останавме без играчи како Раде,Кузманоски,Мајнов,играчи шо можеа да помогнат.....
Да не се нервираме со Митков.....
Да имаме ротација,да имаме свежина...
Видете Унгарците шо напраја,мобилизираа се живо и диво,дедото Перез го зедоа ејјј на 41 година..
Зошто?зошто знаеја дека ќе брка работа..и бркаше....
Е ова е квалитетно водење на репрезентација...
Останаа без Наџ,и пак се снајдуваат,не се откажуваат од тоа шо вреди,не се како нас....
Наместо да учиме од традициналните ракометни велесили ние си играме курташак,домашен пазар,исто како во се шо се турка кај нас,упорно НАШИ ДЕЦА,ВРЕДЕЛЕ НЕ ВРЕДЕЛЕ НЕМА ВРСКА,ВАЖНО Е ДА СЕ РОДНИНИ СО ГЛАВНИТЕ:tapp:
Трето можеби најважно...
Мешањето на играчите во струката....ОВА МОРА ДА СЕ ПРЕКИНИ ПОД ИТНО....
Кој е тој Лазаров бе да кажва кој да игра,кој не?
Да биди главен на тајм-аут,да се дери по соиграчите....
Го слушам вчера вика-ИМАШЕ ПОЕДИНЦИ ШО НЕ ИЗИГРАА КАКО ТРЕБА,нејќел да ги именува:facepalm:
А тој не се вбројува меѓу нив а?демек безгрешен е тој?
На татко му е репката па да си игра курташак години наназад...?
Секоја чест на се шо направил,ама никој нема право да си игра со Македонија,па ни Кире Лазаров...
Секоја чест за 5тото место,ама не се забораваат лесно баламажите овие 10ина години,од баражи,квалификации....
Ако нејќат да играат под услови шо ќе ги постави селекторот сиктер.....
Ако сакаме да има дисциплина..
Селекцијата е најголема светост....
Ако сакаат да бидат главни некаде,нека си купат некој клуб,и нека кажуваат шо сакаат..
Овде нивна задача е да играат,не да се заебаваат со нас....не заслужуваме....
Голема репрезентација се станува кога главните играчи ќе ја преземат одговорноста врз себе и кога не оди...
А не да кажуваат беседи пред триумфалната капија.....
Не се политичари,туку спортисти кои ја претставуваат државата...
Секоја чест за борбеноста,за желбата...
Ама требаше многу повеќе...
Имаме капацитет за да бидиме голема репрезентација,ама ни фалат тие мали детали шо ги немаме,детали кои ги делат репрезентациите на големи и мали(ние за жал сеуште не сме голема репрезентација).....
 
Главите горе одиме понатаму мислам дека имаме реални шанси со овој состав да ја победиме Австрија во двомечот во Јуни и да се пласираме во Јануари 2013 на СП во Шпанија со овој состав но се надевам и проширен и можеби подмладен. Но во меѓувреме треба да се размисли каде се грешеше и кои беа клучните грешки на овие два меча за што делумно беа и очигледни.
 
images
 
Си зимам за право да пишам на веќе затворена тема. Ко баби на чешма. Приберете си го малце тоа јазикот, пцуете луѓе за чиј автограм на плоштад се тепавте пред 2 месеца.

Пишав подолг пост додека траеше европското, не планирам да го пишувам повторно, само ќе кажам дека заостануваме светлосни години спрема спортските школи кои ги имаат конкурентите. Ова може да му биде глупа констатација само на некој што не се занимавал со спорт, кој се занимавал, знае што зборам.

Имаат право Види Фотос и Марио Гомез, станавме инстант успех нација, не треба така. Ни треба еден континуитет со учества на ЕП/СП низ годините па да се издигнеме на врвот, ако сакаме да го направиме тоа. Не дека сега не бевме блиску до ОИ, но многу работи се трули во спортските федерации во државата, ракометната не е исклучок. Шундовски е само една плава марионета. Потребен ни е селектор како пегланата на Шведиве, енергичен и посветен селектор кој ќе мотивира најпрво, Шундо може да те мотивира само ако планираш самоубиство да направиш.

И друг пат пак славете ако се повредувале играчи на противничките селекции (ова е повеќе наменето кон новинарите), ко тие да се штури па од еден човек зависат.

И дај пак срамота е да пцуете по играчи, критика е ок, ама пцуење како што видов низ страниве е за баш за срамота. Нареден пат одете со фановите на државата против која играме глејте ракомет рака под рака, ќе си пцуете едни исти.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom