Anne Rice (Ен Рајс)

  • Креатор на темата Креатор на темата Body Electric
  • Време на започнување Време на започнување

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Возраст
33
Мислам дека жената заслужува една тема на форумов...
Ен Рајс е американска писателка, една од најчитаните писатели на модерно време, многу позната по тоа што своевремено ги вратила вампирите повторно во мода. Била жена на Стен Рајс, познат американски поет, и мајка на Кристофер Рајс, исто така писател.
Меѓутоа, покрај тоа што Ен Рајс има фасцинантна и инспиративна животна приказна, темата ја отворив за нејзиното литературно творештво.
Својата кариера Ен Рајс ја започнала со фасцинантниот роман Интервју со вампирот во 1976 година, која ја напишала во 1973 година, непосредно по смртта на нејзината ќерка. Романот бил нејзин начин на носење со губењето на детето, истовремено давајќи еден сосема нов поглед на светот гледан низ очите на главниот протагонист Луи де Поинт ду Лак, плантажер од Њу Орлеанс кој ќе биде претворен во вампир од страна на Лестат де Лајонкорт.
Интервју со вампирот станува почеток на серијал од романи кој денеска е познат како Вампирски хроники и вклучува вкупно десет романи (Интервју со вампирот, Вампирот Лестат, Кралицата на проколнатите, Приказната за крадецот на тела, Ѓаволот Мемнох, Вампирот Арманд, Мерик, Крв и злато, Фармата Блеквуд и Крвава молитва).
Рајс во меѓувреме го започнува серијалот Нови приказни за вампири кој (засега) вклучува само два романи - Пандора и Вампирот Виторио.
Серијалот Животите на вештерките Мајфер Рајс го пишува од 1990 до 1994 година и вклучува три романи: Вештерски час, Лашер и Талтос.
Во 2005 година Рајс започнува да го пишува серијалот Животот на Христос која засега вклучува две книги (Господ Исус Христос: Излегувањето од Египет и Господ Исус Христос: Патот до Кана), а во план е објавувањето на уште две книги.
Серијалот Песните на Серафимот вклучува две книги и тоа Ангелско време и За љубовта и злото.
Има напишано и неколку самостојни романи (Гозба на сите свети, Плач до небото, Мумијата, Слуга на коските и Виолина).
Ен Рајс покрај своето уметничко име кое им е познато на сите (вистинското име на писателката е Хауард Ален Франсес О’Брајен Рајс), ги има користено и псевдонимите Ен Рамплинг и Е. Н. Рокелауре, под кои пишувала еротска литература.
Под псевдонимот Ен Рамплинг има напишано две книги (Излезот од Еден и Белинда), а под Е. Н. Рокелауре ја има напишано трилогијата Заспаната убавица, еротски серијал од три книги кој се базира на класичната бајка од Шарл Перо и браќата Грим и ги вклучува книгите Освојувањето на Заспаната убавица, Казнувањето на убавицата и Ослободувањето на убавицата.
Пред некој месец Ен Рајс го објави романот Волчјиот дар, за кој се надева дека ќе биде прв дел од нов серијал книги за врколаци.
Јас лично немам прочитано многу дела од оваа плодна писателка која се уште го држи вниманието на критичарите, но и на публиката, меѓутоа Вампирот Лестат ми е една од омилените книги која никогаш не ми станува здодевна, без разлика колку пати да ја читам. Ги имам прочитано Интервју со вампирот, Кралицата на проколнатите и Приказната за крадецот на тела (првите четири дела од Вампирските хроники). Го имам прочитано првиот дел од трилогијата Заспаната убавица - Освојувањето на Заспаната убавица и Вамирот Виторио од Нови приказни за вампири. Би сакал да ги прочитам сите дела од Ен Рајс, меѓутоа моментално немам ниту време, ниту концентрација за тоа.
Би сакал некој кој има читано дела од неа да ми препорача нешто, затоа што не и ги читам делата хронолошки, па би сакал да знам дали Ен и вас ви има оставено позитивен впечаток, како што ми има оставено мене :)
 
Ја женава ја памтам по тоа што се закануваше со тужби на луѓе кои не профитно пишуваат фан фикшни со нејзини карактери на интернет.

Од Вампирските кроники само првите три ми се прочитани и освен втората, другите не ми оставиле голем впечаток. На пример повеќе ми се допадна филмот Интервју со Вампирот отколку книгата, . Додека пак вториот филм беше неверојатно лош, а пак книгата (Вампирот Лестат) повеќе ми се допадна. А инаку ме заинтригира сега, ке се обидам и другите да ги најдам.
 
Ја женава ја памтам по тоа што се закануваше со тужби на луѓе кои не профитно пишуваат фан фикшни со нејзини карактери на интернет.

Да, интересно е што го спомена тоа со fan fiction.
Ен Рајс и Џорџ Р. Р. Мартин (Песна за лед и оган) се најпознати од модерниве писатели по тоа што строго забрануваат пишување на fan fiction со нивни ликови. Сметаат дека тоа лошо влијае на самите приказни што тие ги пишуваат, како и дека пишувањето fan fiction има негативно влијание врз оние кои се надеваат самите да станат писатели еден ден.
 
За Џорџ Мартин не би знаел, ама поентата на испадите на Рајс не биле дека тоа лошо влијаее врз ''идните'' писатели туку дека преку тие фан фикшни се оцрнувале нејзините карактери како и книгите. Да не вадам сега од глава, ако те интересира ке ти пратам преку пп само да ја најдам веб адресата. Иако сам не пишувам многу ги ценам тие фан фикшни. На неколку пати сум се сретнал со неколку дела што би можеле и на вистински книги да им парираат.
 
Те разбирам. Знам дека со Ен Рајс имаше некоја фрка околу fan fiction, но не сум баш подетално запознаен. И за Мартин знам дека е против тој „жанр“. Инаку, и јас самиот сум голем поддржувач на fan fictionот. Не би можел да пишувам, меѓутоа сум уживал читајќи некои од други фанови (Џејмс Потер серијалот, на пример, од Џорџ Норман Липерт) :)
 
Да, интересно е што го спомена тоа со fan fiction.
Ен Рајс и Џорџ Р. Р. Мартин (Песна за лед и оган) се најпознати од модерниве писатели по тоа што строго забрануваат пишување на fan fiction со нивни ликови. Сметаат дека тоа лошо влијае на самите приказни што тие ги пишуваат, како и дека пишувањето fan fiction има негативно влијание врз оние кои се надеваат самите да станат писатели еден ден.

Леле јас на времето ископав со Арес симнав Harry Potter and the Triangle Prophecy. Книга голема беше, на англиски. Јас помислив дека е на Џ.К.Роулинг и фатив да ја читам, само некако се приметуваше дека не е нејзина. Беше опишано губењето на невиноста на Хари, for crying out loud. И ја прекинав на сред читање. Би ја прочитала сега :D
--- надополнето: 28 март 2012 во 21:33 ---
Те разбирам. Знам дека со Ен Рајс имаше некоја фрка околу fan fiction, но не сум баш подетално запознаен. И за Мартин знам дека е против тој „жанр“. Инаку, и јас самиот сум голем поддржувач на fan fictionот. Не би можел да пишувам, меѓутоа сум уживал читајќи некои од други фанови (Џејмс Потер серијалот, на пример, од Џорџ Норман Липерт) :)

Ова е као за Хари Потер или?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom