Заврши изложбата во Битола.....
Супер поминав(дури и подобро отколку по очекував зедов оценка 5 и титула CAC)....
Добри оценки од судијата добив,со забелешка за крзното,зошто Аба е со подолго крзно,сега и е период на интензивно митарење,треба да го смени и да го извади летното крзно,па имав замерка овде,но друго супер помина....
Добро движење,одличен гребен,одличен заден став,добар фронт,
Многу се плашев од однесувањето на кучето,во последно време беше бааги расеана,но супер помина,однесување со други кучиња супер,со добар тренинг сабајле успеав да ги поминам како шо треба ринг вежбите,движењето беше повеќе од добро......
Се на се,добро излезе...
Иначе за изложбата доста добри кучиња имаше,доста добри ротвајлери од Србија мажјаци,и неколку од Скопје..
Од втората група,многу добар доберман мажјак,(ако не се лажам истиот од погорните слики,сигурно е тој,истиот хендлер беше)

,доста добри примероци на Кане Корсо,(победници беа од Србија,одгледувачница)..спремни дечки,со костуми дојдени,каков само став имаа во рингот упм...секоја чест....

Немаше боксери(освен едно младо боксерче во baby класата),имаше неколку мопсови,шар пеи....
Другите групи не ги видов добро,освен шарпланинците,по,по какви шарпланинци видов,мечки...секоја чест...
Ако не се лажам добија награда за најдобар пар...