Изложби на кучиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Doc Holliday
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Во оваа тема ќе постираме престојни изложби на кучиња, ќе постираме мислења за изложбите, судиите, кучињата итн...
Епа да почнеме :)

Престојни за месец март :
1. Балканско првенство за германски овчари, ќе се одржи на 25.03.2012 во Скопје, а е под организација на Македонски клуб за германски овчари.
2. CACIB ќе се одржи на 31.03.2012 во Битола под организација на Битолското кинолошко друштво.
Повеќе информации:
Место на одржување: Стадионот на АРМ - Битола

Судии:
-Сашо Пешев –Македонија - II ФЦИ група
-Перо Божиновски – Македонија – III и IX ФЦИ група
- Ratibor Cekić – Србија – IV, VI, VII, VIII и X ФЦИ група
- Sunčica Lazić - Србија – I и V ФЦИ група

Делегат на изложбата – Миле Алексоски

Цени:
до 15.03.2012 - Прво куче – 1.500,00 денари
- Второ куче – 1.200,00 денари
до 23.03.2012 - Прво куче – 1.800,00 денари
- Второ куче – 1.500,00 денари

Класи: Бебиња, Најмлади и Ветерани – 1.000,00 денари
Шарпланинци – 800,00 денари

Уплатата да се изврши на следната жиро сметка:290200000028365
Примач: Битолско кинолошко друштво
Банка на примачот: Тетекс – Кредитна банка
Целна дознака: CACIB Битола 2012
Информации: aronsamoyed@hotmail.com

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 23.03.2012
 
Сеа вака може е рано... али сепак јас накратко ќе ставам за изложбава во Велес што ќе биде...

Кинолошко друштво Вел-Канис од Велес ве поканува на изложба за сите раси на кучиња CAC Велес 22.04.2012
Повеќе информации за пријава може да превземете од следниот линк
http://www.mediafire.com/?dc2tjc8o1zjrfwo

Eве им ја и ФБ страната за оние што се заинтересирани :)
https://www.facebook.com/profile.php?id=100003470756017
 
интересна тема.
 
12-та Меѓународна изложба за сите раси на кучиња
CACIB Прилеп 2012
01.04.2012

Место на одржување:
Стадионот Могила (Паркот на влезот во Прилеп)

Судии:
-Сашо Пешев –Македонија - I, VII и X ФЦИ група
-Перо Божиновски – Македонија – Шарпланец (II FCI), IV, V, VI и VIII ФЦИ група
- Ratibor Cekić – Србија – III и IX ФЦИ група
- Sunčica Lazić - Србија – II ФЦИ група

Цени:
до 15.03.2012
- Прво куче – 1.500,00 денари
- Второ куче – 1.200,00 денари

до 23.03.2012
- Прво куче – 1.800,00 денари
- Второ куче – 1.500,00 денари

Класи:
Бебиња, Најмлади и Ветерани – 1.000,00 денари
Шарпланинци – 800,00 денари

Уплатата да се изврши на следната жиро сметка: 200001118824570
Примач: Кинолошко Друштво Прилеп
Банка на примачот: Стопанска Банка
Целна дознака: CACIB Прилеп 2012
 
Можете и да си кажете општо мислење за изложбите на кучиња, што мислите за изложбите, дали го носите вашето куче на изложби и сл.
Темава е општа тема за изложби, а не само за објавување на изложби, такада слободно искажете си го вашиот став околу изложбите.

Еве јас прва ќе пишам и ќе се обидам накусо да ви објаснам за која цел служат изложбите на кучиња...

Изложбите се наменети за отценување на расните кучиња, и изложбите придонесуваат за да се зачуваат квалитетите, генетиката и стандардот на една раса.
Секоја раса на куче си има свој стандард, и доколку кучето не ги исполнува стандардите на расата во која што припаѓа тогаш тоа куче нема да добие дозвола за да се пари.
Со забраната за парење на кучињата што отстапуваат од стандардот на расата се овозможува зачувувањето на стандардите на една раса.
Тоа е главната цел на изложбите, да се зачуваат стандардите на една раса и да не се дозволи да се парат кучиња што отстапуваат од стандардот на расата.

Е сега во Македонија е сосема друга ситуација, и повеќето луѓе всушност не ни имаат појма за која цел служат изложбите (погоре ја објаснив целта) и повеќето неинформирани луѓе во МК сметаат дека изложбите се наменети за собирање на трофеи и дека изложбите претставуваат манифестација на која што се собираат снобови кои што се курчат и фалат со нивните расни кучиња ... али тоа е, на неедуциран народ неможеш да му објасниш.

Ете затоа во МК ќе гледаме на секој ќош никакви и искубани Самоједи, Пекинезери кои што се генетски пореметени и агресивни и кои што воопшто не личат на вистински Пекинезери ... и ред други уништени и упропастени раси од несовесните сопственици.
 
Тотално се слагам со Lu погоре :)
Него, да прокоментирам за судиите на CACIB_от во Битола.
Перо Божиновски има доста знаење за расите, ама е многу срање човек. Зошто? Работи на принцип дај ми пари, на кучето не 5, 10 ќе му ставам. За другите незнам што да кажам :)
 
Абе да не оди утре некој на специјалката?
9 саат стадион на АРМ :)
Јас најверојатно одам,кој друг?
 
Абе да не оди утре некој на специјалката?
9 саат стадион на АРМ :)
Јас најверојатно одам,кој друг?

Јас утре ќе одам на викендица, али може ќе поминам на изложбата од 9 пред да одам на викендица.
 
Абе,знае некој каде и дали се одржа првенството?Бев јас таму немаше ни мртво куче,ништо,празно :confused:
 
dali nekoj go znae kalendarot na izlozbi za 2012 ???? pisete ako go znaete :**
 
Не знам дали прашањево е на вистинско место, ама сакам да го прашам следново:
чувам самојед-мажјак, без бедигре па ме интересираше дали можам да го однесам на оценување и дали можам да му извадам педигре доколку родителите негови немаат.
Доколку некој знае, би сакала да ме информира.
Благодарам однапред и поздрав :)
 
dali nekoj go znae kalendarot na izlozbi za 2012 ???? pisete ako go znaete :**

еве тука се сите изложби за 2012​
Јас ке надополнам на 9 септември ревијална изложба ќе има во КИЧЕВО​

--- надополнето: 12 јуни 2012 во 01:11 ---
Не знам дали прашањево е на вистинско место, ама сакам да го прашам следново:
чувам самојед-мажјак, без бедигре па ме интересираше дали можам да го однесам на оценување и дали можам да му извадам педигре доколку родителите негови немаат.
Доколку некој знае, би сакала да ме информира.
Благодарам однапред и поздрав :)

Неможеш
За педигре - родовник да му извадиш ти треба и мајката и таткото од кучето да имаат педигре,и да се оценети еднаш или вондредно или на изложба
Поздрав
 
Не знам дали прашањево е на вистинско место, ама сакам да го прашам следново:
чувам самојед-мажјак, без бедигре па ме интересираше дали можам да го однесам на оценување и дали можам да му извадам педигре доколку родителите негови немаат.
Доколку некој знае, би сакала да ме информира.
Благодарам однапред и поздрав :)
Педигре можеш да извадиш само ако родителите,бабите дедовците,пра бабите пра дедовците......итб имаат родовник,а без тој документ не можеш да му извадиш педигре.Мора да се знае потеклото на кучето барем три колена уназад.
И без педигре не можеш да го изнесеш на оценување :)
 
ПЕХАРИТЕ И МЕДАЛИТЕ ЗА РЕВИЈАЛНАТА ИЗЛОЖБА ВО КИЧЕВО
ПОВЕЛЕТЕ :)
 

Attachments

  • 557302_511095885572846_1096304426_n.jpg
    557302_511095885572846_1096304426_n.jpg
    255,6 KB · Прегледи: 14

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...

Недела од 5 јули 2025

Back
На врв Bottom