The Pirate Bay планира да ги сели серверите во Земјината орбита

  • Креатор на темата Креатор на темата Out of Order
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
The Pirate Bay знае навистина да размислува „out of the box“. „Пиратите“ сега имаат намера своите сервери да ги лансираат во Земјината орбита, каде што би биле надвор од ингеренциите на ФБИ и корпорациите кои со години сакаат да ги угаснат.



Со оглед на последните случувања и затворањето на Megaupload и сè поголемиот притисок на музичките и филмските организации на сервисите за размена на содржини, во The Pirate Bay се обидуваат да најдат решение кое би требало да ги спаси од постојаните притисоци на ФБИ.

Имено, своите сервери имаат намера да ги стават буквално над законот - во Земјината орбита и на својот блог објавија дека, благодарејќи на беспилотните летала со кои може да се управува преку GPS, со мали и моќни компјутери, како и моќната радиопрема, можно е да се испратат серверите неколку десетици километри во воздух.

Тие овие сервери ги нарекуваат нискоорбитни серверски станици, а ќе бидат сместени на 50 километри во Земјината орбита и би требало да пренесуваат податоци со брзина од 100 Mbps, а преку нив корисниците ќе се поврзат со сервери кои се наоѓаат на тајни локации.

Од The Pirate Bay напомнуваат дека доколку некој се обиде да ги угасне нивните сервери, ќе мора да ги нападне со авиони, што тие ќе го сметаат за објава на војна.

http://kajgana.com/pirate-bay-planira-da-gi-seli-serverite-vo-zemjinata-orbita
 
Абе јас и нив ќе ги лансирам сосе партали -.-
 
Колку е само агилна и брза во адаптира слободата на делење на културолошки придобивки, што бирократијата треба години и години да фати чекор.
Браво уште еднаш за нив и нивната инвентивност
 
Кога човек не дозволува да му го руши некој неговиот сон, стварно нема да му го руши.
 
Браво за момциве освен само напред друго ништо неможам да речам поготово за нивната инвестигивност :)
 
јас после би го сменал името во the pirate troll :pos: само тешко дека ќе успеат :)
 
Мене по се ми мириса дека ако успеат да го направат ова... ќе има војна :) Кај не се вкопале Американциве жити се, па сега овдека да не се вкопет?! O.o
 
Само во меѓувреме да не направат нови меѓународни законски регулативи во врска со ова.
Идејата инаку е необично прогресивна, барање различни начини за споделување на електронски податоци за кои претходно се плаќале пари.
Едноставно...интригантно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom