Жиранти

  • Креатор на темата Креатор на темата гринго
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.298
Поени од реакции
569
Локација
Овде
На што се обврзуваш ако потпишеш за жирант?
Пензионери мислам дека не може да бидат жиранти?
Дали ако си жирант, би имал некакви пречки за да земиш кредит или пак дали после одредено време (пр. после 1 година, а кредитот на 20 години) може да се замени жирант, да е друг?
Дали ако си жирант ќе може да ја напуштиш државава?
 
Ова последново најјако е не мора да да ја напуштиш државата само смени име презиме и нека те барааат и докажуваат дека си ти, така во Бугарија правеле :icon_lol:.
 
Посочи за каков кредит се интересираш. Потрошувачки, хипотекарен,ломбарден...
Доколку си жирант се обврзуваш да ги подмируваш обврските односно месечните рати на кредито-барателот доколку тој тоа не го подмирува, со прости зборови гарантираш за неговиот долг спрема банката.
Пензионерите не можат да бидат жиранти на долгорочните кредити.
Можеш да земиш кредит иако си жирант, зависно твоите примања, ти одговорив на друга тема кои предиспозиции треба да ги поседуваш.
Можеш да ја напуштиш секако, банките не можат да го регулираат твоето движење, но можат да го осиромашат твоето конто на сметката и имотот на твое име или на најблиската фамилија кое би ти припаднало како наследство.
 
Посочи за каков кредит се интересираш. Потрошувачки, хипотекарен,ломбарден...
Доколку си жирант се обврзуваш да ги подмируваш обврските односно месечните рати на кредито-барателот доколку тој тоа не го подмирува, со прости зборови гарантираш за неговиот долг спрема банката.

фала за одговорот ... не се интересирам за кредит, туку дали да бидам жирант или не ... не знам дали има некоја скриена обврска или ограничување ...

а што ако не можеш да ги подмируваш обврските како жирант на кредито-барателот?
--- надополнето: 16 март 2012 во 15:18 ---
Можеш да земиш кредит иако си жирант, зависно твоите примања, ти одговорив на друга тема кои предиспозиции треба да ги поседуваш.

еве што најдов ...

http://www.kapital.mk/mk/makedonija...dovnite_plakjachi_i_za_nivnite_zhiranti!.aspx
 
Гринго, жирант е лице кое одговара за кредито способноста на оној кој го зема кредитот. Значи ако јас земам кредит на 20 години, ти како мој жирант одговараш пред банката дека во случај ако неможам да го отплаќам ти ќе го одплатиш во мое име. Пензионер може но до 65 години мислам дека беше границата, кај нив се зависи од годините. Можеш да ја напуштиш државата кога сакаш ако си жирант. Можеш и да земеш кредит, но кредитните поени ти се намалуваат со оваа обврска која си ја презел. Но тоа се зависи од твоите примања.
Значи главен ризик е оној кој го зел кредитот недај боже да неможе да го плати, ти си втор на листата од каде ќе земат пари.
 
На што се обврзуваш ако потпишеш за жирант?
Пензионери мислам дека не може да бидат жиранти?
Дали ако си жирант, би имал некакви пречки за да земиш кредит или пак дали после одредено време (пр. после 1 година, а кредитот на 20 години) може да се замени жирант, да е друг?
Дали ако си жирант ќе може да ја напуштиш државава?

Пример: пишан си жирант кај другар ти. Ако тој не плаќа, задолжен си ТИ.
Тоа значи ако предметот од банката каде си пишан како жирант на должникот(да земеме пример), која откако ќе види дека не може да го наплати долгот од должникот а и од жирантот(после еден куп писма и опомени и тел.повици) ќе го завери платниот налог/предлогот за извршување на нотар и ќе го даде на извршител... Таму, од жирант на должникот те унапредуваат во `чин` заложен должник што значи ќе достават налози и на главниот должник и на заложниот должник(ци)...
Таму сте `рамноправни` во наплатата, така да ако не плаќа должникот ни банка, нема од што да му се наплати а кај тебе има од што(пари на сметка, имот, возило и сл.) останува се на твој терет, т.е. се зема од тој од каде што може да се земе.
Значи и да се договорите кај извршителот или кај банката да плаќате/враќате заедно, да се договорите на рати да враќате солидарно, пак ако нема од каде од него ќе ти земат од кај тебе...исто `се водите`.
Ти си гаранцијата.
Бај д веј беља работа...стрико Мек ја има осетено и видено на своја кожа...
 
фала за одговорот ... не се интересирам за кредит, туку дали да бидам жирант или не ... не знам дали има некоја скриена обврска или ограничување ...

а што ако не можеш да ги подмируваш обврските како жирант на кредито-барателот?
--- надополнето: 16 март 2012 во 15:18 ---


еве што најдов ...

http://www.kapital.mk/mk/makedonija...dovnite_plakjachi_i_za_nivnite_zhiranti!.aspx
Доколку не си кредито-способен не можеш да бидеш жирант. Затоа најпривелигирани жиранти на банките се администацијата во државните служби (професорите, војската, полицијата) кои се со решение за работа од кои банката има сигурна наплата.
 
Јас ако одлучам да бидам жирант на некој може ли со адвокат да потпишам дека ако тој не го враќа кредитот јас да му земам нешто на него за таа вредност.
На пр. ако станува збор за кредит во износ од 20.000 евра ако не дај боже дојде до тоа јас како жирант да му го враќам кредитот па јас да му ја земам куќата или станот, колата било што?
 
Тоа вие ќе си се договорите посебно за тоа на њотар :D
 
Јас ако одлучам да бидам жирант на некој може ли со адвокат да потпишам дека ако тој не го враќа кредитот јас да му земам нешто на него за таа вредност.
На пр. ако станува збор за кредит во износ од 20.000 евра ако не дај боже дојде до тоа јас како жирант да му го враќам кредитот па јас да му ја земам куќата или станот, колата било што?

Банката пред тебе ќе му го земе бидејќи сумава е хипотекарна :)
 
Банката пред тебе ќе му го земе бидејќи сумава е хипотекарна :)
и ако не се израмне долгот со тоа што ќе му земаат, идат по тебе алиен :icon_lol:
 
Legalen nacin da mu zeznes na nekogo zivotot.....:mad:
Ednas se ebav vaka i vise NIKAD.!!!!!
r09lvs.jpg
 
Ни жиранти барам, ниту планирам некому да бидам жирант!
Мирна глава!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom