И во Црна Гора само со лични карти

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
М

Мартин`

Гостин
Министрите за внатрешни работи на Република Македонија и на Црна Гора, Гордана Јанкулоска и Иван Брајовиќ, денеска потпишаа повеќе договори за заедничко работење на двете министерства меѓу кои најзначаен е Договорот за полициска соработка.

Македонија и Црна Гора се две пријателски држави кои немаат отворени прашања, а имаат многу заеднички интереси посебно кога станува збор за заедничката борба против корупцијата и криминалот, нагласи министерката Јанкулоска. Со Договорот за полициска соработка, подвлече Јанкулоска, ќе се овозможи поголема ефикасност при заедничките полициски операции и размената на информации кои се суштински за да бидеме успешни во борбата против криминалот.

Од големо значење, истакнаа Јанкулоска и Брајовиќ, се и потпишаните договори за соработка за време на туристичката сезона, за враќање на лица со незаконит престој и Протоколот за реадмисија.
Според црногорскиот министер Брајовиќ, со потпишување на договорите дополнително се потврдува досегашната исклучително добра соработка меѓу двете министерства за внатрешни работи.
- Договорот за полициска соработка е важен затоа што ја официјализира желбата за искоренување на сите видови криминал, рече Брајовиќ, и додаде оти оваа конференција што се одржува во Скопје покажува дека досега е направено многу, меѓу другото во насока на осовременување и контрола на граничните премини.

Македонскиот и црногорскиот министер за внатрешни работи, Јанкулоска и Брајовиќ, најавија дека во тек е подготовката на законот за патување во двете држави со лична карта и најверојатно веќе од оваа туристичка сезона македонските и црногорските граѓани ќе можат да ги поминуваат границите со лични карти. Инаку, во хотелот „Александар Палас“ денеска продолжува деветата Годишна министерска конференција за соработка на полето на граничната безбедност во Југоисточна Европа. Најавено е потпишување министерска декларација за соработка на полето на граничната безбедност 2012 година.

На дводневниот собир во Скопје учествуваат министрите за внатрешни работи на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, како и заменици-министри и високи функционери во МВР на Молдавија, Романија, Албанија, Чешка, претставници на ЕК, Еуропол, Фронтекс, челните луѓе на ДЦАФ, но и претставници на дипломатскиот кор во земјата од повеќе земји на ЕУ и од САД.
 
Тоа е причината што пред 15-тина минути цела Водњанска беше изолирана со максимално обезбедување и 30-тина оклопни* возила, значи.
На дводневниот собир во Скопје учествуваат министрите за внатрешни работи на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, како и заменици-министри и високи функционери во МВР на Молдавија, Романија, Албанија, Чешка, претставници на ЕК, Еуропол, Фронтекс, челните луѓе на ДЦАФ, но и претставници на дипломатскиот кор во земјата од повеќе земји на ЕУ и од САД.

поздрав до договорот за соработка, ама ова се само шпекулации додека да се изготват законите
Македонскиот и црногорскиот министер за внатрешни работи, Јанкулоска и Брајовиќ, најавија дека во тек е подготовката на законот за патување во двете држави со лична карта и најверојатно веќе од оваа туристичка сезона македонските и црногорските граѓани ќе можат да ги поминуваат границите со лични карти.
исто како и ова со бесплатното студирање во Словенија
Договорот со кој на Македоците им се нуди да студираат бесплатно во Словенија е од исклучително значење вели министерот за образование Тодоров. Но, договорот се уште не е потпишан иако ваквата одлука Словенечката Влада ја донела уште во декември.
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=28758
 
за да стигнеш до Црна Гора треба да поминеш низ Албанија или Косово а таму бараат пасоши така што нема некој голем ефект ова
 
за да стигнеш до Црна Гора треба да поминеш низ Албанија или Косово а таму бараат пасоши така што нема некој голем ефект ова

A можеш да одиш и преку Србија, за Србија не ти треба пасош. И за Албанија не ти треба.
Иако, не верувам дека некој нема пасош, но ако ти е итна работата, да мораш некаде ептен брзо да стигнеш, наместо да дадеш 5000 за пасош брза постапка (а и тој не го прават од денес за утре), одговара ова со личниве карти.
 
Добро е, барем на едно поле да направиме чекор напред.
 
Ептен привилегии ни прават балканциве бре аман аман..Уште Грција фали вакво нешто да напраи :cenzura:
 
од србија до токија со личне карте :):cool:
 
Одлично али Монте Нигро не е Монте Карло а баш Охрид сакаше да воведе данок на луксуз.фак
 
Е супер таман мене ми истекува во јуни, па не мора нов пасош да си вадам. Наместо пари за пасош ке си ставам бензин, личната карта во џеб и шибам за суто моренце.
Сигурно и за албанија не треба пасош?
 
за да стигнеш до Црна Гора треба да поминеш низ Албанија или Косово а таму бараат пасоши така што нема некој голем ефект ова
Мислам дека и со Албанија се направи ист ваков договор. Ќе побарам извор некој.

Да, извор
 
али косово е сега држава кај нив мора пасош ццц:mad:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom