Да му помогнеме на нашиот форумџија Димитар (Хуманитарна забава, 10.06.2012, Temple caffe)

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
Повеќе донирано отколку пишано на темава :icon_lol:.
 
Дечки повторно да ве потсетам дека бројчето на Т-Мобиле ќе биде во функција уште денес. Така да палете мобилните. Ready, steady, GO!
 
Повеќе донирано отколку пишано на темава :icon_lol:.

Грешка правите сите и тоа голема.

Ајде once for all да го објаснам овој феномен. Темава не е ставена за фалење кој колку донирал па демек ако пишал 100 пати дека донирал ќе му се креваат акциите. Не, многу погрешна замисла имате 90% од вас. Па и уште кога ќе ја видам онаа стандард реплика на овие темиве што се за хуманитарност „Јас донирав ама не пишав, зашто пишувате вие другите, ќе се фалиме сеа кој колку донирал..“ :facepalm::facepalm::facepalm: Кога и да донира некој нека пише, задолжително е, така темава повторно се враќа во нови теми при пребарувањето и се зголемува шансата што повеќе луѓе да ја видат ако ја испуштиле и да донираат. Така функционираат форумите и ваквите теми поставени за некаква цел.

Ајде сега идеме donate повторно (y)
 
Грешка правите сите и тоа голема.

Ајде once for all да го објаснам овој феномен. Темава не е ставена за фалење кој колку донирал па демек ако пишал 100 пати дека донирал ќе му се креваат акциите. Не, многу погрешна замисла имате 90% од вас. Па и уште кога ќе ја видам онаа стандард реплика на овие темиве што се за хуманитарност „Јас донирав ама не пишав, зашто пишувате вие другите, ќе се фалиме сеа кој колку донирал..“ :facepalm::facepalm::facepalm:

Воглавно не донирам за да помогнам некому туку да се чувствувам добро вака пред себеси колку добар сум човек и што ми е гајле за таму некој не го ни знам важно е пост да се брои под слика од аватар.

И многу сум популарен поради тоа :icon_lol:.
 
Мило ми е што се забавуваш на вакви теми. Фала за донацијата, а сега, ако може да ја заобиколиш темата и да си најдеш друга занимација.
 
Мило ми е што се забавуваш на вакви теми. Фала за донацијата, а сега, ако може да ја заобиколиш темата и да си најдеш друга занимација.

Не се забавувам на темата само укажувам на нечија човекова карактеристика, не е смешна не е забавна, ама постои и е реалност. Е сега човек кој што се чувствува така како што опишав погоре никогаш не би го признал тоа, а и останатите не би го воочиле тоа поради чувствителност на тема.
Не обвинувам никого конкретно ама си знае тој што ќе го прочита и се препознае во тоа.
 
Донирано, мислам дека веќе четврти пат.
 
Ајде и од мене... Нека се множат и понатаму :love:
 
Мене ми викат дека целта на хуманитарната акција е исполнета и не можит да се донират уште(n)
 
Мене ми викат дека целта на хуманитарната акција е исполнета и не можит да се донират уште(n)

На која мрежа?На Вип е уште активно, сега проверив :)
 
Да ми ве поздравам со омилената химна на џими.:)


Исто така да ви напоменам дека бројчињата за донации ќе бидат активни до кај 22 Мај ( Т-Мобиле) и 6 Јуни ( ВИП). Затоа ајде уште малку да се спрегнеме сите, за да му помогнеме на џими да си ги гледа Милан како земаат титула наредната година без никакво гајле. Можеме ние. Ајде:)

Епа толку дечки, уште денес може да се донира. Направивме многу, денес може да направиме уште нешто. Кој може денес нека донира на бројот од ВИП.
 
Донирано #6
--- надополнето: 6 јуни 2012 во 09:03 ---
Донирано и #7, за среќа :)
--- надополнето: 6 јуни 2012 во 09:06 ---
Море, донирано и #8, #9 и #10. Зошто 7-ца, кога може чиста 10-ка :)

Со лесно.(y)
 
И овде да пишам.
Значи се прави забава со цел да се соберат сретства за Џимеј. Се надевам дека ќе се собреме доста кајганџии, може да го сфатите и како неофицијална кајгана собиранка. Ве молам кој може да дојде барем на саат време.
Хуманитарна забава со цел собирање на финансиски средства за Димитар Димоски од Охрид, кој има 20 години и од 2005 година боледува од Кронова болест со фистулозни форми заради што повеќе пати е хируршки третиран.
http://www.facebook.com/events/323794441029258/
Кафичот е карши Mлечен (Тафталиџе/Капиштец), или карши ресторанчето Мома...

И пријавете дека доаѓате, мислам дека тоа ќе има ефект кон помасовно доаѓање.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom