Да му помогнеме на нашиот форумџија Димитар (Хуманитарна забава, 10.06.2012, Temple caffe)

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
Пишете ги само деталите тука и сменете наслов на тема, немаат сите ФБ :)
 
Добро бе, само јас не знам кај е млечен ресторан у Капиштец?! :eek:
 
Драги мои колеги форумџии. Поминаа повеќе од три месеци откако дознав за терапијата Инфликсимаб и нејзините ефекти кои ја докажале како најсилната и најдобрата терапија досега измислена за Корновата болест. Веќе 7 години се мачам со оваа досадна болест, и сега кога веќе конечно медицината напредува до степен да се измисли лек за болеста, мене ми даде надеж дека конечно ќе можам да се збогувам со неа. Можеби за кратко, можеби за 50 години, можеби засекогаш.

Поради тоа што беше неопходно да се започне со лекувањето најбрзо што може, јас веќе започнав со тоа и веќе се осеќам подобро и верувам, имам некое позитивно чувство дека се ќе заврши во најдобар ред и планирам да чкрапам низ форумов уште години.

Реакциите на кои наидов од форумџиите тука, на фејсбук, во живо и општо сегде низ интернет просторов изнудија убави измешани чувства кои ме натераа да заплачам од среќа.
Секогаш кога ќе прочитав убав коментар, желба и искрена помисла, се осеќав некако вака:
MMH35.gif


Ви благодарам на сите Вас, на сите кои постираа, донираа, на сите кои споделија или барем помислиле на мене и ми посакале добро здравје. (и на срцињата од Интер, Милан и Јувентус:icon_lol:) Бескрајно благодарен сум. Акцијата е успешно завршена.

You made this guy truly happy.

 
Драг Димитар на сите форумџии ни е драго што си добар. Ти посакуваме успешна битка и уште долги години да ни бидеш жив и здрав. Ти си мало ангелче на кого му ја посакуваме целата среќа на светот, бидејќи ја заслужуваш.
Те сакаме и ние :love:
 
Само така продолжи мајсторе со позитивни мисли и се ќе биде во ред.Нареден пат кога ќе пишеш на темава искрено се надевам дека твојот проблем ќе биде комплетно решен.
 
Џимеј, баш ме израдува тоа што ја сподели својата среќа со нас. Ти посакувам што поскоро засекогаш да ја куртулиш оваа болест, да продужиш да пишуваш позитивно тука, да не` радуваш сите нас. Stay well lad:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom