Најубав одмор во животот

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848
Локација
Скопје
Раскажете ни повеќе околу вашиот најубав одмор во животот.

Каде сте биле, со кого, што се случувало, кога било тоа итн.....
 
Прв пат настрана од соседиве, со дечкото во мајами, флорида. Се изнафрлавме пари, ама дефинитивно најубав одмор во животот !
Да не ги заборавам и beach parties, и романтичните вечери. :$
 
Бразил во Рио де Жанеиро, неповторливо и незаборавно, кога ќе стапнете на Копакабана јасно ви е зш повеќето девојки од Викторија сикрет се од Бразил. :love:
 
Мајами и Рио..не е лошо за МК стандард..ајде чекам следни..предност имаат тие што биле на Бали,Сејшели и Кокосови острови...

Па сподели слики штом си бил во Рио. :D
 
Најубав одмор кога ме ставија мене и сестра ми во багажник да се клацкаме од Велес до Струга во 2001ва заедно со 3 лубеници, самиот пат беше доживљај да е жив и здрав Нисанот успеа да не' однесе и да не' врати осум души.
 
Најубав одмор... пфф.. дефинитивно Бугарија..
Имав околу 9 год мислам.. и се осеќав ко Алиса у земјата на чудата... се ми беше дозволено да купам и да побарам, затоа шо се беше џабе :D и така пола Бугарија ја изнакупивме и ја стаивме во реното :D колко шо се можеше нормално.. и на враќање таман кафе пауза излегоа да направат мајка ми и вујко ми... јас останав колата да ја чувам... и дете ко дете.. ми се приоди во вц.. си ја оставив вратата отворена од реното и кога се вратив ... :D некој си познал нешто ваљда па се си собрал :tapp: :pos:
 
Бев на Хаваи 7 дена летово,топ си поминав,рај на земјата.Инаку бев на Оаху,Хонолулу сместен на 5 мин. од Ваикики бич.
 
Немам отидено на одмор од коа памтам за себе, едино екскуризија некоја додека бев школарец :D
 
Најубав одмор... пфф.. дефинитивно Бугарија..
Имав околу 9 год мислам.. и се осеќав ко Алиса у земјата на чудата... се ми беше дозволено да купам и да побарам, затоа шо се беше џабе :D и така пола Бугарија ја изнакупивме и ја стаивме во реното :D колко шо се можеше нормално.. и на враќање таман кафе пауза излегоа да направат мајка ми и вујко ми... јас останав колата да ја чувам... и дете ко дете.. ми се приоди во вц.. си ја оставив вратата отворена од реното и кога се вратив ... :D некој си познал нешто ваљда па се си собрал :tapp: :pos:

Ееее на времето кога се се' купуваше во Болгарија за две червени.
 
Најубав одмор....Се знае лани,лето господово 2011год во Бугарија,Сончев Брег со уште 2 другари ...
Лудница....
Бевме 11 дена и секој ден своја приказна за себе...
Ако почнам да раскажувам за секој ден посебно ќе нема место за другите :D
Али моментот кој во мислите ќе ми остане како полумутно сеќавање(заради мометалната состојба) Пеењето песни за Вардар и незнам од кај се собраа толпа луѓе околу нас.Не оти знаеа за што пееме интересно им беше.Им париравме на германците и англичаните кој скоро секоја ноќ го правеа ова :DМораше да им се даде до знаеење кој сме и што сме на западњачките го.еда :) И морав на една кинескиња и швеЏанка да им подарам по еден дрес од вардар и македонија во знак на благодарност што не подржаа
 
Еден не можам да издвојам, ама топ 5 ми се Кушадаси, Албена/Варна, Крф, Дубровник и Будва.
Тапа ми е да пишувам што сум правел, зошто сите знаеме што се прави на одмор, така да ќе го рипнам тој дел.
А годинава се надевам на Непал, само здравје пред се. Егзотичните острови ги чувам за после 50тата кога ќе уживам на раат без деца, но со млада швалерка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom