S
Shellshock nam67
Гостин

,,Македонското прашање" како завереничка концепција на историјата не се симнува од дневнополитичката светска сцена веќе 2.500 години, реметејќи ги меѓународните односи на овој многу чувствителен простор од Европа. Затоа треба да се согледа историската вистина за ав-тохтоноста на македонскиот народ, неговиот национален идентитет и континуитет, вистината за Македонците и спротивставувањето на историските злоупотреби на македонското прашање. Меѓу другото, посебен простор треба е да се посвети на придонесот на античка Македонија и воопшто на Македонија во светската цивилизација и на нужноста од корекција на искривената слика за хиеархијата на изворните европски духовни вредности.
Од секогаш балканските народи ги разделувала и спојувала заедничката нишка на големо-то културно наследство, кое со векови било расадник на европската и светската цивилизација. Во таа насока Македонија одиграла значајна улога во вековните процеси на Балканот и пошироко. Меѓутоа, таквото богато наследство често и неслучајно било крадено, негирано или препишувано од некои други народи.
Македонците се родени и живеат од искона на овие простори кои во минатото биле средиште на цивилизираниот свет. Тука никнале култури, се родиле великани со значење не само за историјата на европската култура, туку и за човештвото. Тие ја разбудиле свеста кај новите генерации. Тоа што се одиграло на овие простори, не може да се спореди со ништо во кој било дел од светот, ниту во кој било период (Томсон,1954 година).
Во еден долг период на владеење, кралевите на античките македонски династии, Аргеади и Антигониди, од Пердика И (околу 700 години пред Христа) до последниот македонски крал Персеј (179 - 168), владееле околу 25 кралеви. Меѓутоа, во ова пригода ќе стане збор за историскиот придонес на античка Македонија во периодот на најголемиот од сите големи македонски кралеви Александар ИИИ Македонски (Велики) (336-323), синот на големиот Филип ИИ Македонски (359-336).
Во оваа пригода ќе истакнеме дека Филип ИИ Македонски во текот на своето владеење од 24 години, создал многу модерна држава. Најпрво тој склучил спогодба за ,,Општ земен мир" и сојузништво меѓу Македонија и Елада, а исто и меѓу полисите меѓусебно, со што престанале постојаните меѓусебни војни. Меѓу другото, кралот Филип станал врховен воен и политички водач. Во историјата, неговите дела се грандиозни. Тој пред се ја изградил моќната античка Македонија; со сила ги смирил Елините и зад себе го оставил достојниот наследник Александар ИИИ Македонски (Велики), чија слава не ја помрачи славата на неговиот исто така голем татко
По победата на Македонија над силите на Атинскиот сојуз кај крвавата за Елините - Хајронеја (Хиронеја) (338 пред Христа.), воспоставена е македонска политичка и воена хегемонија над цела Елада. Иако македонскиот крал Филип бил странец (варвар), овој настан придонел во обединувањето на полисите, но и губење на нивната автономија.
По прераната смрт на кралот Филип ИИ, на престолот застанал неговиот дваесетгодишен син, законски наследник на македонскиот престол, Александар ИИИ Велики - Македонски. Александар е роден во Пела, во македонската престолнина, во 356 година пред Христа, во месец мај или јули, по македонскиот календар. Имал само 20 години кога стапил на престолот, а веќе распола-гал со воено и политичко искуство. Учителот кој му дал образование на кралот над кралевите, Ве-ликиот Александар, и ги удрил темелите на современата филозофија и науката за светот, бил филозофот Аристотел, исто така Македонец од Халкидика. Таткото на Аристотел, Никомах бил личен лекар и пријател на македонските кралеви Аминта и Филип ИИ. Аристотеловата Кралска школа во Македонија, била формирана во Миеза, во близина на Пела, меѓу Бероја и Едеса-Воден. Тука постојат пештери со убави сталактити и сталагмити, густи шуми и богати извори на кристална вода, под свежите падини на Вермион - Каракамен Планина, (Папазоглу, 1957, стр.21) т.е. во древната Аига.
Меѓу учениците на таа школа, покрај Александар, биле и неговите врсници: Птоломеј од Еордеја, Кратер и Пердика од Орестида, Хефестион, Харпат, синовите на регентот Антипатер Парсија, Атал и Андроменеј од Тимфаја, Пантал и Милеј од Бероја, Неарх, Еригеј, потоа синот на Перминион Филот, Леорат и други синови на македонската аристократија, кои како млади команданти одиграле значајна улога во организацијата на царството на Александар.
Во текот на краткото, но многу успешно и плодно двегодишно образование и воспитна работа, Аристотел ги подготвил своите ученици за големи и одговорни задачи, за дела кои ќе го променат класичниот свет. Според Дурант (1990), ,,Александар за еден дел од својата сила и величина, треба да му заблагодари на својот учител, „најсилниот синтетички мислител што го познава историјата на духот; понатаму, дека двете победи на поредокот и тоа, победата на Александар во воено-политичката област и учителовата во филозофската, се само две различни страни на еден ист благороден и драмски план, двајца извонредни Македонци да извршат обединување на хаотичниот свет на антиката".
Нередите кои настанале во Елада, непосредно по инаугурацијата на младиот крал, заради ослободување од македонскиот јарем, биле задушени со молскавична интервенција на младиот крал. Со ова е воспоставен ред во земјата, а на Коринтскиот собор, во есента 336 година пред Христа, Александар, како и претходно неговиот татко Филип, бил избран за главен командант-им-ператор во походот против Персија. Негова главна и непосредна преокупација била да ја обезбеди својата позадина, т.е. северната и западната страна на државата. Заради тоа, во пролетта 335 година пред Христа, почнал со војни против Трибалите и Гетите на север и Илирите на запад, со што го зазел целиот Балкан и ги проширил границите на својата држава од Дунав до Дрина, и од Јадран до Црното Море. Неговото отсуство го искористила окупираната Елада. Со богата парична и материјална помош на Персија, преку Демостен и Атина и лажната пропаганда дека македонскиот крал загинал, во Теба и околината било дигнато востание. Меѓутоа, во есента истата година, со молскавичен напад на Македонците, востанието било задушено. За да се обезбеди од понатамошни нереди во Елада и да ја зацврсти својата држава уште повеќе, Александар поставил силни стражи на клучни места во воените гарнизони во Теба, Коринт и Еубеја. Управата над Македонија и Елада му ја поверил на својот пријател и познат војсководец Антипатер.
Со битката кај Хајронеја (Херонеја) и задушувањето на двете последователни востанија, во Елада, нејзината самостојност била запечатена. Коринтскиот сојуз и ,,Општиот земен мир“ станале политички инструменти во интерес на Македонија. Добро организираната, високо дисциплинирана, обучена и одлично опремена модерна армија, станала гарант за соборување на Персиската империја. Во тоа придонеле уште: новата воена доктрина, прекалените и искусни млади официри и големите извори за снабдување на војската и населението.
Со Александровиот поход и освојувањата на новите простори, дошло до големи промени во историјата на човештвото. Во светот и кај нас постојат голем број библиографии кои ја анализираат и вреднуваат улогата на Александар Македонски и Македонија во цивилизацијата на ИВ и подоцнешните векови во историјата.
Во воена смисла, се истакнува дека Александар како војсководец бил таков гениј како никој друг во историјата. Се изнесуваат неговите лични особини, натпросечната интелегенција, големото другарство, храброста, дисциплината и др. За способноста за проценка, организација, одлучување, командување, тактика, стратегија, маневри, користење комбинирани дејства, вове-дување герилско војување, етапен систем, позадинско снабдување и обезбедување итн., заради заштита на својата огромна империја.
Во државен поглед, се укажува на неговите доблести во законодавството и други правни форми на управување и контрола на империјата по пат на воена и цивилна администрација. Во реализацијата на идејата за единствено царство и свет, т.е. глобализација, позитивно се оценуваат неговите настојувања за создавање мостови на соработка меѓу народите на Европа, Азија и Африка.
На стопанско поле, Александар со интензивна изградба на градови и разни центри, извршил колонизација на Азија и Африка. Плутарх (Ц, 5) наведува дека имало околу 70 градови со име Александрија. Во овие градови се доселиле колонисти од Македонија, Елада и Мала Азија. Тие станале центри на власта за производство, трговија, комуникација, култура и друго.
Александрија во Египет е најубав таков пример. Го наведуваме интересниот опис од класичниот римски писател Полио (ИИ, 31) од И век пред Христа кој го расветлува александровиот однос кон подигнување нови градови. Имено, кога Александар го прашал прочуениот архитект Динокрит, кој е тој, го добил следниот одговор: ,,Архитект сум, Динокрит, Македонец, и ти ги носам плановите и нацртите достојни на твојата слава". Кога Александар ги погледнал плановите рекол: ,,Сакам ти да останеш покрај мене, зашто ќе се послужам со твојата работа“. Оттогаш Динокрит не го оставал кралот, туку го следел во Египет. Кога Александар го видел сигурното и прекрасно пристаниште, житородните полиња низ цел Египет и благодетите на големиот Нил, му заповедал на Динокрит да основа град со неговото име, Александрија.
Реалноста на кралското планирање се согледува и во тоа што Александрија дури и во римскиот период останала светски центар на стопанството и културата меѓу Гибралтар и Индија, Црно Море и Етиопија. Монументалниот и прекрасен Александриски светилник секогаш бил доказ за таа величина. Тој е наречен седмо светско чудо кое го изградиле владетелите од македонската египетска династија на Птоломеј, во ИИИ век пред Христа. Тој бил сместен во Александија на островот Фар. Тоа бил светилник „прататко на сите светилници“, а бил висок 110м. Светилникот имал еден вид „лифт“ за доставување гориво до неговиот врв. Неговиот пламен можел да се види и од 60 км оддалеченост. За жал, светилникот е урнат од земјотресот во 1307 година по Христа по 1600 години опстанок и функција.
Александровиот музеј и библиотеката биле Александрова идеја за култивизирање на науката (Њилкен, 1988, 329). За време на Птоломеј изграден е величествен Музеј, по примерот на Аристотеловата школа во Македонија и Атина, во ранг на „Кралска македонска академија“. Во оваа институција, на учителите и студентите, како и на истражувачите, им биле обезбедени сите средства за живот и работа за сметка на кралот. Најугледна личност на културните кругови, библиотекар и член на музејот бил Калимах (310 - 235), син на Бат од Кирена, далечен потомок на Минијците од Хипербореја на Дунав. Калимах бил повикан од кралот Птоломеј Филаделф, на кого му бил личен поет, да биде управник на Музејот (260 - 235). Тој му бил учител на Аристо-фан од Бизант, прочуен критичар и книжевник, на Аполодор Родски и многу други. Калимах се смета за автор на првиот библиотекарски каталог под името „Пинакес“ (список) од 120 томови. Тој силно ја унапредил критиката, историјата на книжевноста, граматиката и лексикографијата. Напишал уште 800 книги во стихови и проза, од кои се сочувани околу шест химни и 63 епиграми. Опусот на Калимах го сочинува почетокот на александровата литературна историја.
Библиотеката која е изградена околу 294 година пред Христа. во склоп на Музејот, одиграла големо значење во развојот на македонската и светската кутура и цивилизација. Оваа најпозната античка библиотека имала уште во 250 година пред Христа фонд од 500000 ракописи, за во времето на Цезар да достигне 700000. Со ова Александрија навистина станала најважен светски научен центар, привлечен за интелектуалците и од најдалечните земји. Во нејзината гимназија се изучувал александровиот македонски јазик, а на тој јазик е преведен Стариот завет од јудејски, од страна на 70 научници за време на Птоломеј ИИ. Овој значаен цивилизаторски превод официјално има два назива и тоа александриски, бидејќи е направен во Александрија и сеп-туагинта по бројот на преведувачите. Според преданието, секој од седумдесетмината морал да работи потполно независно од останатите. Сепак, на крајот, сите преводи биле идентични, што се толкува со општата инспирација од Светиот дух кој се излеал на Евреите кои ја извршиле работата. И како што Александар тежнеел кон создавање единствен глобален свет, така исто и во религиски поглед во Македонско-египетското кралство се родила идејата за создавање единствена монотеистичка христијанска религија и нови облици на религиска свест, што е понатамошен прилог на Македонците во светската цивилизација.
Во Александриската библиотека е извршен и превод на будистичките канони на кинески јазик. Покрај тоа, таа влијаела на формирање библиотеки во будистичките центри во Индија. Овој моќен културен центар ги привлекол најмоќните мислители на тогашниот свет, како славниот математичар и оснивач на геометријата, Еуклид, математичарот Архимед, географот, историчар-от, филозофот и хроничарот Ератостен (285-205), астрономот Аристарх и други бројни медицинари и културни работници.
Библиотеката е запалена во ВИИ век по Христа од страна на арапскиот Халиф Омар, кој рекол: ,,Она што им е потребно на луѓето да знаат, тоа е напишано во Куранот, а што не е напишано во Куранот, тоа не им е ни потребно на луѓето да го знаат". И покрај тоа, многу документи биле сочувани и подоцна се преведувани. И денес, по толку векови, во почетокот на овој милениум, во 2002 година, завршени се работите и повторно е отворена Новата Александриска библиотека во Египет, чиј спонзор е УНЕСКО, а чинела повеќе од 200 милиони долари. Зградата со 11 ката изградена е таму каде што порано била Македонската александриска библиотека и станала симбол на целокупното светско знаење и уште еднаш го потсетила светот дека Македонците и под Птоломеите биле оние кои ги создале темелите на денеш-ната цивилизација. Денешната библиотека е институција на информатичката епоха со околу осум милиони книги, 300 читални и конференциски амфитеатар за 3500 учесници, ќе служи, како и во време на Македонскиот комонвелт, на целата светска култура и наука.
На финансиски план, Александар Велики прв во светот вовел централизација на финансиското работење, со база во Пела, Еквабатан, а потоа во Бабилон. Надвор од Македонија, на чело на овој ресор е ставен Харпал, кој ја држел финансиската администрација, собирал порези и такси и раководел со империјалниот трезор. Покрај тоа, воведен е монетарен систем и кралска валута од ковани златни и сребрени пари.
Паралелно со ова, создадена е и нова економска политика со развојот на трговијата, копнениот, речниот и поморскиот сообраќај. Со преземените мерки ставен е крај на гусарството, кое со векови беснеело на Медитеранот, за што многу пластично сведочи Тукидид. Воден од идеите на својот голем учител Аристотел и опкружен со одлични соработници, Александар ја развил истражувачката и научна работа во природните науки. Со цел да се истражува флората и фауната, пратил големи истражувачки екипи на Кавказ, на Каспискотот Море, во Персискиот Залив, Црвеното Море, водопадите на Нил и друго. Резултатите од истражувањата направиле вистинска револуција во зоологијата, фитологијата, географијата, физиката, математиката, астрономијата, метеорологијата, геологијата, архитектурата, медицината, фитотерапијата и др.
На полето на културата направени се единствени чекори во религијата, филозофијата, историографијата, филологијата, реториката, поезијата, музиката, сликарството, вајарството и други форми на интелектуалниот и уметничкиот живот.
Многу идеи кои ги поттикнал Александар, остварени се во текот на неговиот краток живот или се реализирани од неговите наследници, додека другите се актуелизирани дури и од римските императори. Така, почитувајќи ги неговите услуги, Римјаните му ја дале почесната титула „Велики“ (Магнус), кој назив му останал се до денес.
Од страна на историографите, а врз основа на историскиот придонес, на Александар Македонски му е дадено првото место, затоа кај многу народи Александар Македонски ста-нал легенда. Од друга страна, пак, Александар Велики - Македонски достојно му се оддолжил на својот народ на тој начин што големиот син на една мала балканска земја, на вреден и горд народ, сторил името Македонија да стане познато и почитувано во целиот свет низ сите историски периоди до денес.