Здраво на сите. Се викам Вера и по седум години поминати навака-натака се вратив да живеам во моето родно Скопје. Оттаму и моето доцно приклучување кон форумов 
Е сега, одамна имам желба да организирам народна кујна во Скопје.
Знам дека веќе постојат неколку, но сите се врзани за различни владини институции и/или невладини и религиозни организации - и секоја чест на оние кои добронамерно учествуваат во нив - но јас не би сакала да се инволвирам во истите. Прво, затоа што сметам дека по принцип исклучуваат дел од граѓаните, и второ, затоа што имам впечаток дека често ја инструментализираат човечката хуманост за нивни цели.
Значи, би започнала со реализацијата на една таква народна кујна со сопствени средства (време, пари, материјали), кои не се посебно големи, но се надевам се доволни за почеток, на пример, да се организира барем еден оброк неделно.Доколку понатаму постои можност за повеќе, уште подобро!
Пишувам тука за да ја прашам форумџиската заедница дали некој е заинтересиран за учество во нешто од овој тип. Секаква помош би била добредојдена добредојдена, било да се идеи за изнајмување на некаков простор за поевтино, за начини да се популаризира местото кај оние на кои им е најпотребно, еден саат од вашето време, една конзерва, сто денари...
Однапред благодарам на одговорите!
Позз,
В.