JASMIN
Шехерезада
- Член од
- 10 април 2006
- Мислења
- 480
- Поени од реакции
- 19
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]СЕНЗАЦИОНАЛНО ОТКРИТИЕ НА ДВАЈЦА МАКЕДОНСКИ НАУЧНИЦИ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Писмо и текст на македонски стари 2.200 години[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Академик Томе Бошевски и проф. д-р Аристотел Тентов го дешифрираа мистериозниот среден текст од "Каменот од Розета"[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Двајца македонски научници по неколкугодишни истражувања го дешифрираа средниот текст од "Каменот од Розета" кој е 200 години е мистерија за светската наука. Академик Томе Бошевски од МАНУ и проф. д-р Аристотел Тентов од Институтот за компјутерска техника и информатика на Електро-техничкиот факултет во Скопје неодамна го дешифрираа мистериозниот текст, а нивната книга "По трагите на писмото и јазикот на античките Македонци" ќе биде промовирана на 29 јуни во МАНУ.
Пред 207 години во Египет е најден камен со три писма од пред 2.200 години: со египетски хиероглифи, со непознато писмо во средината наречено демотско и со старогрчко писмо. Каменот е наречен "Каменот од Розета", според местото Розета (Ел-Рашид). Текстот од старогрчки е преведен наскоро по откривањето, а врз основа на него се дешифрирани хиероглифите од францускиот ориентолог Жан Франсоа Шамполион во 1822 година.
Според Бошевски и Тентов, средниот текст е на македонски јазик со запрепастувачка сличност до идентичност на одделни зборови со сегашните македонски говори и дијалекти, судејќи според приложените 167 зборови. Писмото е слоговно од типот согласка-самогласка. Идентификувани се 25 согласки и 8 самогласки. Основните знаци (согласките) се наоѓаат во по 8 положби и, во зависност од позицијата, односно аголот под кој се наоѓаат, се чита слогот со изговор на самогласката, како еден вид јотовање во старословескиот јазик. Често се употребува предлогот "на" и сврзникот "и", а множина се прави со додавање на "и" на крајот од зборот, како, впрочем, и денес.
Средниот текст, всушност, бил оригиналот од кој описно се преводите на старогрчки и на староегипетски. Македонскиот текст не се совпаѓа буквално со другите два текста. Никој во светот не успеа 207 години да го дешифрира средниот текст оти сите поаѓаат во таканареченото озвучување на зборот според јазиците во употреба на египетското подрачје. Двајцата истражувачи тргнаа од претпоставката дека јазикот бил македонски, односно од балканскиот ареал. Основа за таков пристап е фактот што со Египет владееле македонски династии цели 302 години: Македонска династија со фараони Александар Македонски, брат му Филип Аридеј и Александар Четврти (од 323 до 304 г. пр. н. е. ) и Птоломеиди (до последната македонска принцеза Клеопатра Седма (3 0 г. пр. н.е.). Текстот е пишуван како декрет на Птоломеј Петти Епифан Евхаристос од 27 март 196 г. пр. н.е. Најдени се уште два камена пишувани по Каменот од Розета. Во декретот се наведени местата каде да се постават камењата со текстот. Според преводот, во македонскиот текст Египјаните се запишани како Аѓупци, Македонците како Живи господари, а Грците како Данајци. Еве некои зборови: наше име, најнаше име, деца, децана, деца мои, божен, најбожен, господар, господари, же(и)во, бога, бога нашион, на нашево бога Sе (Светлина, Sевс?), на бога се деца, налеа (статуа налеана), надеж', тој, мој, мо (јас), мои, вои (вие), ј'ви (јави), б'де (да биде), најзе (нејзе), дивејеи (се диви, восхитува), ата (татко на старословенски) итн.
Спасе Шуплиновски [/FONT]