Концерт на Раде Шербеџија во Скопје - 17.03.2012

Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Најголемиот шармер од овие простори, поет, шансониер и актер со холивудска слава, големиот Раде Шербеџија, на 17-ти март повторно доаѓа во Скопје за ексклузивен интимен концерт во Универзалната Сала, придружуван од „Западни колодвор бенд“ од Загреб.

koncert-na-rade-sherbedzija-vo-skopje-74866.jpg


- Ни претставува огромна чест што веднаш по премиерата на филмот на Анџелина Џоли во Белград „Во земјата на крвта и медот“ каде тој ја игра главната улога, Раде Шербеџија ќе се дружи со своите пријатели и обожаватели во Македонија. Концертот на 17-ти март ќе биде неповторлива ноќ, приказна исполнета со многу љубов и изненадувања, премиера што ќе нема реприза. Ова ќе биде вистинско уживање во музиката на Раде, а интимната атмосфера ќе биде надополнета со неговите рецитали кои ќе допрат до секој присутен во публиката - изјавуваат организаторите на концертот Нова Икс Идеја.
На концертот, Шербеџија ќе го придружуваат петте врвни музичари кои го сочинуваат „Западни колодворни бенд“, меѓу кои е и неговиот син Данило, со кои тој одржа неколку концерти низ Европа и на Балканот. Покрај неговите„Не дај се Инес“, „Барбара“, новата „Панонске трешње“, со огромно задоволство, како што самиот тој кажува, ќе испее и неколку македонски песни. Влезниците за овој неповторлив концерт се во ограничен број, а можат да се набават по цена од 800 денари во Југотон, Тобако Тугедер салоните, цвеќарница Розе Веро 2, Камарад Рамстор и на касата на Универзална Сала.
Во моментов, освен со главната улога во филмот на Анџелина Џоли, Шербеџија е актуелен и како режисер на филмот поддржан од македонскиот филмски фонд „Ослободувањето на Скопје“, но и по улогата во филмот на Дарко Митревски „Трето полувреме“ каде го глуми таткото на главната хероина која ја игра Катарина Ивановска. Неговата автобиографска книга „До последен здив“ во која зборува за неговиот живот, театарот, пријателите, неговите ставови и мисли за животот и случувањата кои биле пресудни за неговата кариера, беше една од најпродаваните на овие простори во 2010-та година.
Последно гостување во Македонија на Раде Шербеџија беше минатата година кога ги изведе стиховите од песната „Крушево“ на отворањето на спомен куќата на нашиот Тоше Проески во Крушево.

Извор Кајгана
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom