Поп Ацев: Пливам за Македонија, а сам си плаќам влезница за базен!

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Возраст
33
Локација
Пустец
Нашиот најдобар пливач во маратонско пливање и трето пласиран на светската „Grand Prix“ листа, Евгениј Поп Ацев оставен сам на себе во обезбедувањето средства за настапите на маратоните ширум светот.


Спортист од меѓународна категорија според системот за вреднување на спортисти од страна на Агенцијата за млади и спорт, добитник на 13 ноемвриска награда на Град Скопје, вториот пливач од Македонија кој по возобновувањето на охрисдксиот пливачки маратон успеал да се закити со медал, завршувајќи како третопласиран на минатогодинешното издание на овој маратон, преку 100 пехари и 300 медали и одликувања....

Тоа се дел од достигнувањата на нашиот репрезентативец Евгениј Поп Ацев, чиј татко Сашо помалку на смеа вели дека за да ги добиете овие награди и признанија прво треба да отидете до таму каде што се одржува маратонот, а дури потоа да се борите за место на пиедестелот. Евгениј кого покрај останатите маратони од светската „Grand Prix“ серија и светскиот куп, ова лето го очекуваат и квалификации за ОИ во Лондон.

Но средствата кои се потрбни за да се издржи една сезона во таков ритам воопшто не се мали, а по се изгледа семејството Поп Ацеви е оставено само на себе во таа потрага и обезбедување на средства. По малку воздржано, по утринскиот тренинг на кафе муабет за Курир ги сподели своите досегашни искуства, но и проблемите на кои наидува во својата кариера.

-Сакам најнапред да им се заблагодарам на сите оние кои до сега на било каков начин ме помагаа, но сепак морам да ви признаам најискрено дека помалку ми е незгодно кога настапувам по маратоните ширум светот, како на пример сега во Аргентина (Розарио-Санта Фе-Виедма-Парана) и кога ги гледам како се облечени останатите натпреварувачи во опрема на која стои името на земјата од каде доаѓаат, а јас сепак морам да рекламирам фирми кои ме помагаат на еден или друг начин, но од друга страна немам друг избор.



Со Петар Стојчев од Бугарија имаме навистина одлична соработка и навистина многу ми помага, па ако ви кажам за споредба колку лични спонзори има тој и колку средства добива од државата во споредба со мене нема да ви се верува, а сепак тој е прв на ранг листата во „Grand Prix“, а јас сум трет. Јас навистина станав спортист од меѓународна категорија согласно вреднувањата од АМС и јас сум благодарен за тоа, но тоа го заслужив со своите настапи и сега очекувам таа стипендија да ми се обнови бидејќи и го подобрив својот претходен пласман од 6-то на 3-то место на светската ранг листа, но од друга страна пак е неверојатно да плаќам по 240 денари дневно за базен, а морам да тренирам секој ден, да не зборуваме за дополнителна исхрана и препарати кои се неопходни за и околу тренанжниот процес...

... Навистина помалку смешно звучи, но јас таа стипендија од АМС месечно ја трошам за карта за базен и паркинг пред базенот. Сепак, како и секој друг спортист јас сум оптимист дека ќе успееме да го решиме овој статус, да заокружиме еден буџет со кој јас ќе можам без проблем да настапувам и да немаме главоболки, посебно мојот татко, пред секој маратон како да обезбедиме средства за да учествуваме таму, а јас пак ќе потенцирам дека таму пливам како Македонец и ја претставувам Македонија и сум посебно горд на тоа.“

Инаку како што напомена и самиот Евгениј тој веќе ја започна својата „Grand Prix“ серија годинава од Аргентина и сега го очекува маратонот во Италија на 17-ти јуни (Капри-Неапол), потоа Канада (Сент Жен 26-28.07, Магог 05.08), Србија (Шабац 05.08), Македонија (Охрид 12.08), Кина (Хонг Конг 07.10) и можеби еден од најсилните годинава, веројатно и негова најголема желба, тоа се квалификациите за ОИ во Лондон кои ќе се одржат во Сетубал, Португалија на 10-ти јуни каде што во огромна конкуренција само 10 натпреварувачи ќе обезбедат пласман на летните олимписки игри во Лондон.


Извор: Курир.мк


Чисто ме интересира, дали и после читањето на текстов ќе паламудите кога државата ќе речи да награди некој спортист?
 
Незнам што се глупираат со картава за базен,па треба да си милионер за да моеш да тренираш :facepalm: И што и е тешко на државата да му даде бесплатно да плива..
 
Сеа тој плива од што сака да плива или плива за Македонија? Јас колку што знам Македонија не го тера со сила...
 
Неписмени, кај се видело репрезентативци да плаќаат за базен/сала/терен, ало? Не треба да е обратно или па барем бесплатно да е?
--- надополнето: 22 февруари 2012 во 22:59 ---
Мене најсмешното ми е што Бугарите се мета на спрдња тука а Стојчев им помагаше и на Јане Карајованов и жена му Теодора, на Томи Стефановски и сега и на Генче, Бугарин стигна да им помага за да имаат кај да тренираат :eek:
 
Морон си,без навреда.
Едноставно е, ако не чини работата, ако нешто не ти се допаѓа, едноставно смени го!!! Или сака да биде мазохист и да мрчи. Не знам кој е моронот тука!
 
Тие Карајанови ме тренираа,орионт мислам дека беше клубот :D на времето коа не требаше богаташ да си за да пливаш.
 
Ништо ново е ова со наплаќање на влез, уште од почетокот на 2009год се наплаќа секој влез/тренинг, најпрво беше 50ден/влез, 2010 60ден, во септември месец 200ден али имаше нешо као штрајк и намалија на 120 што е цена до ден денес.
 
Пу да ти ебам и држава и све, и базени и пливање,ова ли е држава..со аџамии куќа ли ќе градиш бе :noze:
 
Едноставно е, ако не чини работата, ако нешто не ти се допаѓа, едноставно смени го!!! Или сака да биде мазохист и да мрчи. Не знам кој е моронот тука!
Како да го сменам ,у АМС да не работам или базен да не сакаш да изградам.Пишувам ова е форум,мое мислење е тоа не планирам револуции да кревам.Не кенкај само по темиве,ако си немаш благе везе со пливање треси глупости на други теми.Незнам зашто не ти ги бришат коментариве..
 
Го читам постов и не ми се верува значи немал средства едвај стипендијата само за влезници ја трошел и паркинг и баш ме интересира на кој базаен е влезница 240 денари? Колку што знам во Скопје до сега немаше таков базен со таа цена.. Бара да му се даде бесплатно да користи базен епа неможе де тие базени мора да се одржуват од нешто нека си извади годишна поефтино ќе го фати а за спортисти имат и други поволности како и да е нешто не штима во приказнава негова
 
Неатрактивен спорт за публика, недоволно за привлекување на спонзори и интерес. Сурова реалност, нема пари у мкспорт, посебно во овие неекипни спортови. Така да чим се одлучил за тоа ќе си се шета со реклами и ќе си ќути.
 
Едноставно е, ако не чини работата, ако нешто не ти се допаѓа, едноставно смени го!!! Или сака да биде мазохист и да мрчи. Не знам кој е моронот тука!
"Малку" ни се искривени вредностите во државава. Се тоа започна откако терористите ни ги напика во парламент god bless America... Некој гаден инцестоиден терорист зима државни пари а луѓе кои цел живот работат напорно за себе и својот народ се оставени на немилост. На тие луѓе спортот односно пливањето им е професија, да не навлегуваме подлабоко зошто и како спорт (секој спорт ) може да биде професија рамноправен на медицина или информатика но факт е дека е запоставен, така да грешиш батка и тоа многу.
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...

Недела од 5 јули 2025

Back
На врв Bottom