КК МЗТ - КК Фени Индустри , сабота 18:30 часот

  • Креатор на темата Креатор на темата Near
  • Време на започнување Време на започнување

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.311
Поени од реакции
7.068
Локација
Around the world
Епа лејдис енд џентлмен,по примерот на колегите и колегиниците од фудбал фан клуб ја отворам темава за дербито во мак-баскетот. Во Јане Сандански,во сабота се игра дербито на сезонава во мак-лигата,помеѓу домаќинот МЗТ и актуелниот првак на Македонија и Балканот,Фени Индустри. Натпревар што многу значи и за двата тима. Екипата на МЗТ,по изненадувачкиот пораз на домашен терен од Лирија падна на 2-то место и ќе бара опоравување против првопласираниот тим на Фени. Фени,пак е во добра серија од 5 победи во низа. Дали ќе продолжи успешната серија на тимот од Кавадарци? На последните 2 натпревари за Фени не настапија Брчков,Симоновски и Лилов. Дали ќе оздрават/опорават од повредите до денот на дербито? Мзт нема проблеми со повредени или болни играчи. Па,ја прогласувам темата за отворена,се надевам на позитивни дискусии и дека нема да заврши во канта

П.с. како навивач на Фени,искрено се надевам на победа на мојот тим :icon_lol:
 
актуелниот првак на Македонија и Балканот,Фени Индустри.


Ако е Фени првак на балканот, се прашувам на кое место е Панатинаикос, Партизан, Црвена Ѕвезда, Будуќност, Олимпијакос, ПАОК, Цибона, Сплит, АЕК, Хемофарм?
 
Ако е Фени првак на балканот, се прашувам на кое место е Панатинаикос, Партизан, Црвена Ѕвезда, Будуќност, Олимпијакос, ПАОК, Цибона, Сплит, АЕК, Хемофарм?
Ох бе аргат ниеден,Балканска лига или си престанал да гледаш кошарка во времето на Југопластика Сплит? :)
 
Ох бе аргат ниеден,Балканска лига или си престанал да гледаш кошарка во времето на Југопластика Сплит? :)

:pos: Малку си со лесна умствена заостанатост, па еве еден совет,во иднина ќе кажуваш првак на балканска лига ШКЉ категорија, а не првак на балканот.
 
:pos: Малку си со лесна умствена заостанатост, па еве еден совет,во иднина ќе кажуваш првак на балканска лига ШКЉ категорија, а не првак на балканот.
Добро, ВОЛ(високо образована личност),ако имаш нешто да кажеш-кажи,ако не-оди исправај криви дрини на други места. Се гледа дека се правиш експерт за кошарка,а од такви експерти како тебе Македонија е таму каде што е :)
 
Ќе ја играм Х ако ја најдам во некоја кладилница, некој таков филм ме удри.
А за играта... се е можно, би требало да е до крај неизвесно - според квалитетот на двете екипи.АМА ако завлечат серија Фени од почеток ќе е многу тешко за домаќините, најдобро ќе им е без избрзан шут и смирено.

Психолошката предност е на страна на Фени, години со ист тренер и неколку играчи заедно.Можно е да видиме некоја забегана тројка на Самарџиев на 0,6 секунди до крај како во еден куп со Струмица :pos:

Тодоров би требало помала минутажа за Грнчаров, спрема оваа со Лирија.Некоја минута плус за Кочов и дечките од клупата, ако некој е резерва не е хендикепиран.Мислам дека доста време една иста петорка држат на терен.Паметно ќе им е да не трошат топки за тројки ко ненормални, со Лирија имаа негде околу 15%
Ќе гледаме интересна борба меѓу двата најдобри центри во лигата, борба меѓу искуство и младост.
Од друга страна, очекувам доста да бидат пазени Далман и особено Гечевски од страна на Фени, со оглед дека предноста на тренерската позиција би требало да е на страна на Рајковиќ.Тодоров би требало да е однапред спремен со друга стратегија ако ги задржат Гечевски, Далман, Огнен и уфрлање на играчи кои би претставувале некое си изненадување.Можда тој новакот Вучуровиќ, па и Пенов.
Кај Кавадарчани најопасни би требало да се Николовски, Фрај(никогаш во Фени не сум го видел со 100%, можда поради минутажа ама знам дека е многу подобар.Во Амак беше машина со 20+ редовно) и Самарџиев како поискусен.Брчков и Симоновски исто би требало да се фит за сабота, значи ќе гледаме доста ротација кај Фени како и досега.Мислам дека Лилов им е уште несигурен со топката, нека фрлат око на него.А и нешто е повреден.

Во сабота ќе видиме некој почетен показател дали МЗТ се навистина тим за титула.Мое мислење е дека тренерот им е најслаба алка.Ајде Тодоров да те видиме изненади не сите со некоја чудна тактика :D

И една лична желба, да ја чујам од ФА и Лозари заедно Излези момче или нешто слично.
 
Натпреварот е во сабота во 18:30, сменете го насловот. Како и секогаш очекувам победа на МЗТ.
 
оптимист сум за оваа утакмица, очекујем победа на фени!
а и планирам да отидам да си ја изгледам утакмицата :)
 
Сигурно Мзт ќе бара победа и ништо друго по поразот од Лирија, мислам дека и ќе тепа.Но доколку понатаму би се сретнале во финале мислам дека Мзт пак ќе остане без титула.:)
 
Па наравно победа на Фени, Титовци се проколнати нема никад да земат титула :)
 
Проколнатите им го испердашија газето на вашите, а за тоа дали ќе земат титула или не ќе почекаме уште некој месец. (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom