Пред дождот - Милчо Манчевски

Милчо Манчевски - национален уметник на Македонија

По многубројните награди за своето творештво, Милчо Манчевски денеска доби уште една признание –национален уметник на Република Македонија. Наградата му ја додели претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој рече дека со својот првенец, култниот филм „Пред дождот“, Манчевски со обезбеди место во светската кинематографија.
 
Интересно е што сестра ми е крстена по групата Анастасија токму заради овој филм. Бев мал, баш го гледав филмот, слушнав дека музиката е од Анастасија, а баш тој период сестричката дојде на свет. Останатото е историја... Би сакал да ги најдам или Ориѓански или Трајковски или барем Спасовски да ја споделам оваа интересна сторија со нив
--- надополнето: 12 октомври 2012 во 03:22 ---
П.С Го најдов Златко на ФБ и добив одговор - и да знаеш... не е само таа :)
 
Пред скоро време го гледав "најпознатиот македонски филм" Пред дождот од Милчо Манчевски, и сватив дека всушност живееме како племиња поделени на две страни, со пушки и митролези и се убиваме меѓу себе.. Во секој случај не ми се допадна филмов, мислам, не е убаво претставена Македонија, а филмов беше номиниран за Оскар. Ваше мислење?

BeforeTheRain.gif


238__1.jpg

македонија била претставена реално... за време на тие балканси немири...
 
Може ли да се најде филмот на Нет со англиски превод? Ми го бараат луѓе кои не се од нашиве говорни подрачја.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom