Тод Зафироски во репрезентација - да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата olaf
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D75CDC89AD5BF747BB9AAC9AA7DF7C5B

Тод посакуван и оспоруван
Синот на познатиот бизнисмен од македонско потекло Мајкл, според едни, е добредојден и перспективен кошаркар со само 21 година, а за други, кои се повикуваат на скромната статистика, тој е само татин син на кого МKФ сака да му се оддолжи
Поделени се мислењата на јавноста околу евентуалниот настап на Тод Зафировски за македонскиот национален кошаркарски тим. Според тоа што може да се прочита од коментарите на љубителите на кошарката, има и за и против идејата Зафировски да биде повикан да биде дел од националниот тим, кој летово треба да се обиде да се пласира на Олимписките игри во Лондон. И пред две години се спомнуваше Зафировски како можен репрезентативец, но главна пречка е што нема македонско државјанство. Ако добие државјанство врз основа на тоа што неговиот татко Мајк е роден во Скопје, тогаш Македонската кошаркарска федерација ќе треба во ФИБА да излобира Зафировски да добие и таканаречен кошаркарски пасош на нашата земја за да може да игра како да е роден во Македонија, а не како натурализиран.

Зафировски е роден на 2 јуни 1990 година во градот Едина, сојузна држава Минесота, висок е 204 сантиметри, а тежок 120 килограми. Веќе четврта година студира на Универзитетот „Дјук“, каде тренер му е славниот Мајк Kшижевски, актуелен селектор на репрезентацијата на САД. Може да игра на позициите крило и крилен центар и е профил на играч сличен на Ѓорѓи Чековски.

Поддржувачите на идејата за Зафировски сметаат дека треба да му се даде шанса, бидејќи е млад и во иднина би можел да помогне. Да се игра во силниот тим на Дјук и да се работи со „Тренерот K“ не е мала работа. Покрај тоа, Тод игра на позиција на која селекторот Марјан Лазовски нема многу голем избор и добро би било да дојде во Скопје во живо да ги покаже квалитетите. Дури и да биде на клупата за резерви би бил барем исто толку полезен како некои млади кошаркари кои воопшто не влегоа во игра на ЕП.

Kритичарите сметаат дека тој нема доволно квалитет и оти статистиката го докажува тоа. Сезонава влегол во игра на само 4 од 25-те средби на Дјук и тоа со просек од само 2,3 минути и нема дадено кош во НЦАА лигата. Негативните коментари одат и во правец на тоа дека зад идејата се крие нешто друго, а тоа е дека во МKФ сакаат да му се оддолжат на бизнисменот Мајк Зафировски, таткото на Тод, кој би организирал и платил дел од подготовките на репрезентацијата за време на престојот во Kанада и во САД.

еве го извадокот од дневниот весник Дневник!!!

мое мислење е дека треба да добие шанса.
ваше?
 
На терен нема татин син или те бива или не те бива. Според CV-то што го има и јас мислам дека треба да добие шанса, па ќе оцениме.

точно!!! човек со таква висина и то како ни треба.
ако ништо друго барем за да ги одмори првите играчи...
 
Нека го земат за резерва и нека ги намалат трошковите, сигурно е подобар од Соколов. :D
 
Не сум запознаен со играта. Ако игра добро, треба да добие шанса..
Како што нема потреба да се форсира, исто така нема потреба да се „сере“ само затоа што е син на Мајк.
 
после Европсково нејќам да верувам дека репрезентацијата може да ни биде како порано кога можеа да играат ојле- дојле.
Ако детево го бива, сигурно ќе биде земен, ако не-нема љутиш. Татко му нема никаква врска со КФМ како што знам јас, ни е финансиер ни е спонзор, така да не верувам дека може да ја тегне.

Иначе, не му е на Тоде конкуренција Чековски, Кире Николовски му е, немавме среќа да го гледаме на Европското ради проблемот со таа чудна повреда, ама да можевме верувајте немаше збор да паѓа за Зафировски. Како и да е, да причекаме да видиме.
 
Па добро е ќе ни требат колку шо можи повеќе големи момци за против Гасолите и Америте колку за лични да прат
--- надополнето: 16 февруари 2012 во 11:06 ---
Инаку не игра никогаш за Дјук тешко е да се кажи каков играч, веројатно поталентиран Чековски
 
Треба да се викне секако на пошироките подготовки, сакам да го гледам како игра. Ни требаат високи играчи, а на подготовките треба да бидат викнати и Николовски и Трајковски и Зафироски, па двајца од нив да влезат у крајниот список по тоа што покажале.
 
Според ова видео мислам дека не ни го треба во репрезентација.
http://www.youtube.com/watch?v=OZyeLwA2z0g
He's more just like a fan who gets to travel with the team
Најдобар коментар :)
Треба да му се пружи можност да се види како може да се вклопи, ама да се форсира не сакам ни да верувам
 
Море да им ебам матер,пред успехот требаше со полиција да ги бркаме овие наши таленти во странство а сега ќе се потепаат да играат за репрезентација.

Како и да е висок дечко ни треба во репрезентацијата,башка млад е може да научи финг ор ту од Тодор.

Да се надеваме дека не е полош од тие статистите на европското.
 
Море да им ебам матер,пред успехот требаше со полиција да ги бркаме овие наши таленти во странство а сега ќе се потепаат да играат за репрезентација.

Како и да е висок дечко ни треба во репрезентацијата,башка млад е може да научи финг ор ту од Тодор.

Да се надеваме дека не е полош од тие статистите на европското.

така е!
ама арно и на нашиве шо им текна да си ги приберат тн. странци. ете го пробаа колариќ (дали заслужено е изоставен од репрезентација или не-не знам), сега тод, па на ред кој знај кој би бил... ама то е добро за конкуренција...
незнам со мицов шо станува ама тој дефинитивно ни треба, но...
има многу мали дечиња кои се заминати во странство и сега се солидни играчи, само некој треба да ги побара и викни на тест, макар и на подготовки.

на ЕП направивме НЕВЕРОЈАТЕН УСПЕХ, тоа е факт, АМА да имавме барем УШТЕ еден висок играч сигурно русите намеше да ни направат 20 офанзивни скока и ќе бевме 3 место, но то е то...

за да не се повтори таа грешка, сега е правиот момент да се соберат сите сили и да се почни плански со развојот на новите генерации.
 
Да се биде дел од ‘‘Дјук‘‘ под тренерската капа на актуелниот селектор на САД е повеќе од добро CV.
Тоа што имал мала минутажа (4 од 25 средби) воопшто не е репер дека дечкото не го бива, и нашиот Борче да играше за некој NBA тим ќе грееше клупа, ама Бо е повеќе од класа играч,
Воопшто не е важно чиј син е, на теренот или го бива или не го бива, трето нема, мислам дека треба да му се даде шанса да ги покаже своите квалитети.
 
Да се биде дел од ‘‘Дјук‘‘ под тренерската капа на актуелниот селектор на САД е повеќе од добро CV.
Тоа што имал мала минутажа (4 од 25 средби) воопшто не е репер дека дечкото не го бива, и нашиот Борче да играше за некој NBA тим ќе грееше клупа, ама Бо е повеќе од класа играч,
Воопшто не е важно чиј син е, на теренот или го бива или не го бива, трето нема, мислам дека треба да му се даде шанса да ги покаже своите квалитети.

сигурно имал од кого да научи во ДЈУК. таму се подобри тренери него кај нас. плус, ако се покажи добро би ни дошол играч плус во ротација наместо статисти какви шо имавме на еп!!! посебно на тие позиции
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom