Pirate Bay: Нема веќе торенти

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
И после се чудиме зошто во МК секој се пика во политика па најисплатлив бизнис е контролираш речиси све.
 
А да се информиравте малце повеќе? Ви се чудам на паметот, некој разбраа као демек The Pirate Bay ќе нема повеќе филмови, музика... т.е. нема да биде пиратски сајт.

The Pirate Bay продолжува со пиратеријата, само на друг принцип. И самите изјавија дека ќе се борат до крај.

Ништо страшно на крај краева, сајтот е повторно тука.
 
јас мислам дека нема да можат да го сопрат пиратирањето па макар и у блаблабла се фукнале. Можда ке бутаат торент сајтови, ама ке излезе нешто друго, еве како на пример порано преко мирц, а и ден денеска можеш да си саунлоадираш музика, филм, или било каков зип фајл. Исто така функционираше и soulseek а пред тоа имаше и нели е-муле, е-ово е-оно, и сите си симнувавме од тамо. Така да приатеријата ке си го најде патот пак да никне од некаде.
 
Се се менува на интернетот.
Пред 15 минути ставив да се симнува торент од кај the pirate bay и ме фати нерационална носталгија. :гомце:
 
Заклучокот кој може да се донесе е дека 90% од луѓето на форумов не знаат да читаат. Ете како се формира искривено јавно мислење...
 
Заклучокот кој може да се донесе е дека 90% од луѓето на форумов не знаат да читаат. Ете како се формира искривено јавно мислење...
Не е дека не знаат да читаат, туку не читаат. Доволно е само насловот да го прочитаат и го прерипнуваат текстот и одма донесуваат погрешни заклучоци... :)

Не е за форумов ова, општо за луѓето насекаде.
 
TPB го заменија torrent фајлот со magnet link и толку. Ништо страшно и ништо неочекувано. Брзината на download не се намалува само што има некој иницијален delay од секунда до пет што апсолутно не игра никаква улога. Страшното е во тоа што ако се изгласаат АКТА глупостите ISP-то (Internet Service Provider-от) ќе има законска обврска да го анализира сообраќајот што го генерира еден корисник и ако забележи нешто сомнително да го пресретне, да го сними тоа што се симнува и истото да го употреби како доказ против корисникот. У превод,ќе си платиш глоба за тоа што си го симнал нелегално.
Дури и да ти е сообраќајот енкриптиран, со самото тоа што pattern-от за сообраќај од torrent download се разликува од pattern-от за сообраќај при сурфање дозволува властите да ти чукнат на врата и да ти го проверат PC-то.
 
За жал си во право. Го спомнав форумот како пример за овој конкретен случај.

Торентот сам по себе не е нелегален. По таа логика имаат право да ми чукнат на врата секој пат кога ке симнам некој поголем фајл преку директен линк, макар и open source.
 
Всушност ISP-то нема ни потреба да анализира сообраќај во одредени случаи. Доволно е некоја компанија од типот на WarnerBros и сличните да се вклуче на торентот преку кои се дистрибуира некоја нивна содржина (филм) и со тоа ги добиваат скоро сите IP адреси кои исто го симнуваат торентот. Ќе ги зачуваат адресите и потоа провајдерот ќе има законска обврска да открие податоци за корисникот на таа адреса. Има начини и ова да се избегне од страна на корисникот преку прокси за анонимност (што се плаќа!) и слично, ама многумина секако ќе го лапнат. Овој закон веќе од поодамна важи во некои земји.
 
Торентот нели малку е поинаков во однос на симнувањето цели фајлови? Како што го сфаќам, делењето функционира на земање делови од фајлот од нашите компјутери преку сервери кои само ги усогласуваат овие делови од фајлот, а ги немаат во посед. За сето тоа се грижи торент фајлот кој пак не е фајл во кој се содржи фајлот кој подлежи на авторство.Ако вака (или слично) функционира
не ми е јасно зошто ги обвинуваат тие сервери ако не ги поседуваат фајловите, а приватните компјутери...пример јас не давам фајл (регуларно купен) никому да симне, давам мали делчиња од фајлот. Нели тоа би било како кога ќе купам видеолента, да ја искинам на парчиња и тие парчиња ги поделам на други луѓе. Сме фрлале десетици аудиокасети кои некој можел да ги намота и да ги искористи дома кај него...дали е тоа класична пиратерија не знам.
Друго ...налик на торент делењето на музика, ако им испратам на 3-4 мои колеги легално купена песна од 10Мб сплитувана (за да не го угушам меил серверот) преку е-маил на 10 делови, дали јас чинам незаконско дело.
Ниедно прашање во овие теми со цензурите не ја допира порнографијата, посебно детската. Дали со новите закони се опфаќа и порнографијата или таа, нејзините дистрибутери и сајтовите повторно се изземени. Ова не е прашање за Pirate Bay, но сепак дали воопшто го тангира интернет законодавството или тоа лоби е претерано силно за било какви закони.
 
Друго ...налик на торент делењето на музика, ако им испратам на 3-4 мои колеги легално купена песна од 10Мб сплитувана (за да не го угушам меил серверот) преку е-маил на 10 делови, дали јас чинам незаконско дело.

Претпоставувам ова е прашање, а одговорот е ДА. Не смееш да дистрибуираш или умножуваш материјал (филм, песна...) или дел од материјалот. Ако беше дозволено тогаш земи еден филм и отстрани 1 минута од крајот (кај шо ги листаат улогите) и стави го на YouTube. ;)

Исто, торент сајтовите не се тужат за делење незаконски материјал туку за ПОМАГАЊЕ во делењето. Ете, и тоа е забрането. :)
Како и да ја вртиш, законот моментално е на страна да големите компании и само измена на законот може да го направи тоа легално. Или некој брилијантен програмер да креира протокол кој нема да крши ни еден закон. (y)
 
Исто, торент сајтовите не се тужат за делење незаконски материјал туку за ПОМАГАЊЕ во делењето. Ете, и тоа е забрането. :)

Дали и банките одговараат ако кај нив влогови имаат криминалци?

помагање....
 
Дали и банките одговараат ако кај нив влогови имаат криминалци?

помагање....

Не верувам, криминалците сепак ги имаат сите права додека не бидет осудени. :)
 
Не верувам, криминалците сепак ги имаат сите права додека не бидет осудени. :)
Ако осудат криминалец ќе ја затворат и банката во која ги држел украдените пари?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom