„СТОП АКТА“ Протест во Македонија?

Статус
Затворена за нови мислења.
Утре е 15-ти март. Имаме протест или не?
 
Сериозен си?

ОК, гледам дека протестот е одамна откажан, што е некако неочекувано. Но што е тука е, се извинувам за прашањето.

Што се однесува до АКТА и дискусиите околу целиот овој процес, ми се чини дека е потребна малку поразлична перспектива. Ми се чини дека слободата на корисниците да ги изразуваат своите идеи не ја засега толку АКТА, мислам дека повеќе се однесува до производите што тие корисници ги конзумираат.

Основниот проблем лежи во системот на дистрибуција на општествените добра. Пред појавата на Интернет, постоеја класични начини на дистрибуција со коишто компаниите што произведуваат одредени добра (да речеме музика, филм и сл.) ги дистрибуираа до крајните корисници. Ако сакавте да гледате нов филм, немаше друг начин освен да отидете во кино сала. Ако сте стрпливи по природа, можевте истиот да го гледате „бесплатно“ 3-4 години подоцна на локалните телевизии (цената за гледањето се плаќа со конзумирањето реклами и евентуални производи од рекламите).

Во раниот стадиум на развитокот на Интернетот, големите компании го стимулираа неговото развивање бидејќи гледаа како нова можност за полесно да ги продаваат своите производи. Сајтови на фанови, блогови и слично беа замислени како продолжение на стандардните канали за промовирање и конзумирање на производите. Но Интернетот, поради својата отвореност и иновативноста на одредени групи луѓе, продолжи да се развива во друга насока.

Тоа што денес претставува „трн во око“ за големите индустриски произведувачи е фактот што корисниците на Интернетот во меѓувреме развија алтернативен начин на дистрибуција. Овој начин на дистрибуција имаше за основа да ги надмине вообичаените рампи со коишто производителите го ограничуваат пристапот до своите производи (со цел да направат профит), со тоа што општествените добра станаа достапни на речиси секого (со други зборови, ја избегна „дискриминацијата по џебот“).

Но приказната не завршува овде. Комуникацијата преку Интернет овозможи и алтернативно развивање на одредени добра, бесплатен софтвер (оперативни системи, интернет портали и др.), бесплатно знаење и сл. Ако воопшто човештвото некогаш имало идеали, тогаш оваа форма е можеби најблиску до исполнување на истите: живот во којшто се` повеќе нешта се бесплатни, во којшто се` помалку треба да бидете нечиј роб за да имате пристоен живот, се` поголема независност и уште многу други работи коишто имаат потенцијал да се реализираат во блиска иднина...

Но веројатно не мора да се потенцира дека постојат сили коишто не сакаат добар дел од населението да е автономно. Голем дел од денешните индустрии работат на застарен принцип којшто се коси со принципите на Интернетот. Принципот наједноставно може да се сумира како „паста за заби, сирење за пари“. Со други зборови, не добивате нешто за ништо. Но, ова се однесува на еден веќе поодминат систем во којшто не постоеја начини бескрајно да се мултиплицираат добрата. Не е лесно да се мултиплицира филмска лента, грамофонска плоча, аудио касета. Но затоа пак со дигиталниот формат, мултиплицирањето на добрата стана исклучително лесно. Секако, ова не се однесува на „недигитални“ добра, на пр. домати, за кои сеуште важат сличните стари принципи. Секако со развој на технологијата, не значи дека и ова нема да се промени (нанотехнологија можеби?:)).

Сметам дека АКТА е обид да се зачува ancien regime, т.е. стариот поредок. Сметам дека ова е обид приватниот мултибилионерски бизнис да добие подршка од владите на засегнатите земји со цел зачувување на својата сопствена агенда, а таа е профитот.

Се надевам дека ова нема никогаш да се случи бидејќи Интернетот и начините на коишто функционира кажуваат многу работи за човечкото постоење, т.е. дека себичноста, егоизмот и самозачувувањето не се единствените принципи по коишто може да се одвива животот. Интернетот покажува дека солидарноста, широкоградоста и пријателството не се само апстрактни, неприменливи категории (какви што капитализмот претпочита да ги прикаже), но дека се конститутивни столбови на нешто што би можело да биде многу подобро општество отколку тоа што сега го имаме.
 
Абе ако има протест од Аниномусиве да се постира тука, за помасовен да биде.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom