VIRTUAL
knowledge is power
Денес постојат околу 60-тина open-source лиценци, но само неколку од нив се вистински популарни и опфаќаат завидна палета на софтверски апликации. Секоја open-source лиценца во основа претставува документ за сопственост на авторските права на напишаниот програмски код и дозвола или забрана за користење на истиот. Во оваа прилика ние ќе се задржиме на 5-те денес најпопуларни open-source лиценци.
GPL (GNU General Public License) е најмногу користената лиценца за бесплатен софтвер, оригинално напишана од Ричард Сталмен за целите на проектот ГНУ. Денес е актуелна GPL лиценцата од втората верзија, што беше напишана во 1991 година и во која се опфатени следниве неколку, многу важни правила: корисниците на софтверската апликација можат истата да ја активираат за било какви цели, да ги проучуваат механизмите на кои таа работи и истите да ги менуваат, под што и се подразбира отвореноста на изворниот код, понатаму, корисниците имаат право да дистрибуираат неограничен број на копии од апликацијата и конечно имаат право да издаваат јавни подобрени верзии од истата. Во моментов Ричард Сталмен ја пишува третата верзија од GPL лиценцата и истата треба да стане достапна за некој месец или година. Првиот суров примерок од GPL 3 беше објавен во јануари, оваа година.
MPL (Mozilla Public License)
Оваа лиценца претставува хибрид на Јавната Општа ГНУ Лиценца и се однесува на комерцијалните производи или апликации на фондацијата Mozilla, како што се Интернет прелистувачот Mozilla Firefox и email клиентот Mozilla Thunderbird. Под закрилата на оваа лиценца можат да се објавуваат софтверски апликации што се одредени или допрва треба да бидат одредени како производи на фондацијата Mozilla.
SPL (Sun Public License) е дериват на Јавната Mozilla лиценца и претставува група напишани правила за дистрибуција и користење на софтверските апликации што ги објавува компанијата Sun Microsystems. Истата има претрпено одредени измени низ годините и континуирано се подобрува од Фондацијата за Слободен Софтвер и Open Source Иницијативата.
APL (Adaptive Public License) е open-source лиценца на Универзитетот на Викторија што е одобрена од Open Source Иницијативата, а инаку содржи правила што се специјално напишани за да се овозможи половична слобода при дистрибуцијата и копирањето на кодот на APL софтверските апликации.
W3C License е лиценца што произлегува од World Wide Web Consortium и директно е поврзана со Јавната Општа ГНУ Лиценца бидејќи се потпира на правилата на GPL лиценцата што ги споменавме на почетокот на оваа презентација.
Многу повеќе информации на оваа тема можете да најдете првенствено на Wikipedia – бесплатната онлајн енциклопедија, a потоа и со сите познати и непознати Интернет пребарувачи на безброј различни веб сајтови на Интернет. Ако ве интересира, истражувајте.