Јапонија постигна невиден прогрес во санација на последиците од цунамито

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Единаесет месеци по големата трагедија кога цунами пропратен со серија земјотреси го погоди нукеарниот комплекс во Фукушима, Јапонија постигна невиден прогрес во санација на последиците на таа катастрофа.

Јапонските власти успеале да се справат со 23 милиони тони отпад -- а тоа е голема работа.

Сликите покажуваат дека во некои случаи куќите морале да бидат уништени за да се изгради цело друо предградие. Во други случаи гледаме како превртени коли, камиони, дури и авионии и други остатоци морале едно по едно да бидат тргнати односно пренесени на соодветно место.

Што друго да се каже за една свесна, етичка и работлива нација, сем да им се честита и да се учи од нив.





article-2099811-11AF09FF000005DC-472_966x719.jpg





article-0-11AF05AB000005DC-580_964x1175.jpg





article-2099811-11AF0727000005DC-684_968x1160.jpg
 
Такво нешто да се случеше во Македонија, сигурно ќе ни беа потребни векови за да се управи и да дојдеме на ниво на кое сме денес.....
 
Баш пред некое време размислував што ќе се случеше со Скопје после земјотресот да не бевме во Југославија.
 
Баш пред некое време размислував што ќе се случеше со Скопје после земјотресот да не бевме во Југославија.

Скопје би личело нешто вака:
Ова центарот​
african-village-aerial-shot.jpg
Аеродром, Ново Лисиче​
african-village.jpg
Негде накај Ѓорче Петров и Сарај​
stock-photo-dusty-street-of-poor-african-village-56350441.jpg
Да си бидеме реални.
 
Јапонците имаат ген да градат иако се им е срушено.
Земјотрес во Македонија (не дај боже)
Прв ден: Се свикува седница на влада
Втор ден: Се договараат
Трет ден: расчистување
 
Што друго да се каже за една свесна, етичка и работлива нација, сем да им се честита и да се учи од нив.

За жал вакви пофалби се повлекуваат откако ќе дознаат дека јапонците се најголеми извозници на чудни,бизарни и за некои непријатни работи во поп културата.
 
Јас им се восхитувам само на Германците и Јапонците,баш поради вакви работи.Секоја чест за нив.
 
Ова да им се случеше и на многу други светски веле сили, немаше да се справат со проблемот како јапонците, не само ние, туку ретко кој може да се справи со ваква ситуација на така брз и ефикасен начин. Браво за јапонците, единствени се.
 
Баш пред некое време размислував што ќе се случеше со Скопје после земјотресот да не бевме во Југославија.
Ќе бевте и денес туристичка атракција.
 
Малку си ја познавате историјата затоа така брчите.
Ако Македонија не е рушена од темел и повторно воскреснувана, незнам која друга држава на планетата имала таква историја.
Само во последните 200 години, етнички чистења, палежи, грабежи, раселувања и повторно сме на средина по квалитетот на живеење.
Најголемите градители во овој дел долго време беа Македонците.
Тоа што политичкиот систем што ни се наметна и неквалитетот ни го стави во прв план е еден период од нашето живеење.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom