По кои критериуми државните институции забрануваат одредени македонски интернет портали?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Не ја лафи, а Facebook што е анти-друштвен сајт???
И јас сум работел во фирма каде се забранети одредени сајтови кој содржат зборови како porn, fuck и така натаму ама забраната беше исклучиво по содржината на одреден сајт, а не посебни сајтови посебно не ако имаш 5-6 слични сајтови со слична содржина а само 1-2 блокираш. Инаку да е приватна фирма сигурно ќе има напишана полиса во некој документ, за државно незнам не сум работел.

Не работам во државна институција, ама мислам дека е Фејсбук им е забранет. Сум работел во странска фирма каде што Кајгана порталот беше цензуриран додека форумот не, исто така Вечер беше цензуриран за разлика од останатите весници кој можев да ги прочитам.
Сега во ерата со смартфони навистина е тешко да го контролираш тоа, јас кажав мислење дека Кајгана е забранет од причина што е релативно популарен портал со забавна содржина и му влегол во уши на администраторот таму додека некој сајт не е ставен на листата од причина што е релативно непознат.
Сигурно дека има простор за шпекулација и фаворизација на одредени сајтови од страна на администраторот, но одлуката да се цензурира ми е во ред од причина што порталот има и еротска содржина, има бесплатни игрици и најпосле државната админидтрација нема никаква причина да го користи. Аргументот дека и останатите што не се цензурирани се бетер од Кајгана не ми држи вода, јас сум за да се цензурираат и тие.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom