- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.592
Што мислите за ова?
Не отворија карго аеродром во Штип, меѓу другото, бидејќи не можеа официјално да ја мерат брзината на ветерот, но полека сите лабаратории во Македонија се стандардизираат.
Во Македонија малку познатите лаборатории се грижат за тоа работите да бидат чесни за потрошувачите
Две тегли кисели краставици се ставени една до друга на полица во продавница за прехранбени производи, но да се одреди која е подобро да се купи е тешко без на етикетата да биде дадена прецизната тежина на секоја од нив.
Тука стапува на сцена Бирото за метрологија, агенцијата во Македонија која ја одредува тежината и мерките за сé од конзервирани производи до автомобили. Бирото и неговите девет лаборатории привлекуваат малку внимание, но нивните напори значат голем бизнис.
„Во индустријата и трговијата тоа [значи] поквалитетни производи; во однос на секојдневниот живот [тоа] значи зголемена заштита на потрошувачите“, рече за SETimes директорот на бирото, Димитар Парнарџиев.
Деветте национални лаборатории се одговорни за многу специфични единици мерки. Секоја одделно е надлежна за маса, должина, притисок, зафатнина и проток, електрична енергија, температура, време и фреквенција, густина, па дури и за референтни материјали.
На 16-ти јануари владата акредитираше четири од деветте: лабораторијата за маса, притисок, зафатнина и проток, и за температура. Останатите, вели министерот за економија, Ваљон Сарачини, ќе бидат акредитирани наскоро.
Тој изјави за SETimes, „Акредитацијата на четирите лаборатории ќе ги надмине техничките бариери и ќе [го поттикне] слободниот проток на производи и услуги“, со зголемување на довербата во резултатите на мерките дадени од бирото. ...
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2012/01/30/feature-04