Tonchie
BATTERY +


Доколку веќе сте слушнале дека еден од најголемите европски зимски музички фестивали “The Big Snow festival” во март оваа година доаѓа во соседна Србија, вистински момент е да го обезбедите вашето место. Имено, во тек е големата акција која ви овозможува да резервирате сместување во конаците на Копаоник, како и JAT апартманите, со седумдневна фестивалска влезница за само 99 евра! Притоа, на сите љубители на зимските спортови, организаторите ќе им овозможат шестдневен ски pass за времетраењето на фестивалот со 60% попуст, односно за само 39 евра.
“The Big Snow festival” пред две години го покрена најголемата светска туристичка агенција Thomas Cook, а во 2012. година во организацијата се приклучува и тимот од фестивалот Exit. “The Big Snow festival” оваа година на едно место ќе собере преку 100 врвни светски и регионални изведувачи на урбана музика, распоредени на 10 бини. Настанот ќе се случи од 23. до 30. март на Копаоник, во Република Србија.
Овој несекојдневен ски-музучки хепенинг ќе го одбележат водечките светски изведувачи како што се Basement Jaxx, DJ Fresh, Ms DYNAMITE, Freestylers, Modestep, Judge Jules, Eddy Tample Morris, Micky Slim и многу други. Од регионалните изведувачи, помеѓу останатите тука се Darkwood Dub, Rambo Amadeus, Disciplin A Kitchme, Deca Loših Muzičara, Eyesburn и Vrooom.
Покрај ноќната забава ќе бидат организирани и дневни, таканаречени Apre-ski журки, како и активен спортски програм во кој ќе учествуваат гостите на фестивалот, како и врвните светски ски и snowboard натпреварувачи. Новиот систем за вештачки снег, доколку е потребно, ќе покрие над 70% од ски-центарот и со тоа на посетителите ќе им ги овозможи зимските радости без оглед на временските прилики.
Во Македонија, пакет влезниците може да ги набавите во туристичката агенција Ториа, телефон (02) 3224 659.
FB event
FB fan page