- Член од
- 16 август 2008
- Мислења
- 3.293
- Поени од реакции
- 637
Иднина на телевизискиот маркетинг: Рекламирање производи среде гледање серија?!

Познато е дека многумина телевизиски гледачи рекламните блокови ги користат да станат од пред екранот, односно избегнуваат да ги гледаат најчесто досадните реклами. Во САД посебно проблем претставува одложеното гледање преку DVR рекордери, при што гледачите веднаш ги премотуваат рекламите.
Но, мудрите умови на телевизиските мрежи секогаш се тука да измислат некои новини! Иако досега рекламирање на производи среде програма беше вообичаено за реални и ток шоуа, CBS во последната епизода на популарната серија „Hawaii Five-0“ воведе многу „интересна“ иновација, на речиси 60 секунди ја паузираше акцијата која беше во тек и „вметна“ реклама за сендвичарата Subway, и сето тоа како дел од серијата!
Гледачите и критичарите жестоко го нападнаа овој чин, нарекувајќи го лош, грозен и навредлив. Ако досега брендовите скришум се рекламираа во одредена секунда од дел на некоја серија или филм, Subway во овој „експеримент“ доби речиси цела минута. Маркетиншки оправдано, но аспект на гледачите дефинитивно не.
Дали ова ќе прерасне во традиција, дали ќе претставува иднина на телевизиското рекламирање? Дали уживањето при гледање на телевизија и дефинитивно ќе се уништи?
http://www.primetime.mk/иднина-на-телевизискиот-маркетинг-ре/
Богами, само уште вакви глупости на телевизија фалеа.