Бугарски историчар: Додека спиевме, Скопје создаде Македонци во Егејска Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Muranyi
  • Време на започнување Време на започнување
M

Muranyi

Гостин
„Модерното бугарско државно раководство е одговорно што сме заборавиле за нашите сонародници во Егејска Македонија. И додека ние забораваме на нив, Скопје ја продолжува својата активна пропаганда, којашто во Егејска Македонија почна во 1943 година“.
Таква порака упати Георги Даскалов, професор на катедрата за историја на софискиот универзитет, во интервју за бугарската новинска агенција „Фокус“.
„Како резултат на оваа пропаганда, Скопје успеа во сериозни размери да го поттикне Македонизмот во Егејска Македонија па сега таму има македонистичка партија, воспоставена од долгата рака на Скопје и наречена „Ураниос Токсо“, или на локалниот македонски дијалект „Виножито“. Треба да обрнеме внимание на фактот дека лидерот на оваа партија дипломирал во Белград, како очигледно бил подготвен за својата идна политичка кариера како Македонист во Егејска Македонија. Истовремено, кога во градот Воден, поединец, грчки државјанин, го крена гласот и кажа дека е Бугарин – а тоа е Никола Стојанов – и кој рече дека сака да се основа здружение за човековите права на бугарите, бугарската држава го изневери во таа битка, сам против грчките националисти во Северна Грција. Бугарскиот печат, бугарските медиуми едноставно препишаа што кажале грчките медиуми – дека е луд, дека е криминалец. Тоа е апсолутно во нивниот стил, наместо да се задлабочат во проблемот“, вели Даскалов во интервјуто.
извор:http://bumbar.mk/31/bugarski-istori...opje-sozdade-makedonci-vo-egejska-makedonija/
 
Ништо страшно, бугарчињата ги фаќа мала параноја дека луѓето се свестат :D
 
Човекот сака да каже дека Македонците во Егејска Македонија почнале национално да се освестуваат и чувствуваат како Македонци.Никој не може од ништо нешто да создаде.Во таа насока толкувајте го текстов.Тоа секако е пораз за бугарските апетити и интереси.
 
Леле, не знам зошто воопшто се отвараат вакви теми, не ги можам више муабетиве. Додека они спиеја, Англија си го присвои и Вилијам Шекспир, дека нели и он бил Бугарин. :facepalm: Аман со муабетиве и ваквиве луѓе. Бог да чува и да брани веќе, искрено. Аман...
 
Ако тебе не ти се допаѓа на некого можеби му е од интерес темата.Да ја задржиме позитивната атмосфера.
 
Што се замарате воопшто со вакви работи. Баба ми и дедо ми се од Егејска Македонија (Лерин) и некој забеган професор како Бугаринов ќе им каже дали се Бугари или Македонци? Слободно нека проба да ги убедува, ќе го сметаат за тотален идиот.
 
Ако тебе не ти се допаѓа на некого можеби му е од интерес темата.Да ја задржиме позитивната атмосфера.

Што има позитивно во темава? Не ми е јасно? И кој има интерес од оваа тема?
Како и да ја вртиш, очигледно е кон што целат овие изјави.
Добро знаеш дека Бугарите не признаваат македонски народ и тврдат дека ние сме “две држави, един народ“, така што изјавава е цинична, наменета за напад (по којзнае кој пат) врз Македонците како народ, затоа што се уште не можат да го прифатат фактот дека не е Македонија дел од Бугарија и дека Македонците НЕ се Бугари.
Позитивна атмосфера во негирање на МОЈОТ народ... жити се. :facepalm:
 
Позитивна атмосфера-ако не ти се допаѓа темата барем не ја разводнувај.Како и да е(y)
 
Соголување на „добрососедските“ намери се вика тоа заљубена, треба луѓето во Македонија да знаат кој, што им мисли и кој му го забива ножот во грб.
 
Леле, не знам зошто воопшто се отвараат вакви теми, не ги можам више муабетиве. Додека они спиеја, Англија си го присвои и Вилијам Шекспир, дека нели и он бил Бугарин. :facepalm: Аман со муабетиве и ваквиве луѓе. Бог да чува и да брани веќе, искрено. Аман...
Треба вакви теми за да видат луѓето со какви демагогии се занимаваат бугарите. А на ваквите теми може да им се потсмеваме на бугарчињата гледајќи како ќе се обидуваат со крајни напори да фалсификуваат дека Македонците од Егејска Македонија се бугари. Се надевам дека ме разбра.
 
Позитивна атмосфера-ако не ти се допаѓа темата барем не ја разводнувај.Како и да е(y)

Разводнувам? Како тоа ја разводнувам темата? Со тоа што кажувам какви намери и какви мисли имаат нашите соседи спрема нас? Тебе ако не ти чини тоа, тоа е твој проблем.
--- надополнето: 31 јануари 2012 во 13:29 ---
Треба вакви теми за да видат луѓето со какви демагогии се занимаваат бугарите. А на ваквите теми може да им се потсмеваме на бугарчињата гледајќи како ќе се обидуваат со крајни напори да фалсификуваат дека Македонците од Егејска Македонија се бугари. Се надевам дека ме разбра.

Знам, тоа е точно. Но, мене ме револтираат вакви теми, затоа што кога ќе помислам што се имаат претрпено Егејските Македонци и кога ќе видам како некој “добронамерен сосед“ ги користи за да сее отров со неговата пропаганда ми се повраќа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom