Дечко, цивилизацијата не започнала со Америка. Американство еј.

Од каде знаеш дека Ангола се заостанати? Вака кога ќе тропне некој држава од ракав...
Демократијата бе дечко нема врска со слободата на облекување. Ако излезеш гол во Америка ќе те уапсат за нарушување за редот и мирот. Во МекДоналдс сите носат исти униформи, во сите корпорации има кодекс на облекување и однесување, што побогу тоа има врска со демократијата? Станав алергична на зборот демократија, затоа што сите го користат, во ситуации кога врска нема демократијата со тоа. Еден ден ќе почнат да зборуваат, бев во јавно веце, беше зафатено, аууу нема демократијааааа...

Во сите школи, секаде, нормално е да има кодекс на облекување и однесување, затоа што тоа не е дискотека, ниту пак кафиќ, за професори да доаѓаат во хавајки и бермуди, ниту пак професорките да одат без градници со деколтирани маици до пупак. Училиштата се и воспитни институции, така што не може кој како сака да се облака. Надвор од работното место, голи ако сакаат нека шетаат по улици, мене не ми смета, ниту пак се замарам. Ама на работа, мора да има ред и дисциплина. Тие работи се гледаат и влијаат на професионализмот. Може некој да е и доктор на науки, ако се облече како за на плажа, никој нема да ја сфати таа личност сериозно. Не знам што не е јасно.