Јуда...Предавник или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Грмуш
  • Време на започнување Време на започнување

Грмуш

Пичкмајчин
Член од
11 октомври 2007
Мислења
1.118
Поени од реакции
90
Во христијанската религија како најголем предавник на Исус се смета Јуда!Со тоа ден денес во светот самото име Јуда е синоним за предавство и неверство!
Меѓутоа дојдов до информација која вели дека, за време на средниот век, односно периодот на доминација на католичката црква(период на патристика), од страна на некои високи функционери кај католиците, скриени се списи од библијата кои велат дека, Јуда добил наредба од Исус да одглуми предавник и да го поткаже на властите, за тие да го фатат и да го распнат, со што Исус би добил шанса да ја докаже својата моќ и да воскресне од мртвите, со што би го убедил народот дека неговото учење е вистинито!!!

Што мислите дали ова држи вода или е пак само измислица, како и мн. други работи поврзани со религиите воопшто???
Се извинувам ако има ваква тема, меѓутоа јас колку што видов немаше нешто слично:):noze:
 
Иначе треба да ја покажеш таа информација до која си дошол да ја видиме...

Ама и да ја покажеш, според мене, како и целата религија, и ова е измислица.
 
Јуда не бил предавник, Исус му наредил на Јуда да го предаде, но Јуда не сакал ама морал...многу од луѓето го сметаат Јуда како предавник но не е.
 
Јуда не бил предавник, Исус му наредил на Јуда да го предаде, но Јуда не сакал ама морал...многу од луѓето го сметаат Јуда како предавник но не е.
Според тебе Исус бил манипулант?
 
Шо нема да измислат, Јуда си е Јуда и нема тука филозофија..
 
Темава ми наликува на сатанистичко движење.
 
Прикаската за Јуда и предавството е придодаена накнадно. Исто како и легенда за безгрешно зачнување. Пред да настанат евангелијата за христијанството пишуваше Павле. Неговото учење беше отфрлено и згасна во првите децении затоа што беше спротивно на учењето и верата на Исус и првите “кристијани“ од Ерусаемската заедница. Но од кога таа заедница беше уништена и исчезна по римското разурнување на Ерусалем, по другите цркви (кои го држеа учењето на Ерусалемските христијани) од заборав беа пак извадени и почнаа да се користат Павловите текстови. Павле нигде не споменал ни предавство ни Јуда ни безгрешно зачнување ни Марија, мајка божја. Тој пишувал во време кога тие прикаски се уште не настанале.
 
Имав за ова пишувано и претходно.Јуда е нај свет од сите свети апостоли.Да не бил Јуда немало да се оствари пророштвото за Христовото апсење,распетие,воскресение.Тој не бил ништо крив,Бог така му наредил.
 
Имав за ова пишувано и претходно.Јуда е нај свет од сите свети апостоли.Да не бил Јуда немало да се оствари пророштвото за Христовото апсење,распетие,воскресение.Тој не бил ништо крив,Бог така му наредил.

Да да, сепак Јуда прв тргнал со Исус во остварувањето на богојавлението кое што го предвидел Јован Крстител.
 
Па и нема логика да го предаде.
Чекорел до човек што правел вино од вода,ги лекувал болните,умножувал храна со благослов итн.(хипотетички ова го велам)
и на крај го предал за некои ситни пари
нешто смрди тука:pos:
 
Zarem uste osnovata na hristijanstvoto ne e razjasneta ?
Cekam koga ke otvorite tema,dali Marija mu bese majka na Isus ili Komsivkata,pa ova ne mozela da go odgleda pa go posvoila Marija.
 
Постои апокрифно Евангелие по Јуда. Но не е канонизирано од црквата. Се разликува само по тоа што во него се вели дека Исус самиот му наредил на Јуда да го предаде. Пред неколку години го преведоа и објавија од National Geographic. Еве исто една добра статија на BBC.
 
Па и нема логика да го предаде.
Чекорел до човек што правел вино од вода,ги лекувал болните,умножувал храна со благослов итн.(хипотетички ова го велам)
и на крај го предал за некои ситни пари
нешто смрди тука:pos:
Јуда бил Избраниот од Бога.Никој нема право да го осудува и сквернави неговото дело,тоа го сторил по наредба.Да не бил тој,ќе бил некој друг.
 
Јуда бил Избраниот од Бога.Никој нема право да го осудува и сквернави неговото дело,тоа го сторил по наредба.Да не бил тој,ќе бил некој друг.

Посочи стих од Библија каде Бог му наредува на Јуда да го предаде Исус.
На Јуда не му било наредено да го предаде Исус,туку едноставно тој го предал заради ПАРИ. А Исус секако знаел дека Јуда ќе го предаде поради фактот што Господ се знае !
Од друга страна предавството на Јуда не е неопходно за распнувањето на Исус затоа што и без Јуда, Римјаните кога тогаш ќе го нашле
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom