ЕП во ракомет 2012 - група II (Нови Сад)

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Локација
Кајгана
По возбудувањата во групата Ц и Д, новоформираната група продолжува во Нови Сад. Хрватите рутинирано се прошетаа низ првата фаза, и по проблемите на првиот меч со Исланд, успејаа да остварат три победи и како првопласирани да пренесат 4 бода. Шпанците и Унгарија со 3, додека изненадување Словенија, по двата порази се враќа со една победа и пренесени два бода.
Исланд и фаворитот за освојување на шампионатот, Франција остануваат без бодови на последните две позиции. Многу кандидати за полуфинале вклучувајќи ја и Франција но и тешки мечеви со оглед на тежината на оваа група од која можеби ќе се бара новиот европски шампион.

*Нека се додаде анкета.

2-2.jpg
 
Франција со 0 Бодови ?
I don't believe this o_O
 
Франција само што не влегла во ритам.
Како и да е сакам на 24 Јануари Хрватска да тепа против неа :)
 
обично французите секогаш се излежаваат во првата фаза од шампионатот, ама не до олку. дефинитивно отпаѓаат, мака ми е да пресметувам дали и воопшто теоретски шанси имаат, ама и да ги имаат практично се неостварливи при хрватска со 4 и домаќинот унгарија и шпанија со 3. mission impossible. хрватска и шпанија понатаму, иако и унгарциве може да изненадат во нивни нови сад
 
ве молам тие шо го дркат на хрватска нека не се занесват овде да пишато оти и нив ќе му дојди редот... :D
 
каква игра на унгарците денес. Секоја чест. И покрај многуте грешки успеаа. Според досега прикажаното мислам дека финале не им бега. Таму најверојатно со Шпанија или Хрватска. Редно беше нов шампион да добијат првенствава.
 
Стварно сум изнанаден и од Французите и од Данците, и 2 влегуваат без поени, што ли се случува со нив? Од овде сметам дека сигурен полуфиналист ќе биде Хрватска која има одлични ракометари и супер игра, а за другото место ќе биде доста интересно. Би сакал да не е Франција бидејки отсекогаш сум ги мразел бидејки на 2-3 пати и попречија на Хрватска да стигне до златен медал.
 
Унгарците играат исто како на домашен терен во Нови Сад, имаат голема поддршка од трибините, слична на онаа нашата во Ниш.
Би требало да ја совладаат репрезентацијата на Словенија, па мислам дека и Исланд ќе биди совладан ако добро одиграат, со тие две победи, ми се чини дека заедно со Хрватска ќе се пласираат во 1/2 финалето од оваа група.
Шпанија мислам дека нема да издржи во оваа фаза.
Ако тоа погоре што го пишав се оствари, залудни ќе и се трите победи на Франција.. ама како што се одвиваат работите и со нивната не убедлива игра, прашање е дали и ќе ги имаат тие три победи.
Интересна група ќе биди, барем по неизвесна од нашата, каде две репрезентации предничат и речиси е сигурно кој ќе се во 1/2 финале.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wgt
колку би сакал Хрватска и Унгарија да одат понатаму... ќе биде тешко со Шпанциве вечер за Хрвативе. Во последниот меч Шпанија ја смени одбраната и не играше некоја варијанта на 3-2-1 како на првиот меч со Франција и делумно со Унгарија. Не знам каква одбранбена тактика ќе изнесат вечерва но во напад сигурно се послаби од Хрватска, а во одбрана според мене подобри. Ќе биде жустро...едвај чекам да почне...
 
Унгарците играат исто како на домашен терен во Нови Сад, имаат голема поддршка од трибините, слична на онаа нашата во Ниш.
Би требало да ја совладаат репрезентацијата на Словенија, па мислам дека и Исланд ќе биди совладан ако добро одиграат, со тие две победи, ми се чини дека заедно со Хрватска ќе се пласираат во 1/2 финалето од оваа група.
Шпанија мислам дека нема да издржи во оваа фаза.
Ако тоа погоре што го пишав се оствари, залудни ќе и се трите победи на Франција.. ама како што се одвиваат работите и со нивната не убедлива игра, прашање е дали и ќе ги имаат тие три победи.
Интересна група ќе биди, барем по неизвесна од нашата, каде две репрезентации предничат и речиси е сигурно кој ќе се во 1/2 финале.
Унгарците ја имаат истата поддршка бидејќи во северот на србија има доста голем број на Унгарци а најмногу во Нови Сад
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom