За да стигнеш до екипа од странство,треба прво да си во репрезентација.За да стигнеш до репрезентација,тие што тренирале,или имаат барем некакво искуство со тоа,знаат дека 90% од децата,се со врски.Не дека тие деца незнаат да тапкаат топка,меѓутоа има и други деца,кои можат да ги,"изедат" тие репрезентативци.Друга работа што е уште полоша,тие деца што играат за репрезентација,го немаат она,во нив,жарчето кое би ги терало да дадат,не 100% на терен,туку 150%,со оглед на тоа што играат за Македонија,скоро сите се фанови на Србија,Америка и воопшто не го сфакаат сериозно тоа што се репрезентативци на МАКЕДОНИЈА.Тие 90% играат само ради шмекерство,а за иднината имаат осигурано од мама-тато-дедо работа во нивната приватна фирма,наспроти тие деца кои што умираат од тренинзи,и приоритет им е САМО кошарката.
По ова,ретко зимаат странски екипи наши деца,и да земат,тоа е за одреден период,каде што се покажува тоа туркање во нашава држава.
Мислам дека ти ја објаснив ситуацијата,ова е за сите спортови,но јас сум видел(читај знам) за кошарката.За останатите спортови,сум слушал муабети дека е така,но можеби и не е така,значи не ме држете за збор за останатите спортови.
Можеби ќе те разочара овој одговор,или ќе мислиш дека измислувам,но таа е вистината.
Поздрав.