Претепано момче во НИШ

  • Креатор на темата Креатор на темата Strenght
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
и во битола ги оштетија еврејските гробишта на времето.
и сега што сите битолчани се антисемитски настроени ??
се случува тоа е.
 
Стварно не ги разбирам Србиве, како да сме отишле таму да им го освојуваме Ниш се понашаат, а не да како да сме обични навивачи. До сега успеаа неколку пати да не испровоциараат и пак е добро што нашите не подлегнаа на провокациите. Дефинитивно најлоши домакини од сите кај што гостувала наша репрезентација во било кој спорт.
 
Значи познато е дека Македонецот што е претепан, не бил дојден да навива!
Туку тој е претепан од други причини, а досега никој не ги знае точните причини.. Од наша страна е да останиме верни и да ги бодриме нашите играчи !
<3 MАКЕДОНИJA <3
 
Е сеа претерувате малку...Јас тврдам дека најголемиот дел од србите не сметаат за најпријателски народ... и ние малку се курчиме. Никад не се десило да ни го палат знамето како нашите сакани шипови или како грците или што знам. Имам неколку пријатели срби кои се радуваат на сите победи наши исто како мене.
 
Е сеа претерувате малку...Јас тврдам дека најголемиот дел од србите не сметаат за најпријателски народ... и ние малку се курчиме. Никад не се десило да ни го палат знамето како нашите сакани шипови или како грците или што знам. Имам неколку пријатели срби кои се радуваат на сите победи наши исто како мене.
Како тоа ние се курчиме, извини а ? Наше ќе биде Белградско поле ли пеевме?
 
Јас не знам како може да ги поврзувате овие настани со палење на знамиња, и со тоа на РТС во пријателскиот меч... На крајот ова се однесува на личност што не била навивач и имала приватни проблеми со друго лице при што настанала тепачка... Да им се мочам на статииве и новинарските глупости..
 
Од мравка слон направивте со темава..
одма се почнува со национализам.. одма со омраза со плукање.. аман бе луѓе аман..
форумов не е место кај шо можете да си лечите комплекси. Кога не ја знаете целата приказна што одма вие суд донесовте. Можеби дотичниот си го заслужил.. или не е битно тоа.. битно е СРБИТЕ ПРЕТЕПАЛЕ МАКЕДОНЕЦ ... ајде сега зимајте пушките и ќе се тепаме ...

страшно... страшно е тоа што се случува со младинава ..
 
Јас кажав, ќе повторам пак, КОЈ САКА ДА ШИРИ НЕКОЈА ПРОПАГАНДА ќе се прави мутав и ќе збори дека е ова на национална основа!

1. Не е во прашањее навивач.
2. Не знаеме ни кој е, ни како започнало, можеби отишол да им р'кне у фаца на дечките што го тепале.
3. Случаи вакви милион!
4. Кога некој ден ќе изедам ќутек у маало ќе речам ме тепаа пошто сум Србин ;) (тек да идам по нечива логика)
 
Точно е дека и новинарите преувеличуваат, но ова им е веќе 3 глупост, а само 1 ден помина од почнување на првенството. Ај еднаш беше случајна :свиркам: провокација, ај двапати со графитот, ама ова им стана навика, не би ме изненадило и утре да направат пак нешто. Стварно треба да се пази на кој му се доделува организација на европски првенства.
 
Темава очигледно нема никаква врска со ракомет, ниту пак со актуелната ситуација во Ниш. Ова е изолиран случај. Затоа иде во Канта.
Нишлии се пријателски настроени и се радуваат што сме таму, верувајте. Барем тие со кои имав контакт :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom