Sony ericsson j10i2 (elm)

  • Креатор на темата Креатор на темата DreamCoder
  • Време на започнување Време на започнување

DreamCoder

По потрага на совршенство :)
Член од
15 ноември 2009
Мислења
77
Поени од реакции
9
Локација
Овдека :)
Слушам дека телефонов бил квалитетен и убав.Дали некој го има овој телефон па да го сподели искуството што го стекнал? И кај можам да го најдам во Битола или Прилеп? xD
 
Телефон кој не е смартфон не е веќе телефон.
 
Не е лош али за исти пари имаш подобри телефони.Кај овој телефон немаш добар OS (не ти нуди ништо) и немаш добра прегледност кога си на интернет за разлика од другите телефони со екран на допир или QWERTY тастатура.За слична сума имаш xperia x8 кој е доста солиден телефон со добар екран на допир и андроид ОS.
 
И јас мислам исто како дечките погоре, да не се зезаш со такви играчки, побарај како што тои спомнаа X8 или некој од послабите модели на LG Optimus серијата со Android OS. :)
 
а бе човеков е еден вид колекционер па затоа бара таков телефон:)
 
Јас имам и ептен сум задоволен. 6 месеци е стар, а најдобро од се му е камерата ептен добри квалитети има. Топ телефон, со пристојни димензии.
 
Колку за ало-ало врши работа, исклучи-уклучи и тоа е. Како што кажа Џои погоре, штом не е смартфон, не е телефон. Али за да можеш да се слушнеш со швалерката врши работа. :D
 
Го имам истиов телефон веќе една година . У глобала е ОК , 5 мп апаратот вади добри слики , нема ОС , батеријата држи 3-4 дена ,има слот за мемориска картичка , има WIFI , апликации за јутб,фејсбук,јаху и други , гугл мапс, навигација (мислам дека е со доплата) ....
Мана му е што е претерано спор , ама претерано , често се закочува по мора да му се вади батеријата .
Сума сумарум , ако ти е за ало ало , за сликање , за проверување на фејсбук и јаху ( кога има вифи) , ќе ти врши работа :)
 
Ја го иам, го земав пред 4 месеци и е ОК. бар за парите кои ги дадов е ОК. Како тип(ваков, а не смарт) на телефон е одличен. Можеле само боље слушалки со него да понудат. Се сложувам со се кажано за телефонов, освен за тоа дека кочи. Не ми се десило до сеа да ми се закочи до тој степен да морам батерија да вадам.

И за наоѓање мислам дека тешко да го најдеш. Јас кога го барав, ми рекоа дека бил во процес на повлекување од продажба и едвај го најдов.
 
Телефонов ми стана фаворит, ова е следен телефон што би сакал да го земам.
 
Не е лош али за исти пари имаш подобри телефони.Кај овој телефон немаш добар OS (не ти нуди ништо) и немаш добра прегледност кога си на интернет за разлика од другите телефони со екран на допир или QWERTY тастатура.За слична сума имаш xperia x8 кој е доста солиден телефон со добар екран на допир и андроид ОS.

и шо дека нема ОС па ако има можи којзнае шо ќе работиш пак фејсбук ќе отвараш, резултати да видиш и такви тракатанци. И шо дека ќе лупнеш уште 150 евра нагоре за да има плус ОС а другите опции се исти? Јас имам ваков ама Хазел тој со лизгаш шо е ми брка работа ми се нашол и за симнување драјвери и се и сешто супер е телефончето
 
Не дека нема да врши работа Sony-то но многу си ограничен со него, сепак смартфон си е смартфон. Е сега ако ти само подразбираш дека користи само за фејсбук и резултати тогаш немаше да постојат и Хазелот е измислен телефон за тебе. Сите телефони со напреден OS скоро ги стигнаа лаптопите, до лето сигурно ке ги престигнат. Без навреда, ама не "држи вода" тоа што го збориш, ама ич. :)
 
јас мое мислење си кажував и за то шо ми треба ми е супер пошто необожавам телефони на тач како хпериата 8 имам 3 сменато на тач така да за парите е таман со опциите шо ги има. А дека че имаш ОС да не праиш транскаци на акции од макпетрол абе ајде
 
Пак ке ти потенцирам, значи реков дека ке врши работа, далеку од тоа, за "ало-ало" и некое пораче ако прочиташ. За твое лично изненадување, замисли, мојот смартфон баш го користам за моите професионални обврски и не ми треба да го "м'кнам" лаптопот со мене секаде. Значи да читам и праќам мејлови, едитирам и печатам документи, да си ги пратам пратките во странство и на царина, да вадам и проследувам разно-разни одобренија од министерствата итн.

Да резимираме, Sony-то е Ок, ама за педесетина евра плус ке имаш многу (драстично) подобар телефон, дури и без тач скрин. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom