www.couchsurfing.org

  • Креатор на темата Креатор на темата Брокер
  • Време на започнување Време на започнување

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Што е CouchSurfing?
Замислете да имате некои интересни пријатели каде и да одите колку и да сте одалечени.
Со 3 милиони членови од повеќе од 230 земји во светот couchsurfing е страна каде што може да се најдат пријатели со исти интереси и сличности.

Која е цета и како работи оваа web страна?
Заминувате на патување во некоја друга држава каде што никој не познавате а сакате авантура на оваа веб страна можете да најдете луѓе од сите држави кои бесплатно нудат сместување и поминување на добро бреме заедно. Се што треба е да се логирате и да го напишете името на градот или населеното место и ќе излезат сите кои што се заинтересирани за сместување на луѓе кои што не ги познаваат одберете ониој кој мислете дека најповеќе одговара на вашиот профил.
Mожете да најдете и луѓе со кои што заедно ќе шетате и ќе откривате нови места се на се прекрасен сајт кои постои околу 13 години а за жал во Македонија многу малку знаат за овој сајт.

Јас имам профил од многу оддамна меѓутоа утре очекувам couchsurfer од Бразил и од Турција патуваат заедно па затоа се сетив да ја отворам и темата, пред се да ја промовирам web страната а и да отвориме дискусија дали е добра идејата и дали некогаш би заминале кај некој непознат или би примиле некој непознат во вашиот дом,
Од Македонија има околу 1400 членови на оваа страна во споредба со Словенија држава со приближно 2 милиони жители има околу 12.000 членови.

Еве линк од web страната
http://www.couchsurfing.org
 
Ја знам странава одамна ама ми сметаше и тогаш а ми смета и сега што упорно сме Macedonia-FYROM.

Кога ќе видам нешто такво на страна која промовира услуги и дружење губам воља да ја користам.
 
Ја знам странава одамна ама ми сметаше и тогаш а ми смета и сега што упорно сме Macedonia-FYROM.

Кога ќе видам нешто такво на страна која промовира услуги и дружење губам воља да ја користам.

Е да навистина смета меѓутоа сме само 1400 членови кога би биле 10.000 мислам дека би можеле да се потрудиме да го сменат тоа. Вака нема некоја некоја активност од страна на Македонците.
 
..
Е да навистина смета меѓутоа сме само 1400 членови кога би биле 10.000 мислам дека би можеле да се потрудиме да го сменат тоа. Вака нема некоја некоја активност од страна на Македонците.

Тие 1400 треба да почнат да праќаат мејлови до централата да се смени фиромот. Ако никој не се буни нема ни да има промена.

Мене не ми паѓа на памет да користам доброволно сајт каде морам да се регистрирам со фиром.

Треба бунење во секој случај макар биле и само тројца ;)
 
Pedobear loves this place :)

1. Дали си среќен што твојот број на мислења се зголеми на 358 со овој глупав коментар?
2. Што воопшто правите а овој форум, која ти е целта што губиш време на форумот, дискутираш, разменуваш мислења или што.
3. Дали воопшто ја разгледа страната статистиките и дали прочита тоа што го напишав?
4. Ако сакаш нешто да искоментираш можеш тоа да го направиш на јазик кој е разбирлив за сите а не со некои маме чуда кои што единствено ги знаат луѓе кои цела младост ја поминуваат на интернет ( најверојатно си еден од нив).
Затоа следен чекор нека ти е направи профил на web страната види како функционира и те молам пиши нормални постови како сите нормални членови на форумот.
 
1. Да среќен сум
2. губам време
3. не
4. i like my way better
 
Ќе ве замолам за возджување од офтопик коментари, особено од луѓе кои не се дел од couchsurfingot.
Член сум веќе две години, сум имал потреба од една ноќ смештај во србија, а останатото јас сум сместувал нон стоп. Морам да напоменам дека сепак треба да внимавате што сместувате.По обичај сите се туристи кои идат од некаде и одат некаде, но сепак разлика има голема во карактерите. После неколку искуства со западњаци , упорно ги одбегнувам особено холандија,данска,германија, а особено велика британија заради нелогичните размислувања и ниските гледишта за нашата земја. Затоа пак, сум поминал топ со источњаците, особено тајван,јапонија,саудијците,турците па и со египќаните, иако имаат премногу лош изговор на англискиот а можеби не е ни англиски тоа што го зборуваат.

За балканците не кажав, ќе забележите големи сличности, во култура, јазик, однесување...можеби ќе имате различен јазик и ќе користите англиски да се разберите и со словенец, али сепак, искуството е интересно и споредување на сличностите. Досега сум сместил од повеќе земји, почнувајќи од соседна бугарија, грција (македонци од егејски дел) , албанија, полска, словенија,словачка,романија,данска,чешка,холандија,в.британија, 1 американец (немате поим колку ретардиран народ се) ,тајван,јапонија,дубаи,турција,курдистан, и египет.

На секој што сака да запознае луѓе,различни култури и ја покажи својата хуманост, му го препорачувам овој сајт. Сепак сака внимавање , во врска за тоа кој го сместувате.Повеќето што ќе ви се обратат за смештај, се луѓе кои избегаваат да платат и најефтин смештај, во превод гагаџии, и од истите нема да добиете ниту благодарам па ниту нешто интересно ќе научите.Преферирам да сместувам луѓе кои имаат поширока листа на Couch Experiences, десно од профилот се гледа кој што кажал за него и тој што кажал за смештајот, има слики исто така, па според тие податоци можи да се заклучи дали туристот е човек кој сака да научи нова култура,и да ја претстави својата, или случаен патник кој штедејќи го секој денар го искористува вашиот дом за престој.
 
Дај бе дечки да ја раздвижиме темава. Ја отворив пред една година се со цел да ја промовирам оваа мрежа а истовремено култура која што зема се поголем замав. Само во Македонија има околу 3000 членови, од кои 1600 се од Скопје. Сигурен сум дека голем дел од нив се и членови на Кајгана форумот.
Баш би сакал да слушнам искуства од сите кои што биле некаде или примиле некој кој што ја посетувал Македонија, се со цел да привлечеме поголем број на Македонци кои што ќе бидат активни на оваа социјална мрежа.
Моето последно искуство беше пред еден месец во Холандија. Требаше да одам на една посета во Утрехт 4 дена. Меѓутоа заради авионскиот распоредот морав да останам еден ден во Ајнховен и три дена во Амстердам. , прво спиев еден ден во Ајнховен кај една Турчинка навистина прекрасна личност најдовме 100 заеднички теми и доста брзо ми помина денот. Потоа Амстердам спиев кај 2 студенки исто така незаборавно искуство.

Уште еден проблем кој што морам да го споменам е "Фиромизирањето" на нашата држава доколку се собереме и заеднички да реагираме можеби и ќе се смени нешо

Има доста видеа и доста интересни документарци направени за оваа мрежа па ако не ве мрзи гледајте ги.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom