ЦИА - Центар за истражување и анализа

  • Креатор на темата Креатор на темата CIASkopje
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
http://cia.boro.x10.mx/?p=2
"НАПОМЕНА: Овие истражувања се базирани врз основа на не знам си какво население..."

:facepalm:

Добро, како може да пуштите онлајн ваков сајт?
Можеби требаше прво да го средите доменот и сајтот, да објавите некоја анкета, да ги испеглате сите недостатоци и бисери од типот на „базирани врз основа на не знам какво населени“, па дури после тоа да се промовирате. Се согласуваш? :)
 
Секако дека се согласувам. Но и ќе повторам, beta тест на сајтот, и баш поради овие коментари е и онлајн :).
Инаку, анкетите и истражувањата се во сопственост на нарачателите односно клиентите. Не верувам дека очекувате дека некој би споделил истражување на пазар и фокус група на интернет, нели?
Инаку, спроведените социо-општествени и политички истражувања, ќе бидат во најкраток можен рок објавени на страната.

Благодариме уште еднаш на конструктивните коментари :)
 
Вакво претенциозно претставување на некоја организација, а уште помалку на центар за истражување не сум слушнал одавна. Значи првенствено се претставувате како професионална организација, а уште во старт сите други вакви организаци ги претставувате како „куп нови квази истражувачки агенции“. Јас тука професионализам не гледам.

Понатаму тврдите дека истите тие организации не се независни (претпоставувам сакате да ја искажете вашата загриженост дека се истите политички обоени), додека од друга страна вие сте чисти како солза. Дали се или не се не е на вас да судите. Ваша работа е да си работите како што треба, а да оставите јавноста да пресуди за другото. Вие уште не сте засукале ракави а веќе ги обвинувате сите оклоу себе.

Еве да ве простудираме малку и вас. Колку видов од вашата страна едниот сопственик бил претседател на студенстки сојуз на Правен факултет, а другиот сопственик бил своевремено помошник министер за внатрешни работи и советник на потпретседател на влада. Јас лично не се занимавам со политика, но од досегашните случувања во нашата земја, горенаведените позиции се во 90% на случаите завземени од луѓе блиски на власта.

Што се однесува до истражувањата сосема нормално е дека мора да имате согласност од нарачателот за да јавни ги објавите резултатите, тоа секој го знае. Но дали сте чуле за референтна листа?

Кај мене лично, како граѓанин на оваа држава, довербата веќе ја изгубивте (што верувам не ви значи ама баш ништо), а верувам ќе ја изгубите и кај многу други ако не го смените начинот на кој ја промовирате вашата организација.
 
Ваше е дали ќе ја изгубите или ќе ја имате довербата во организацијата. А ние ќе се трудиме да ви го докажеме спротивното.
Ние не навредивме никого, само ја преставивме моменталната жална слика во оваа бранша. Истражувањата се користат за менување на јавното мислење, а не за тоа за што се наменети, односно за пресликување на јавното мислење такво какво што е, објективно.
Благодариме уште еднаш на позитивната кртика.
Со почит

П.С. И да референтната листа ќе биде објавена најверојатно по празниците, од проста причина што сеуште е во изработка.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom