Toddlers & Tiaras

  • Креатор на темата Креатор на темата Мацата
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
10 јануари 2011
Мислења
238
Поени од реакции
306
Темава ако спаѓа во друга категорија преместувајте ја :)

Реалново шоу не знам дали се емитува на некој канал во МК и дали го знаете. Следи различни семејства кои децата (девојчињата) си ги пријавуваат на различни избори за убавина. Прв пат е емитувано 2009.

Е сега, јас сум ЗГРОЗЕНА!!! Во видеото подолу ќе видите што се им прават родените мајки на тие девојчиња кои се најмногу 10/11 годишни. Депилација на веѓи, избелување на заби, со сила влечење по под за да се направи фризурата. Кажувања дека е дебела и мора да ослаби!!! :confused::confused::confused::confused: Ги облекуваат како курвиња често!!! Танците им се :cenzura: И ред други работи. Ма оние се за во затвор бре.

На овие деца тотално им се искривува претставата за реалниот свет и за вистинските вредности. На сите најголемите 2 желби им се да заработат што повеќе пари и да бидат мис на Америка.

Јас никогаш не би подложила мое дете на вакво нешто и според мене вакви натпреварувања треба да се забранат со ЗАКОН!!! Па тоа се деца да му се сневиди :(

Вие што мислите?

Еднаш пишав да си се цитирам :

" Хмм, оваа тема е доста дискутабилна ама неизбежно ме потсеќа на епизода од Пријатели кога Рејчел ја носи Ема ( нејзината ќерка) на избор за убавина. Ајјјјјјјј се убив од смеење. Имаше сцена од епизодата кога Рејчел и става шминка на детето, само за да биде повпечатлива. Е за тоа сум против! Поради шминкањето, поради тромозењето на дечињата, поради лажните вредности кои им ги поставуваат, па и кога ќе размислам малку подобро зарем тоа малечко детенце нели може да си набие комплекси со тие избори кои би го прателе цел живот! А зошто сетоа тоа , за да се задоволат болните желби на родителите. Секако дека не сум за ваквите избори! "
 
And again...

12554874.jpg
 
Ако де, зборете ги и правете им гледаност па до 10та сезона ќе догураат :icon_lol:
 
Рај за педофилите. Сите кои ја гледаат оваа „емисија“ треба да одат во затвор.
 
Емисијава ја пратам од тогаш некаде, 2009, со тоа што последниве месеци не сум начекала нова сезона - а и немам време. Искрено, доколку детето го сака тоа, немам ништо против, но има ситуации кога ги присилуваат, и од тоа ми се згрозува.

Имам 8 годишна сестра, се би дала за да оди на таков избор, дома ужива да ја облекувам, шминкам, чешлам, итн. Но, што и да е тоа, ако детето не го сака - не ни треба да се тера да прави.

Инаку, не ги облекуваат никогаш како ,курвиња,, а и што и да значи тоа за тебе лично, преиспитај ги своите вредности.
 
Детето и да го сака тоа, сепак е дете. Родителот како повозрасен треба да му укаже што е правилно, а што не е. А на оние родители кои ги присилуваат децата, колку да си излечат некои свои комплекси од детството, треба да им се одземат децата. Пример:
 
Искрено, доколку детето го сака тоа, немам ништо против...

Имам 8 годишна сестра, се би дала за да оди на таков избор, дома ужива да ја облекувам, шминкам, чешлам, итн. Но, што и да е тоа, ако детето не го сака - не ни треба да се тера да прави.

Инаку, не ги облекуваат никогаш како ,курвиња,, а и што и да значи тоа за тебе лично, преиспитај ги своите вредности.
Erm.... what?!?!? :eek:

U CRAZY???

Дали ти очекуваш дете од 10 години да знае што е добро за него?

И нормално дека на сите девојчиња од 10 години им е интересно да си играат со шминка and shit, али тоа не значи дека треба цел свет да ги гледа во такво издание. Сепак се ДЕЦА.

Не ги облекуваат како курвиња... :facepalm:
 
...
Инаку, не ги облекуваат никогаш како ,курвиња,, а и што и да значи тоа за тебе лично, преиспитај ги своите вредности.

Да, ги облекуваат. Не реков дека секогаш, но ги облекувале, тоа е и една од контроверзиите на ова шоу. Инаку додека се ограничуваат то облекување, дотерување (да нагласам ПОГОДНО за дете), нормални игри кореографии и такви ствари се е ок. Но депилација на веѓи и рачиња, нападна шминка, торта фризура, маски за лица (на детска кожа алооооооо) веќе треба да е казниво, во еден клип мајката му кажа на девојчето дека имало дебело лице (или дебели образи, не памтам точно) и требало да внимава што јаде :tapp:

п.с. ЈАС ли треба да си ги преиспитам вредностите?
п.п.с. Ова на што личи? Девојчево има можеби 5-6 годинки
pageant+girl.jpg

Позава и штикливе за девојченце не ни влезено во пубертет ли се?

beauty1-300x200.jpg

Ова има 7 години. Јас би и дала 13-14
7bc416b3d1e2ee6dffbf70707acd73ce.jpg

Ова е 3 годишно и е облечено како курвиче

article-0-0DBE592A00000578-742_634x334.jpg
 
Болна работа!!! Инаку се сложувам со другите. Педофилите на оваа емисија :drk:
 
Erm.... what?!?!? :eek:

U CRAZY???

Дали ти очекуваш дете од 10 години да знае што е добро за него?

И нормално дека на сите девојчиња од 10 години им е интересно да си играат со шминка and shit, али тоа не значи дека треба цел свет да ги гледа во такво издание. Сепак се ДЕЦА.

Не ги облекуваат како курвиња... :facepalm:

Не, ниту едно од девојчињата не е облечено како проститутка, ако на тоа целите. Се обидуваат да ги направат по ликот на Барби, што е најпопуларна женска детска играчка. Јас тоа не го оправдувам, на моето дете не би му го правела тоа. Би го облекла во светкави фустанчиња, и би го нашминкала (чисто информативно, постојат шминки за деца, кои не се штетни за детето), но никогаш не би го депилирала, не би му белела заби, ниту би му чупала веѓи, уште помалку би му ја боела кожата или би му ја фарбала косата.
--- надополнето: 27 декември 2011 во 13:55 ---
Маца, во погорниот пост образложив ;) Имам проблем со терминот ,,курва,, , посебно кажан од женска уста.
А девојчињата не сум приметила да ги облекуваат како проститутки, веќе како жената со замислено, фантастично тело и лице - Барби.
--- надополнето: 27 декември 2011 во 13:57 ---
Детето и да го сака тоа, сепак е дете. Родителот како повозрасен треба да му укаже што е правилно, а што не е. А на оние родители кои ги присилуваат децата, колку да си излечат некои свои комплекси од детството, треба да им се одземат децата. Пример:

And again - зошто да не си го облечам девојчето како принцеза, зошто да не го нашминкам (а не искречам!!!). Се што подразбира малтретирање на детето е погрешно, но истакнување на детската убавина (да, не се сите деца убави, како што не се сите луѓе убави) за мене е сосема во ред.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom