Причини за болка во зглобовите, превенција и лечење

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.304
Поени од реакции
34.687
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
На оние луѓе кои се постојано физички активни и редовно се рекреираат, многу добро им е позната онаа досадна болка што се јавува понекогаш во зглобовите. Најчеста е во колената, колкот или лактите, а може доста да ги исплаши „жртвите“.
prichini-za-bolka-vo-zglobovite-prevencija-i-lechenje-67754.jpg

Потеклото на болката обично се поврзува со претренираност и абење на зглобното ткиво, но можно е да ги исплаши рекреативците дека нешто „страшно˝се случува, па престануваат со активност или ескивираат лекарски преглед. Соочувајќи се многу често со поплаки од овој вид, сметам дека секој оној кој е редовен во своето рекреативно вежбање, треба да има минимално познавање за структурните карактеристики на зглобовите и како може да си пружи основна самопомош. А секако, и во пресрет на скијачката и бордерската сезона, добро е да бидете информирани како да ги заштитите, односно како да ги нахраните своите зглобови, особено колената.

Зглобовите претставуваат анатомско место каде што се спојуваат две коски. Р̕скавицата е составена од колаген и го спречува оштетувањето на коските од меѓусебното триење (фрикција). Друга важна состојка која има заштитна улога и ги дистрибуира хранливите елементи до зглобовите претставува синовијалната течност. Многу е јасно дека кога зглобовите се изложени на поголеми физички напори и подолго време во континуитет, основните компоненти на р̕скавицата се трошат и предизвикуваат болки. Доколку не се работи за некоја патолошка дегенеративна состојба, со адекватни суплементи може да се намалат и отстранат болките, поточно со едноставно „подмачкување˝, можете да продолжите со својата омилена рекреација.
prichini-za-bolka-vo-zglobovite-prevencija-i-lechenje-67755.jpg


Кога се зборува за суплементите за зглобови, треба да се знае дека тоа не се лекови, ниту медицински средства кои се земаат исклучиво по препорака на лекар, туку се средства кои се класифицирани како додатоци на исхраната и се во слободна продажба. Постојат најразлични препарати под различни трговски имиња, а основните состојки кои треба да ги содржат се глукозамин, хондроитин сулфат и метилсулфонилметан. Овие соединенија не ги внесуваме преку храната како витамините и минералите и затоа е потребно дополнително да се внесат преку соодветни суплементи.

Глукозаминот е основен прекурсор за синтеза на глукозаминогликани кои се основна компонента на р̕скавицата. Примената на ваков препарат го превенира намалувањето на р̕скавицата и ја обновува веќе оштетената.

Хондроитин сулфатот е примарен глукозаминогликан кој го обезбедува отпорот при компресија на р̕скавицата. Често се комбинира со глукозаминот. Клиничките студии покажуваат намалување на болките во зглобовите по секојдневно земање на овој препарат во одредена доза, која се движи од 800 – 1200 милиграми.
prichini-za-bolka-vo-zglobovite-prevencija-i-lechenje-67757.jpg

Метилсулфонилметанот не е толку истражуван како претходните два, но сепак неговото позитивно дејство е клинички докажано и покрај изолираните случаи на неефикасност.
Меѓу добрите „подмачкувачи˝ на зглобовите спаѓаат и витаминот Ц и омега масните киселини. Можеби ќе се изненадите, но освен што го поткрепува имунитетот, овој витамин е клучен во синтезата на гореспоменатиот колаген. И покрај тоа што комерцијално не се продава како суплемент за зглобови, можете да го консумирате преку свежото овошје и зеленчук.

Омега масните киселини се познати во превенцијата од срцевите заболувања, но редовното земање ги намалува и воспалителните процеси во зглобовите. Природни извори на омега-3 масните киселини се рибините масла, лосос и слични масни риби.

Сосема на крајот, доколку имате остри и акутни болки кои ви го ограничуваат движењето, најдобро е да се консултирате со лекар. Кога вежбаме, најчесто мислиме само на мускулите, забораваме дека за секој чекор ни се потребни здрави и стабилни зглобови. Затоа обидете се навремено да ги „подмачкате˝:)

виа Кајгана
 
Јас имав болки во зглобовите едно 2-3 недели .. Вежбав 5x5 програма каде правев малку повторувања со големи тежини.. Изгледа од неправилно држење или преголем товар ме кинеа зглобовите..

Одморив 1 недела и вежбав 6-8 повторувања.. После тоа бев како нов :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom