Од наредната сезона и македонски претставник во Јадранската" Гудјиер лига"

  • Креатор на темата Креатор на темата маркетар
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Radical Boy напиша:
Еве сега имаат шанса Струмица да покажат дека станале сериозна екипа и да се пријават и да играат во Фиба Купот. Ама, што се случува, гркот немал доволно пари сам да ја спонзорира таа екскурзија па сега моли за други спонзори. А за споредба, ФИба Купот е 10тина пати поефтина варијанта од Јадранска. Е сега, ако тој неможе да собере пари за ФИба Куп, тогаш како би собрал за Јадранска? (тука да не ги спомнувам условите што се потребни салата да ги исполнува и близината на аеродромот, инфраструкутрата на градот, брендот на името, сериозноста на тимот...)

Се на се, само работнички заслушуваше да оди во Јадранска Лига, ама оној Штерјо стиснатиот, како малку пари да има па да нема да собере милион, во гроб изгледа сака да ги носи и не презема ништо за да ја унапреди кошарката. Демек викаат за 1-2-3 сезони пак ке имале покана, ај да го видиме и тоа чудо, али сега треба кај и да оди Работнички да бидат страшно пцуени зашто и нанесоа огромен удар на македонската кошарка со неприфаќањето и упропастувањето на оваа голема шанса

Не верувам дека пцуењето нешто би требало да значи , мислам дека не треба да и се дава шанса повеке на фершпед да настапува во јадранската лига ...
 
iLe напиша:
Не верувам дека пцуењето нешто би требало да значи , мислам дека не треба да и се дава шанса повеке на фершпед да настапува во јадранската лига ...

ако не му се даде уште една шанса на фершпед тогаш 100% ќе немаме тим во јадранската лига
 
DoolroX напиша:
ако не му се даде уште една шанса на фершпед тогаш 100% ќе немаме тим во јадранската лига[/quote

Е па и не треба да му се даде да знаеш!!Работнички си мислат Јадранската лига е е*и ветер!!!За таму ти треба ептен стабилен спонзор,финансиска потрепа,добра организација во внатрешноста на клубот,најмалку 10 играчи кој може да играат во секој момент(а не ти ќе играш јадранска лига со Трајковкси,кочов,Стојановски:nenene:!!
 
TaZZ(BoomBoy) напиша:

абе ок али во моментов не само работнички туку ниеден македонски клуб нема екипа за мизерниот фиба-европа куп, а не па за јадранска лига :)
 
DoolroX напиша:
TaZZ(BoomBoy) напиша:
абе ок али во моментов не само работнички туку ниеден македонски клуб нема екипа за мизерниот фиба-европа куп, а не па за јадранска лига :)

Тоа Да ниеден клуб во Македонија нее е спремен да заигра во Јадранска Лига.
 
“Цели шест години македонските љубители на кошарката сонуваа Македонија да добие покана за да има претставник во регионалната Јадранска лига и кога тоа конелно се случи годинава. нашиот најтрофеен клуб едноставно ја врати вајд картата за тоа учество. Работнички, тимот кој го спонозрира “спортскиот мецена“ Штерјо Наков, преку својата компанија Фершпед, официјално немал услови(спортска сала), а всушност нема состав на играчи, бидејќи Наков не сакаше да го одврзе ќесето и да ангажира екстра играчи за да биде рамноправен во јадранското друштво. Во секој случај, Работнички Фершпед заедно со своите газди се вионвни што Македонија нема да има претставник во силната кошаркарска лига уште долго време, бидејќи несериозноста нема да ни мине лесно кај водечките луѓе на НЛБ Јадранската лига.“ - воведниот дел на статијата за оваа тема во Фокус од 22 јуни.
 
Во овој момент ми се чини и дека не е реално со ваква организација, ваква слаба лига, никакви спонзори да се направи екипа која што би направила било што повеќе од 2-3 победи во сезоната (што за мене би бил феноменален успех!). Не гледам како би биле рамноправни со најслабите, Сплит, Хелиос, Широки Бриег кои што имаат 4-5 пати поголем буџет од Работнички, и многу посилни лиги. Претходната сезона беше голем чекор напред, со разбивањето на монополот на Работнички, оживувањето на од секогаш кошаркарската Струмица (се надевам на подолги стази) и поголемата конкуренција во лигата.
Искрено, за да преживее само една сезона во Јадранска, на било кој тим му треба нешто над милион евра буџет, пошто у Јадранска лига не е направена за заработка, туку тимовите да одиграат што поглем број квалитетни меѓусебни мечеви. Платени се некаде околу 2 евра по километар, така да до Белград да речеме Работнички би бил платен околу 1600 евра во двата правца, што е едвај покривање на сите трошкови (автобус, клопа, сместување на ден на мечот, итн) Значи за нашиот тим повторно нема можност за заработика освен доколку не се најдат супер-силни спонзори што за нашето поднебје е рамно на научна фантастика.
 
Прав си за се, ама за спонзорите имаше најава дека Штерјо Наков (Фершпед и уште милијарда други фирми) и Комерцијална Банка ке дале прилично голема сума на пари, ама на крајот се тоа испадна како шпекулации.

Многу малку луѓе ја знаат вистинска приказна зошто Работнички не влезе во Јадранска Лига, а таа не ниту во парите, ниту во салата, а јас, нели реков дека јас нема да ја споделувам мојата информираност со луѓе кои ако им кажеш нешто што не сакале да го слушнат, а всушност е тоа така, почнуваат да ти кажуваат дека си бил самобендисан и дека само ти си знаел. На крај провоцираат, а некој друг го јаде стапот.

:ban?::ban?::ban?:
 
прав си пријателе
 
Тогаш не спомнувај воопшто. Или кажи или молчи како гроб. А сега кога спомна, ме интересира какви информации имаш... :zlo:
 
Тогаш не спомнувај воопшто. Или кажи или молчи како гроб. А сега кога спомна, ме интересира какви информации имаш... :zlo:

Несакам да ме мислат за самобендисан и да ме оговораат дека сум се пувал дека сум поинформиран од нив хехехехехехе

Имаш ПП :)
-----
:ban?::ban?::ban?:
 
После сите перипетии во стилот дали, кој, како, што итн. епилогот го видовме сите.
Работнички доби вајлд карта, но се откажа...
дали откажувањето беше под притисок на некои посилни федерации, дали беше поради самиот Работнички, тоа е во доменот на шпекулации, тоа го знаат најубаво луѓето од Јадранската лига и Работнички.
Што имаме сега?
1. И оваа година сме без учесник во оваа натпреварување.
2. Голем резил за мак-баскетот, ако Работнички излегол несериозен во сета ова работа.
3. Можеби некој кредит за во иднина, ако биле притисоци од некоја поголема федерација?
4. Останува горчливиот вкус предизвикан од фактот дека кошарката ни е на многу ниски гранки и дека некој си игра со нас како сака, токму заради нашиот (не)квалитет.
 
Незнам или ние многу се надевавме дека Работнички ке игра....па едвај дочекавме да му даат вајлд карта....ете и тоа се случи му дадоа не ја искористи...тоа е така требало да биде.
 
Mislam deka ne sme dorasnati za Jadranska liga ... Navsitana nema da stoi ubavo da gubime po 30-40 razlika od Paritzan-Cibona i podobro so Fersped Rabotin4iki se otkaza zosto i taka ke ja sramese Makedonskata Kosarka
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom