Грција се повлекува од Привремената спогодба?!

  • Креатор на темата Креатор на темата paparesta
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 јуни 2008
Мислења
260
Поени од реакции
6
http://www.time.mk/read/b6a969f1a4/a8ccaacb4a/index.html
СЛУЧАЈНО ИЛИ НЕ, ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ НЕ ЈА РАТИФИКУВАЛ СПОГОДБАТА

Грција се повлекува од Привремената спогодба?!

Дали официјална Атина сериозно размислува да го преземе овој бесмислен чекор и да крене раце од Спогодбата, свесна дека со тоа ќе стави крај на преговорите и ја потврдува својата неконструктивност?! Дека нашиот јужен сосед нема волја за изнаоѓање решение, сведочат и одбиените покани за средби

EDA8A5E6B801FF4EAC5276B3F936EDD1.jpg


Скопје неосновано крева прашина за Привремената спогодба и пресудата во Хаг, бидејќи Атина нема никаква правна обврска да се придржува кон неа, пишуваат грчките медиуми. По деталните анализи на договорот по хашката пресуда, грчки експерти бараат Атина да се повлече од Спогодбата, бидејќи била невалидна.

Привремената спогодба, којашто во основа е договор за економска соработка, случајно или не, грчкиот парламент не ја ратификувал и не е објавена во службен весник. Така овој договор е невалиден и не се применува и Грција може во секое време да се повика на своето право на вето против Скопје без каква било правна обврска", пишува во грчки "Етнос" адвокатот Фотис Канелопулос.

Грција ја маргинализира и пресудата на Меѓународниот суд на правдата, бранејќи се дека од македонска страна одлуката е преценета и властите ја пренесувале делумно, игнорирајќи го делот каде што Судот не и наложува на Атина во иднина да не не блокира.

За разлика од грчките власти кои молчеа на одлуката од Хаг, македонските веднаш по читањето изјавија дека Судот не и наложи на Грција како да се однесува во иднина, но очекува земјата да не повторува дејствие за коешто веќе е осудена.

Дали официјална Атина сериозно размислува да го преземе овој бесмислен чекор и да крене раце од Спогодбата, свесна дека со тоа ќе стави крај на преговорите и ја потврдува својата неконструктивност?! Дека нашиот јужен сосед нема волја за изнаоѓање решение, сведочат и одбиените покани за средби. Откако лидерот на грчка Неа демократија, Антонис Самарас неодамна во Марсеј одби средба со премиерот Груевски под изговор дека има преполна агенда, а подоцна Атина негираше дека покана за средба воопшто имало, Самарас се уште останува нем и на официјалното писмо кое македонскиот премиер му го испрати во петокот. Останува нејасно во која форма треба Самарас да биде поканет за да прифати средба.

Толкувајќи ја пресудата во Хаг во своја полза, грчкиот шеф на дипломатијата Ставрос Димас во интервјуто за грчки "Риал њуз" вели дека е задоволен од одлуките постигнати во меѓународните заедници во врска со спорот со името. Димас ги обвинува македонските власти дека сакаат да ги избегнат преговорите.

- Сериозна правна анализа треба да се врши на секој аспект на пресудата. Но, таа секако создаде тешка ситуација. Можеше да се очекува дека владата во Скопје ќе се обиде да ја искористи пресудата за да ги избегне преговорите на ЕУ и предусловите поставени од страна на НАТО. Нашата цел беше да се спречат овие настани, така што наместо да се продолжува проблемот, може да се постигне решение. По многу средби и контакти, меѓународната заедница испрати кристално јасна порака. Веднаш по пресудата во Хаг, ЕУ, НАТО, ОН и САД испратија порака дека решението за прашањето за името нема да произлезе од затворени врати и тие повикаа на посветеност за постигнување на решение преку процесот на ОН.

Токму ова е позицијата на Грција. Прашањето за името нема да биде решено во судниците, туку на преговарачка маса. Се надевам, за доброто на нашиот регион, дека Скопје ја сфаќа пораката, изјави грчкиот министер за надворешни работи, Димас.
(В.С.)
 
Па само нашиов парламент ја има ратификувано спогодбата...грците никогаш
 
Ова се знае од уште кога ни го бапнаа ветото во 2008ма. Сепак, кога спогодбата веќе стигна до Хаг, значи дека како што важи и за нас, важи и за Грција, без разлика што не е ратификувана.
 
Значи, не е потребно да се ратификува спогодбата. Во самиот договор, нема таков услов. А ако нема таков услов - со самиот потпис е доволно за да стапи во сила. Ова со ратификувањето стана како со Букурешкиот договор дека ќе ни ги вратат териториите. Сфашта...

А да, очекувано беше ова. Само некако пребрзо би било сега. За пола година би можело да е реалност, зашто вака е ептен после пресудата во Хаг и ќе немаат алиби за таа постапка.
 
Се согласувам со Дарк, не е возможно веднаш да се случи тоа, но некаде пола година, година дена, би требало, веќе е и очигледно дека кога тогаш Грците мора да попуштат.:icon_lol:
А и таа пресуда во Хаг, сигурно има свое значење, инаку зошто џабе се тужеа.
 
Ако Грците тоа го направат, е онда им пружам рака.. Треба и ние да најдеме начин како таа привремена спогодба ја мафнеме од товар.. Со пресудата од Хаг, во суштина тоа и се покажа, дека треба да се внимава во иднина што се потпишува, а во иднина создава непотребен и ирационален правен товар (привремената спогодба). Поготово што нејзиниот рок на важење е одамна истечен.
 
Белким ќе се повлечат и ние некои аир да видиме, доста само не бомбардираат во Нато во ЕУ, дај оставете на раат да си тераме, едвај добивме самостојност после толку векови и таа да ни ја земат.
 
Ако не им е ратификувана спогодбата судот во првата точка ќе се прогласеше за ненадлежен и немаше воопшто да донесе одлкука.Мислам дека во меѓународно јавно право нератификуваната спогодба има правно дејство.
Изјавите на високите државни претставници како еднострани акти создаваат меѓународно правни обврски за нивните држави само доколку тие имаат јасна намера во изјавата.

Не очекувам дека ќе се повлечат од спогодбата,ова е само опипување пулс на домашната јавност ,реакциитe на Македонија какви би биле и на меѓународната јавност,долго време се повикуваа на неа а со тоа би си дале автогол како дипломатија бидејќи тие ќе излезат неконструктивна страна.
 
Намерно или не Гејлада никогаш не ја ратификува спогодбата во својот парламент, така да ‘‘сега‘‘ не е обврзувачка за нив, т,е,не е валидна. Ама беше валидна кога се повикуваа на неа:tapp:
Нека се повлечат, ние одиме директно на нова резолуција за влез во ОН како Македонија со гласање.

П.С:.Аманнннн не се повлекувајте! Ќе жалиме, еве со години сме фиромизирани, знаме сменивме, устав сменивме, а бе и пол ако треба ќе смениме, само вие не се повлекувајте!!!
 
Нека се повлечат. Најубаво за нас. Ние ништо не добивме со спогодбата. Сменивме име, знаме, устав, а за возврат ништо. Ако се повлечат треба се да си вратиме на старо. И заради играчките што ги играа треба да добиеме обештетување.
 
Сепак се надевам дека нема да не разочараат ...баш се навикнавме на нив
 
1. Оваа тема и сите мислења тука може слободно да се префрлат-спојат со оваа: Одлуката на Меѓународниот суд за правда по повод тужбата на Македонија против Грција

2. Бидејќи во континуитет имаме безр'бетни Влади (вклучувајќи ја и сегашнава), коишто се неспособни да го направат одлучниот чекор и да ја откачат и онака НИШТОВНАТА "Привремена Спогодба" (ништовна е зашто е спротивна на најосонвите начела и одредби врз кои се темели самата ООН) ако тоа наместо нас го направат јужниве, коишто колку и да има валидност пресудата од 5 декември 2011, сепак имаат правна основа да се повлечат од спогодбата зашто никогаш и не ја ратификувале т.е. признале.

Таа фамозна "спогодба" е гробница на многу наши витални интереси, а нама никаква освен фашизоидно-изживувачка вредност наспрема нас за јужниве.

Ете ги тужевме и ги добивме на суд, и како што гледаме од тоа опипливите резултати по однос на нашето примање во НАТО и ЕУ се сеуште и повторно под знак прашалник.

Ова може да е еден голем блеф на јужниве и опипување на пулсот како што рече некој погоре. Зашто од друга страна отворено се потсмеваат и јавно пак си кажуваат дека никој не може да ги спречи ПАК да ни ставаат вето за било каде.
А да не зборам за домашната дебилна машинерија од г*мнојадци што се сити на сето тоа.
 
Не знам како да ви кажам, а да не се разочарате. ТЕОРЕТСКА ШАНСА НЕМА Грците да се повлечат од таа спогодба.
Тоа за нив би било политичко самоубиство без преседан. Таа спогодба е се што имаат во целиот овој спор...
 
Грција си е Грција, ние сме тие што мораме да го решиме спорот, тие нема што да изгубат, едноставно Грција е членка на ЕУ и НАТО, а ние можеме све да изгубиме,заради глупостите на Грујо..:tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom