Гардеробата од вашата мајка додека била млада

Член од
11 ноември 2011
Мислења
202
Поени од реакции
235
Темата претежно е за девојките ...Но не е на одмет и за машките кој носеле нешто од татковците. :)
Дали имате нешто што користите од мајка ви ,како на пример накит,облека,чевли,модни додатоци
Нешто што таа го носила кога била млада,а притоа да е добро зачувано,и секако да е во склад со она што е денес тренди ?

Денес ми извади плишани чизми до колена,црни,доле со машничка ..Тоа највеќе ме и инспирираше да ја отворам темава .Патем не ми се веруваше колку беа само зачувани како никогаш да не ги е облека :O,а да не зборувам колку само години поминале од тогаш до денес ...
Ми се фатија,а башка и ептен ми се допаднаа !
Инаку од нејзе исто така имам едно фустанче,али имаше мала корекција од моја страна,го скратив оти не ми се допаѓаше должината ...
Па ајде напишете и вие нешто доколку има ,ме занима многу :)
 
.....види вака...во тоа време....односно во времето на нашите родителе....можеби немало голем избор и разно разни брендови....но тоа што се нудело на пазарот било КВАЛИТЕТНО

...имам еден пар фармерки од таткоми....кои ги носел како млад....потоа јас ги носев неколку години додека не забегав со килажа.....и сеуште се очувани и здрави....за разлика од многуте фармерки кои денес ги купувам и после пола година или година ги фрлам пошто брзо се кинат и им се вади бојата
 
И јас сум носел фармерки од татко ми, подобри од нив до сега не сум носел беа такви износени малку скинати ама толку добри едноставно да не можеш да се изнаносиш, исто сум носел громби капут од татко ми, разни волнени блузони и да не редам.
За денешната гардероба да не расправаме, барем да е ефтина да не ти е гајле, вака пари даваш за после една година ги фрлиш и затоа си купувам втора рака, за тие пари што ги давам добивам многу поголем квалитет
 
Користам да, 3-4 парчиња облека, неверојатно зачувани, кои ептен малку ги корегирав. Сепак, не рекле за џабе модата се врти :)
 
Оооо да! И не само од мајка ми и од тетками, ами и од баба ми наоѓам некои работи :) Додуша пола плакар и го испразнив :))) хехе. Имам многу модерна баба, со многу добар вкус. Од накит до облека, чевли и ташни, се‘ си имам од нив :) И најмногу ми се допаѓа тоа што имам уникатни комбинации. :)
 
mama ima super krpcina i obleka nekoi od niv sega se vo moda i si mislam dali da gi nosam ili e sramota da ne iz\gledaat staro
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom