Одиме во Истанбул - овојпат по работа

  • Креатор на темата Креатор на темата paparesta
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 јуни 2008
Мислења
260
Поени од реакции
6
http://www.dw-world.de/dw/article/0...a=maz-rss-maz-pol_balkan_timemk-4724-xml-mrss

Балкан | 16.12.2011

„Одиме во Истанбул“- Многу Грци поради кризата заминуваат во Турција




Кризата нема крај. Затоа многумина Грци се решаваат да ја напуштат татковината. Освен класичните цели - прекуокеанските и европските земји, многумина се интересираат и за Турција.


„Сакам да си заминам, со сопругот и ќерка ми. За неа овде нема иднина. Јасно, секој почеток е тежок, но секаде е подобро отколку овде. Ако успееме, сакаме да заминеме во Истанбул. Ако не, тогаш Австралија. Но, главно надвор оттука“, вели една жителка на Атина во телевизиско шоу.
Истанбул Истанбул е првиот избор. Некогашниот непријател број еден - Турција, сега станува ветената земја за многу Грци. Многу работи се сменија во односите меѓу двете земји, смета професорот Димитриос Триантафилу, кој веќе една година предава во Истанбул. „Откако меѓу двете земји настапи период на релаксирани односи, пред околу 12 години, некои работи се сменија и во главите на двата народа - во прифаќањето на другиот. Оваа промнена доведе до тоа, Грците во зависност од образовното ниво, покрај традиционалните цели за миграција на запад, на пример Велика Британија, САД, Германија или Франција се повеќе се прашуваат: Зошто не си ја испробам среќата во Турција?“
Не само парите, културата во Истанбул ги привлекува Грците
За професорот Димитриос Триантафилу турската опција е успешен модел. Тој во меѓувреме раководи со центарот за меѓународни и европски студии на Кадир - Хас универзитетот во Истанбул. Токму за академските граѓани Турција е интересна цел. „Како академци знаеме од статистиките, дека најмалку два од 100 најдобри универзити во светот се наоѓаат во Турција. Во Грција немаме такво нешто“.
Не само парите се пресудни За масовно движење до сега не може да стане збор. Триантафилу познава 20 академци, кои се преселиле во Труција и околу 300 студенти, кои вредно учат турски јазик. Старите стравови кај младите ги нема, подвлекува колегата на Триантафилу, професор Никос Усунолу. „Пред се’ младите луѓе, кои лично немаат лошо искуство со Турција, сакаат да дојдат во Истанбул. Тие се обземени од културната сцена и динамиката на градот. Се’ разбира тоа е само почеток. Статистики нема. Но, пред 10 или 20 години никој немаше да верува во тоа.“
Грчки пилоти во турски авиокомпании
Грчки пилоти во турски авиокомпании Впечатлив е бројот од 40 грчки пилоти, кои седат во кокпитот на авиони на турските авиокомпании. Имено, сите тие биле претходно членови на грчкото воено воздухопловство. Турција, како цел за миграција не е атрактивна само поради економскиот бум. Близината овозможува, да не мора целото семејство веднаш да се сели и доколку е неопходно, иселениците веднаш може да се вратат дома. Кон ова се надополнува и сличниот начин на живот. Ова особено важи за Истанбул, вели професорот Триантафилу. „Мислам, кога Грците ќе дојдат овде, во оваа земја, и особено и кога ќе дојдат во Истанбул, заклучуваат колку се блиски двата народа по многу карактеристики: културата на јадење, ноќниот живот итн. Ова на многумина им олеснува да ја донесат одлуката“.
Така, климата и конзумот се многу слични, се разликуваат само поимите: грчкото узо на турски е раки, а гирото во Турција е донер, конечно и Истанбул некогаш се викаше Константинопол.
Автор: Кристина Буткерајт/ Александра Трајковска
Редактор: Симе Недевски
 
Греота се грциве стварно. Ја предлагам владава да отвори едно 10 шивачници у Гевгелија за да ги вработат тоа гркинките. Поволна плата - 30ЕУ и тоа секоја втора као знак на добра воља ја враќаат у фирма. Мореее ...
 
За едно две-три години очекувам турците масовно да се кренат на бунт оти грците им ги зимаат работните места и ќе бараат построги закони против грците имигранти+поставување заштитен имигрантски sид и засилување на граничните контроли.

South park Turkey:They took our jobs.
 
Само че ги прима турците или па че му да плата по 50 еур месецо .турците од секогаш се мразеле со еладите така му треба ...Незнам дали знаете ама на машиновозашите во елада му давале по 500 еура на плата ако им се шисти рацете е се незнам дали годишно ими месечно
 
Море да не заигра мечето Ушко кај нас.....................
 
ООООО Ние на Албанците оставаме,а бившите Yuninistanci се враќаат во својата матична држава и оставаат на Македонците.Не сакаат веќе да бидат Former republic of Yuninistan
 
Додека живеев во Истанбул, приметив дека во скоро секој 2 бар (дали кафе или сендвич бар) работеа грци, со кои што станав супер пријател и нормално на кои пред се им беа битни парите, а не Македонија.:icon_mrgr: Ама дека одат во пропаст, одат, со среќа нека им е.
 
За едно две-три години очекувам турците масовно да се кренат на бунт оти грците им ги зимаат работните места и ќе бараат построги закони против грците имигранти+поставување заштитен имигрантски sид и засилување на граничните контроли.

South park Turkey:They took our jobs.

Турција се соочува со Грчка имиграција,а ова за неколку години ќе биде голем проблем за Турција.. Со ова грците ќе се множат во Турција, и после ќе барат и тие човекови права како курдите...
Јас мислам дека турците ќе се освестат,и повеќе нема да ги примат грците..
 
Ако стварно е така,не ми е јасно на која финта грциве добиваат дозволи за работа
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom