Launchy, ќе ви го продолжи животот

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Возраст
39
Локација
@home
Launchy е алатка која има за цел да им дозволи на корисниците да заборават на користење на Start менито, иконите на Desktop-от, па дури и на барањето фајлови низ дисковите на компјутерот. Програмчето може да се преземе од www.launchy.net, а големо е само 525KB. Откако ќе се инсталира и повика, тоа нема автоматски да се појави. Работи во позадина, а по потреба се повикува со копчињата Alt и Space од тастатурата. Во празното поле внесувате неколку букви од името на програмата или иконата која ја барате и откако истата ќе биде пронајдена само притискате Enter. Сето ова се одвива многу брзо и навистина ефикасно влијае на заштеда на време. Со Escape, или повторно со Alt и Space, Lauchy се враќа во позадина. Доколку сакате, програмчето може да ви остане видливо цело време, а од подесувањата кои се повикуваат со десен клик на него, можете да си изберете друг скин, како и да ги конфигурирате копчињата за негово повикување и отповикување. Практично е што можете да назначите фолдер, чиј што податоци Launchy може да ги индексира, со цел и тие подоцна да можат да бидат најдени на истиот начин. Со неколку збора кажано, Launchy е мало, корисно, брзо и убаво парче софтвер, кое згора на тоа и функционира сосема беспрекорно. Пробајте го и сами ќе се уверите во тоа.
 
Нешто слично како Katapult на КДЕ. У ствари ќе му дое исто. Страва работа.
 
Интересно програмче, доста е брзо и корисно. Не користи ич од ресурсите на компјутерот работи во позадина без да смета.
 
Сеа го даунлоадирам...на скриновите ми се допадна дизајнот :)
 
Еј сеа ја даунлоадирав, супер е. Ви го препорачувам :)
 
Слоганов на темава е малку чуден:Launchy, ќе ви го продолжи животот
Иначе брка работа програмчето, секако и Dexterce - поздрав!:pishtoldz
 
прогрмчево е топче, само ке ми треба време да го навикнам.
 
Новата верзија на Launchy 1.25 овозможува многу повеќе од пребарување на програми. Сега пребарува(стартува) и букмарките од фајрфокс, пресметува кратки математички операции, пребарува во контрол панел и многу многу повеќе.

1.jpg


2.jpg


3.jpg
 
Одлично!

Launchy ми го продолжи животот. Озбилно.
Буквално заборавив на маусот користејќи го програмчево. Сите луѓе, другари, колеги на кои им го имам препорачано го користат активно уште од првиот ден. Лесно е конфигурирање, не јаде многу перформанси, а брка неверојатно многу работа. Се чувствувам како парализиран кога ќе седнам на компјутер на кој нема Launchy.

Ја инсталирам сега новава верзија. Ова со bookmarks-ите е одлична идеја.
 
програмчево е стварно ЗАКОН!
 
Одлично!

Launchy ми го продолжи животот. Озбилно.
Буквално заборавив на маусот користејќи го програмчево. Сите луѓе, другари, колеги на кои им го имам препорачано го користат активно уште од првиот ден. Лесно е конфигурирање, не јаде многу перформанси, а брка неверојатно многу работа. Се чувствувам како парализиран кога ќе седнам на компјутер на кој нема Launchy.

Ја инсталирам сега новава верзија. Ова со bookmarks-ите е одлична идеја.
Хмммм.... Ќе мора значи и јас да го пробам чудово.

Едит: мамата нивна кај им текнало.:) ептен јако смислено е ова. Не мислев дека вакво нешто би постоело.
 
Супер е, речиси го наместив, само уште една работа ми остана: Како да го конфигурирам програмот да ми ги отвара програмите у System Tray т.е. доле десно? Или дајте некој widget да ми ги дава посебно, па тотално да го исклучам старт менито, да не ми грди слика.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom