Ѓоре Јовановски: Со декрет да се забрани 5 години да се игра фудбал во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување

Се согласувате со Ѓоре?

  • Да, во потполност

    Гласови: 107 69,9%
  • Да, но би додал уште нешто

    Гласови: 11 7,2%
  • Делумно

    Гласови: 13 8,5%
  • Не

    Гласови: 22 14,4%

  • Вкупно гласачи
    153
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443

Секоја чест за Ѓоре кој во интервјуто отворено зборува за КАТАСТРОФАТА во која се наоѓа нашиот фудбал. Бидејќи сум на иста релација со него , особено за изјавата да се забрани фудбал во Македонија на одредено време. Единствено би додал на неговата изјава дека кога ќе се воведе оваа забрана прво што треба да се направи е да се даде отказ на комплетното раководство на ФФМ секако прв на одстрел е Харалампие (гробарот на нашиот фудбал).
Што мислите вие во кој правец треба да се движи Македонскиот фудбал и дали има СПАС.
 
и за тие 5 години да се тренира напорно во професионални услови за по 5 години да направиме SURPRICE како што направивме со кошарката..
 
Не е само Харалампие. Цела гранитура треба да се смени....
Профитот е над се, а не спортот....додека има некој на кој профитот му е пред спортот, спортот во Македонија ќе тоне
 
Се додека не се дигнат фудбалерите и тренерите и не почнат отворено да зборуват за проблемите нема ништо од фудбало на Харалампие & Co. им е веројатно многу убаво, секоја година влегуват неколку милончиња од ФИФА и УЕФА, а тренерите и фудбалерите не дигат глас. Добро е што конечно некој компетентен дигна глас, да се надеваме дека ќе го следат и останатите тренери и фудбалери.
 
На Ѓоре треба да му дадат Нобелова награда за фудбал. Што, нема таква?

Ваков глуп и дебилен муабет ми доаѓа исто како да слушам таксист да збори за фудбал, а не професионален тренер.
Па црепови едни неписмени, работете напорно и обезбедете си услови. Ако не ви фаќа тоа црпката, најдете менаџери кои знаат да го водат фудбалот. Како може „за добро“ да биде неиграње 5 години?

Искрено, жал ми е за спортот во Македонија. Не само во фудбалот. Но, што ќе си издробат самите, тоа ќе го јадат.
Нели се изморивте од плачење? Не е време да направите некаква промена?
 
Ова требаше одамна да се направи.Сега е веќе касно..
 
Ја би го забранил фудбалот засекогаш и би се фокусирал таму кај сме најдобри како кошарката и ракометот.

Just my 2 cents.
 
На Ѓоре треба да му дадат Нобелова награда за фудбал. Што, нема таква?

Ваков глуп и дебилен муабет ми доаѓа исто како да слушам таксист да збори за фудбал, а не професионален тренер.
Па црепови едни неписмени, работете напорно и обезбедете си услови. Ако не ви фаќа тоа црпката, најдете менаџери кои знаат да го водат фудбалот. Како може „за добро“ да биде неиграње 5 години?

Искрено, жал ми е за спортот во Македонија. Не само во фудбалот. Но, што ќе си издробат самите, тоа ќе го јадат.
Нели се изморивте од плачење? Не е време да направите некаква промена?

Тренерите не се некој фактор, тие можат само минимално да влијаат, и тоа најчесто со „плачење„ како што ти го нарекуваш , а најдобро со меѓусебно организирање и заемно дејствување против фудбалската олигархија. Инаку за директни промени тие немат инструмент во рацете. Е сега најголем проблем е меѓусебното организирање, ај оранизирај се да те видам кога за 500 евра секој е спремен да ти зарие нож во грб.
 
Да се забрани да се игра фудбал во Македонија.Не 5 туку 50 години.
Да не си таксист по професија?
Не, стварно, не гледам друго објаснување во муабетов... Зошто да се забрани?

Ова е исто ко некој да рече: „Имам проблем со болки во грбот“, а ти да речеш: „Убијте го“.
 
Клубови без соодветни стадиони (соблекувални, рефлектори, трибини итн.) не треба да играат во прва лига, а богами ни во втора. Тоа треба да биде услов за некој клуб да може да игра во прва лига.
 
Да не си таксист по професија?
Не, стварно, не гледам друго објаснување во муабетов... Зошто да се забрани?

Ова е исто ко некој да рече: „Имам проблем со болки во грбот“, а ти да речеш: „Убијте го“.

Не не сум таксист извини.Не си тренирал фудбал па не ги знаеш овие работи изгледа.Да видиш се кој игра и тренира фудбал ќе ти се одмили веруј.
 
Купатилото на Ѕинго е поголемо од соблекувалните во Кратово! ахааахахахахаххахаахаххахахахаххахахахаххахахахаххахааххахахахахах

:pos::pos::pos::pos:. Соблекувални во Турново.. :pos::pos:

РЕСПЕКТ!

П.С. да додадам само.. Ми се пружи можност да се растрчаме со друштво на Градски - реновираниов... со новиве соблекувални.. Се фрапиравме со другариве кога видовме дека во едната соблекувална што ни ја пружија на располагање, пола од чешмите беа расклатени, и едвај течеше вода од нив, а стадионов треба да е „нов“ нели?!?
 
Да не си таксист по професија?
Не, стварно, не гледам друго објаснување во муабетов... Зошто да се забрани?

Ова е исто ко некој да рече: „Имам проблем со болки во грбот“, а ти да речеш: „Убијте го“.

A зашто да не се забрани..ја би да се тури пепел.. или ќе играме фудбал, или не се заебаваме и крај..Ја би 10 години да се забрани .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom