Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
- Возраст
- 39
ТАНЕЦ е симбол на македонската култура и уметност, шест децении на своето постоење е амбасадор и презентер на македонското фолклорно творештво кај нас и на сите континенти на земјината топка, подвижен музеј на она најубавото, исконското, непроценливото македонско фолклорно богатство, кое претставува идентитет и историја на македонскиот народ.
Формиран во 1949 година (од страна на) и со Указ на Владата на Република Македонија, ТАНЕЦ ја остварува целта да го собира и негува македонското фолклорно богатство, орото, песната, интструваментите, богатите оригинални носии и да го презентира во земјава и надвор од неа преку концерти, фестивали и други приредби од областа на културата.
Секоја година пред почетокот на новогодишните и божиќните празници ансамблот "ТАНЕЦ" се претставува со концерт пред Македонската публика.
Оваа година на 21.12.2011 год. (четврток) со почеток од 20:00 часот во МОБ (Македонска опера и балет) ќе се одржи новогодишниот концерт на ансамблот "ТАНЕЦ" кој е од хуманитарен карактер за помош на вработен во ансамблот, за кого е потребно да се обезбедат средства за операција.
Картите може да се набават во просториите на "ТАНЕЦ" по цена од 200 денари.
Телефон за информации: 02/2461 021