- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.161
- Поени од реакции
- 1.324
Попоски и Бакојани дебатираа за одлуката во Хаг
Ден по одлуката на Меѓународниот суд во Хаг, Македонија и Грција ги вкрстија аргументите. Тоа и успеа на грчката телевизија Скај, која на дебата ги соочи македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски и поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани. Заклучокот - оптимистички став на Скопје, тврди позиции на Атина.
Македонија да се мотивира по одлуката од Хаг – вели Попоски, Грција да не ги промени позициите – советува Бакојани. Македонскиот министер за надворешни работи и поранешната шефица на грчката дипломатија во емисијата Неи Факели ја коментираа вчерашната пресуда.
„Јас мислам дека она што е многу поважно е дека ни се нуди можност да се рефокусираме на нашите стратешки цели кои се насочени кон наше членство во НАТО и Европската Унија. Верувам дека знаците кои што ни ги даде одлуката од судот, обезбедуваат сосема солидна основа за да се избегне повторување на истите ситуации во иднина“, вели Никола Попоски – министер за надворешни работи.
„Станува збор за одука што не ја повикува Грција да ја промени политиката. Не ја повикува Грција да не го повтори тоа.
Јас би рекла дека грчката влада треба смирено да ја анализира одлуката, но секако да не ја промени позицијата“, изјавила Дора Бакојани – поранешен министер за надворешни работи на Грција.
Поранешната шефица на грчката дипломатија смета дека одлуката од Хаг нема да промени ништо и нема да го отвори патот на нашата земја кон НАТО и ЕУ се додека спорот со името останува нерешен.
„Вие знаете господине министер дека имаше 3 одлуки од НАТО и сите беа едногласни и сите велеа дека треба вие треба да го решите проблемот со името пред да влезете во НАТО и дозволете ми да кажам дека не сметам дека нешто ќе се промени денес“, дополнила Бакојани.
Неизбежно беше прашањето упатено до шефот на македонската дипломатија за преименувањето на аеродромот и поставувањето на споменикот во Скопје – факти што се најдоа и во грчкиот одговор на македонските аргументи.
„Одлуката на судот беше јасна и по тоа прашање, бидејќи ги отфрли аргументите на грчката страна. А заклучокот беше дека ниедна од нашите активности или постапки не било основа за да го оправда грчкото противење за нашата интеграција“, вратил Попоски.
И покрај тоа што одлуката од Хаг беше јасна, дека Грција ја прекршила времената спогодба, Бакојани останува на ставот дека во 2008 година во Букурешт имало едногласна одлука.
„Грција во суштина не стави вето. Без разлика дали сега одлуката е дека ги попречивме. Дека ги попречивме - ги попречивме, тоа е сигурно. Дека го превртевме светот, барем јас конкретно, последните 3 месеци пред Букурешт. Прашање е дали два дена бев во Атина. Но, ги убедивме. Ова е разликата, ги убедивме нашите партнери дека е погрешно тоа да се случи“, рекла поранешната шефица на грчката дипломатија.
Бакојани во интервјуто за телевизијата Скај, објасни дека додека таа била министер за надворешни работи, тогаш биле поставени црвените линии, тогаш почнало отворено да се говори за сложено име, бидејќи како што рече, претходно никој немал храброст да му соопшти на грчкиот народ дека се преговара за име во кое би фигурирал терминот Македонија
Видео
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=83866