Трајна фризура

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Прави ли некој трајни фризури? Што мислите? Вреди ли? Се оштетува ли многу косата? Колку време ќе трае?

Јас се мислам да направам, за да не се замарам после со косата некое време, ама страв ми е од последиците :)
 
Имам слушнато дека прават со киселина..една другарка моја сакаше да и ја исправат косата со киселина, но се зборува дека ептен ја гори косата, просто кажано после то ко чафка ќе бидиш..така да не ти препорачувам да правиш трајна ако имаш слаба коса.
 
хм трајна??? мислиш како Боб Марли фризура и потоа воопшто да не ја миеш косата?? не ти препорачувам инаку ќе корне реа и згора на тоа скалпот ќе скапува и се оќелавува;):)
 
Каква е таа трајна фризура?
Како се прави?
Колку време стои?
Се прави на машки?
Не дека сакам да направам (ако може и на машки) но баш ме интересира оваа тема, знам дека има трајна шминка, но за трајна фризура никогаш не сум слушал.
 
и мене ме интересеира ако се оштетува косата ке биде топ, ке си направам трајна фризура на мишките да ми се оштетат и да не ми растат
 
Ако сакаш објасни што е тоа трајна фризура ?
Инаку , не би правел .. многу често ми се здосадуваат едноставни работи .
 
Прави ли некој трајни фризури? Што мислите? Вреди ли? Се оштетува ли многу косата? Колку време ќе трае?

Јас се мислам да направам, за да не се замарам после со косата некое време, ама страв ми е од последиците :)

Јас направив трајна пред речиси три месеци. Вистината е дека со овој тип на фризура добиваш средена коса во секое време. Секогаш е доволно да фатиш два-три прамени и средена си. Нема да ти биде гајле дали времето е влажно или суво па цела коса да ти се расипе. Е сега, за оштетувањето... во зависност од косата кај секој е различно. Фризурата се прави со киселина која навистина е многу јака (затоа и трае 4-6 месеци нели), но мене лично не ми се оптети премногу.Слободно можам да речам, како да сум се фарбала (толку е оштетена). Мал проблем понекогаш можеби ќе ти биде чешлањето. Најдобро е да не ја чешлаш бидејќи локните се растураат и косата ќе ја изгуби формата па затоа најдобро е да користиш или некој претерано крупен чешел или да ја расчешлуваш со прсти за време на бањање (откако ќе нанесеш субрина за коса). Не е лошо повремено да ставаш и некоја маска. Мој совет - направи си:D
--- надополнето: Dec 3, 2011 5:44 PM ---
Каква е таа трајна фризура?
Како се прави?
Колку време стои?
Се прави на машки?
Не дека сакам да направам (ако може и на машки) но баш ме интересира оваа тема, знам дека има трајна шминка, но за трајна фризура никогаш не сум слушал.
Со помош на киселина и специјални витлери кои се држат околу 2 часа на косата, правата коса станува виткана за период од 4-6 месеци.
 
Пффф...ја без трајна фЛизура од дома не искачам.
Баш сеа седам со витлери на глаа, се спремам за вечер, ќе ме носи мужот на жива музика у чаршија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom