„Македонци“ и „македонски“ во таен француски дипломатски извештај од 1919 г.

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Веб-сајт
www.macedonianspark.com
Овој документ е од Француската дипломатска кореспонценција, кој потекнува од 1919 година од француските воени дипломатски кругови во Солун и носи епитет: тајно.

Тој е испратен до највисоките француски воени органи во Париз, во пресрет кога било актуелно македонското прашање по завршувањето на Првата светска војна.
Во документот се зборува за етничкиот карактер на населението, владеењето на Грција во новоосвоениот дел, со осврт на француските економски врски, трговската размена и културното влијание по новосоздадената ситуација по завршувањето на Првата светска војна.
Со овој документ, кој е еден од многуте кои ја потврдуваат посебноста на Македонците и македонскиот јазик, се дознава и за политиката на Грција кон ново освоената територија и кон затекнатото население во неа. Со оглед на тоа да политиката на негирањето на постоењето на Македонците во Грција, продолжува и денеска со несмален интензитет како и во минатото, кога автохоното население од Македонија, од страна на странските автори, често пати под влијание на туѓите пропаганди е запишувано како бугарско, српско или грчко население, со што најчесто ги игнорираа и исказите на самите Македонци, овој документ е уште една потврда за дволичната политика на Големите Сили, кои тргнувајќи од своите лични интереси го обесправија Македонецот како во минатото така и денес, со продолжување на негирањето на етничките Македонци и македонскиот јазик.
Политиката на негирање на постоењето на Македонците во Грција, продолжува и денеска со несмален интензитет. Но,постоењето на Македонците во Грција, а и во регионот, е непобитен факт.За него говорат мноштвото на документи, анализи, сведоштва кои го потврдуваат ова постоење. Но, покрај ваквите автори постојат странци кои во своите документи ја запишале првичната состојба во Македонија. Во Париските државни архиви има стотици вакви дипломатски документи во кои се зборува за јасно посочен национален идентитет кај Македонците.
Како Македонци сме свесни дека интересот за Македонија е огромен поради одличната гео стратешка позиција, но она што ни претставува проблем е желбата на соседите за разнебитување на Македонија и неможноста на Македонија да се одбрани од злите напади. Историјата не познава ваков случај, како македонскиот. Специфичноста е во тоа што и покрај големиот временски период во кој се спори македонското прашање не може да се затвори токму поради континуираното постоење на македонска држава, сè едно во какви рамки. Македонското прашање, во помал или поголем обем,ги детерминираше животните судбини на голем број жители на Балканот. Проблемот си остана ист, не променет и покрај демографската промена на регионот во изминатиов период, од појавата на „проблемот“ кои соседните држави го имаат со Македонија.

Тајно
Солун, 26. февруари 1919 година
Одговор на прашалникот испратен со писмото бр.6091/2 од 5. февруари, 1919 година од страна на генералот – шефот на мисијата.


КАКВА Е ПОЛИТИЧКАТА ПОЛОЖБА ВО РЕГИОНОТ?
Населението на Македонија е многу разновидно. Во земјата што ја напојува Струма и горниот тек на Вардар, пред 1912 година имало: 600 000 Македоно – Словени, 500 000 Турци, 200 000 Грци, 100 000 Евреи, 30 000 Куцо – Власи и 25 000 Цигани.
Иако тие различни раси се целосно измешани, така што не може да се најде ниту едно подрачје со забележителен етнички карактер, сепак секое семејство ја чува својата религија, својот јазик, своите традиции и обичаи. Грците живеат на морскиот брег ,долж сообраќајниците за да можат да и се посветат на трговијата, Турците и Македонците ја обработуваат земјата, а Евреите се собрале во Солун, каде што претставуваат трговско мнозинство на Елада.
Грчката влада, на која со Букурешкиот договор и бил доделен значителен дел од тоа подрачје, не можела да преземе хомогено организирање на новите поседи. Недостигот на практичност, одвратноста на Гркот кон тешката земјоделска работа, недостатокот на флексибилно законодавство, не можеле многу да придонесат од Македонија да се создаде продолжение на Елада.
Оттука произлегува сета политика со која се зафатила владата во Атина. Не можејќи да се наметне со квалитет, таа сакала да се послужи со сила и тамошното домашно население да го третира така како што победникот го третира победениот. Таа се обидела да уништи сè што не е грчко, фаворизирајќи ги само своите сонародници.
Лесно може да се сфати таа тенденција за насилна еленизација, кога ќе се земат предвид сите мерки што ги презела новата влада на подрачјето на граѓанските и верските права: одземање права на џамиите и на гробиштата; запленување на недвижниот имот на месното население и негово деделување на Грците, разновисни мачења на Евреите.
....
Од овој краток осврт се гледаат карактеристиките на политиката на грчката влада на тие подрачја: насилната еленизација, експлоатацијата на сите работни елементи, задржување и влошување на некогашната турска управа.
...
ДАЛИ НАСЕЛЕНИЕТО Е ЗАДОВОЛНО?
Во земјата владее големо незадоволство. Сите селани, без оглед на расата и религијата, се жалат од стопансакта положба, која сега е лоша, а во иднина ќе биде уште полоша. Снабдувањето е многу лошо – најпотрените пренхрамбени производи се под државен монопол, многу скапо им се продаваат на населението, кое добива само минимални количини, нередовно и со прекини. Без интендантурите и сојузничките воени кооперативи, од кои населението се храни со криумчарење со потсредство на трупите, гладот веќе би завладеал. Додека Атина и сета Стара Грција имале и имаат на располагање пониски цени на секакви видови производи, во Македонија, недостасуваше и се` уште недостасува леб, јаглен, шеќер, сол, кибрит и т.н. ... Администрацијата и полициските маки, злоупотребата на власта, заобиколувањето на законот, одбивањето на правдата, корупцијата, нетолеранцијата и секаквото мачење –предизвикуваат општо незадоволство.
....
ДАЛИ ПОСТОИ СТРАНСКА ПРОПАГАНДА ВО РЕГИОНОТ?
Македонија отсекогаш била и останала затворено поле за сите балкански и странски натпреварувања. Бугарите повторно ја започнаа својата пропаганда, Србите издаваат пасоши и потврди за натурализација на сите што го бараат тоа и така, заштитувајќи ги, своето влијание го обезбедуваа со училишта, предавања, преку својата стопанска комора, преку олеснувањата за солунската трговија и т.н. ....
....
Останати информации што ги присобравме и кои не се застапени во претходните рублики:
... Во делот на Македонија кој сега и е потчинет на Грција, најчесто покрај францускиот јазик, кој служи како втор јазик на елитата, се зборуваат следните јазици, наредени според важноста: македонско – славјански, турски, влашки, еврејско – шпански, гркофонскиот елемен претставува само една шестина од населението. Јазикот на Сегашниот господар во поголемиот дел од земјата воопшто не го разбираат. Сепак, Владата го наметнува како единствен официјален јазик. Неодамнешиот закон наредува – дури одредува парична или затворска казна – употреба исклучиво на грчкиот јазик во дневникот, кој се должни да го водат сите трговци, па и сите други граѓани со извесен имот. Се прашуваме како трговците и поединците кои досега своите книги ги воделе главно на француски и воопшто не го познаваат грчкиот јазик, ќе можат да се сообразат со законот.....
СОЛУН, 25 февруари 1919
Во изоставениот дел францускиот аналитичар зборува за француското влијание во овој регион, нивната културна застапеност.

Извор: Глигор Тодоровски, „Еден француски дипломатски документ од Солун од 1919 година.“

Извор со слика „Македонска Искра“
 
• Штотуку го читав од Искра, па би прашал кој дел го опфаќа ( на кој дел се мисли ) "земјата која ја напочува Струма и горен тек на Вардар" - Источна Македонија на исток до Струма и југ до Западна Тракија ( делови кај кавала) ??? - Или за кој дел поточно станва збор? - Bratot?
 
Од пишаното станува збор за територијата од Струма па се’ до горниот дел од течението на Вардар.

Така јас го поимувам.
 
Од пишаното станува збор за територијата од Струма па се’ до горниот дел од течението на Вардар.

Така јас го поимувам.

Не. И јас мислев така но, само што ми одговори Андов ( уредникот ) дека е делот од Егејска Македонија...
 
Па и он е во право, пишува јасно каде живеат Грците, каде Македонците и сл.

Не сум сигурен што подразбира под „горен“ тек. Дали се гледа според мапата или според завршувањето - сливањето на реката.

Како и да е, суштинските работи се јасно диференцирани.
 
Уште еден француски документ од 1917 година во кој јасно се кажува дека Македонците се посебен народ и истовремено се прокламира независна држава Македонија со Солун како главен град.

Странските дипломати за Македонија во 1917 Преку независна Македонија до конечен мир на Балканот

23 јули 2012 16:52


Француски дипломати анализирајќи ги состојбите на Балканот пред крајот на Првата светска војна недвосмислено напишале дека какво било делење на Македонија би претставувало извор на идни конфликти и би ја спречило пацификацијата на Полуостровот и никој не би бил задоволен, ни Србите, ни Грците, ни Бугарите.



Дали е можен одвоен мировен договор со Бугарија?

Документот со овој наслов е резултат на активностите на Балканскиот Полуостров на француската дипломатија, која будно ги следела состојбите од почетокот на минатиот век во овој дел на Европа и испраќала редовни и детални извештаи до Министерството за надворешни работи на Франција.

Овој документ се однесува на периодот од Првата светска војна. Тој претставува анализа на позициите на сојузниците на Балканот во 1917 година и содржи предвидувања за можните исходи од војната. Анализата со наслов „Дали е можен одвоен мировен договор со Бугарија“, со датум од 8 мај 1917 година, подготвена е од службите на Министерството за надворешни работи во Париз и се наоѓа во фондот „Конзулат, потоа Легација на Франција во Белград, 1838-1941“ – Серија „А“, сместен во Дипломатскиот архив на Франција во Нант.

Од многубројните документи во овој фонд што се однесуваат на состојбите во Вардарска Македонија по Балканските војни и по склучувањето на Букурешкиот мировен договор особено внимание заслужуваат документите создадени за време на Првата светска војна кога учесниците во војната правеле различни комбинации за да се најде решение за смирување на состојбите на Балканскиот Полуостров.

Во овој документ пред сè се разгледуваат можностите за склучување одвоен мировен договор со Бугарија со што би се овозможило побрзо завршување на војната. А како едно од можните решенија за да се обезбеди траен мир во овој регион се предлага создавање независна Македонија под покровителство на сојузниците, кои би ги гарантирале сигурноста и почитувањето на човековите права на сите жители на Македонија.

Во почетокот на документот станува збор за причините поради кои Бугарија би се согласила да склучи одвоен мировен договор со сојузниците и за тоа кои услови би биле прифатливи за Бугарија.

Еве ги размислувањата на француските аналитичари за можното решение на македонското прашање.

„Голема тешкотија претставува прашањето на Македонија. Бугарите сакаат да ја имаат цела Македонија, заедно со Скопје. Нивната северна граница би била Шар Планина, зад која тие отсекогаш признаваа дека живее српско и албанско население. На запад тие би ја прифатиле границата на реката Дрим и Охридско Езеро, западно од која би била самостојна Албанија управувана од Есад Паша. Можеби би се задоволиле со линијата прифатена со Српско-бугарската конвенција од 1912 година, според која тие на Србите им ги отстапуваа териториите на север и на запад од линијата што тргнуваше од точката на спојување на границите меѓу Србија, Бугарија и Турција, а завршуваше на Охридско Езеро помеѓу градот со истото име и градот Струга.

Но оваа линија е вештачка, таа не одговара на ниту една географска и етничка реалност. Какво било делење на Македонија би претставувало извор на идни конфликти и би ја спречило пацификацијата на Полуостровот и никој не би бил задоволен, ни Србите, ни Грците, ни Бугарите.

Србите се непопустливи кога станува збор за Македонија. Иако границите од Букурешкиот мировен договор се апсурдни од сите гледни точки, тие бараат да се вратат истите граници. Тие знаат дека Македонија не е српска, но дека без поголеми тешкотии ќе биде посрбена по неколкугодишна окупација, бидејќи по толку измачувања таа посакува само добра администрација што ќе и обезбеди мир и богатство. Од тие причини Србите по никоја цена не сакаат да се откажат од неа. Би било многу тешко да се вразумат во врска со ова прашање, дотолку повеќе што компензациите што би можеле да им ги ветиме во Босна и Херцеговина и во Хрватска не би можеле да им ги дадеме веднаш, а за Балканците иднината има малку значење, единствено се зема предвид сегашноста – овие млади и амбициозни народи знаат само за големи желби, но не и за долгорочни надежи.

Ако на Бугарите им направиме отстапки во Македонија, па дури и делумни, не би требало да се зачудиме Србите да се обидат да склучат одвоен мир со Австрија и да станат наши непријатели, во најмала рака виртуелни. Таа последица треба да се земе предвид, доколку не сакаме да бидеме изненадени.



Србите во никој случај не сакаат да ја отстапат Македонија, ниту цела ниту дел од неа. Бугарите, освен ако бидат потполно поразени, нема да склучат мир што нема да им ја обезбеди Македонија. Се наоѓаме пред една таква контрадикторност. Да не се лажеме дека ќе ја надминеме со тоа што на Бугарите ќе им понудиме компензации во Тракија, бидејќи тоа ги интересира само во втор план…”.

Понатаму во овој документ се вели: „…и Србите и Бугарите со иста жар посакуваат да го поседуваат Солун. Природен, потребен и единствен излез на море за сите балкански народи… Солунското пристаниште е неопходен услов за траен мир на Балканот… Солун е вистинската привлечна точка и затоа неговото поседување ни дава голема моќ. Се додека го држиме Солун, го имаме в раце Балканот и имаме мошне моќно средство за притисок. Да се чуваме од тоа да го напуштиме!”.

И еве го главното: За сите овие тешкотии има само едно можно решение: самостојност на Македонија во нејзините историски и географски граници, кои се приближно исти со оние прикажани на картата во прилог: т.е. на север Шар Планина и планините што ја формираат котлината на Пчиња; на запад долината на Дрим и Охридско Езеро; на југ линијата што од езерото Малик до изворите на Охридско Езеро ја формира долината на реката Малик; на исток Родопските Планини. Македонија има свој историски и етнички идентитет. Нејзиното население е мешано: Словени, Македонци, Турци, Грци, Власи, Албанци, Евреи итн… Доминантното население е словенско. Овие Словени, всушност, не се ниту Бугари ниту Срби, но бугарската пропаганда прва почна да развива национално чувство кај нив. Македонското население, кое е толку измачено во последниве 20 години, со радост би се приспособило на автономија гарантирана од сојузничките сили. Жителите на Солун, кои живеат исклучиво од трговија, би биле особено задоволни од ваквото решение, кое ќе овозможи Солун да се претвори во слободно пристаниште за целиот западен дел на Полуостровот. Пред 1912 година Бугарите бараа автономија за Македонија, па можеме да ги потсетиме на нивните некогашни желби. Србите одбиваат да го прифатат ова решение, но можеме да им се спротивставиме со аргументот за правата на народите…. Што се однесува пак до Грците, сметаме дека по нивното неодамнешно однесување кон нас и кон Србите не треба да се води многу сметка за нивните протести. Впрочем, бесмислено е Солун да им се додели на Грците, кои имаат веќе премногу пристаништа: Солун со граница што ја лимитира неговата трговија на зона од 60 км е осуден на брза пропаст… Окупацијата на Македонија од страна на сојузниците, која би продолжила што е можно подолго и која би ги содржела сите домени на политичкото и на економското управување на земјата би го гарантирала почитувањето на сите права. Подоцна… би можело да се размислува за некоја широка балканска конфедерација со Солун како главен град, а независна Македонија како центар на сите интереси. Тоа е единствениот начин да се дојде до конечен мир на Балканскиот Полуостров. Во сите овие мали земји народите ќе се согласуваат полесно од нивните кралеви. Оваа сојузна балканска држава можеби и не е толку далечен сон…”.

За жал, на мировните конференции одржани по завршувањето на Првата светска војна не била земена предвид оваа можност за создавање независна македонска држава, преовладале разните спротивставени интереси на големите сили на Балканот, но овој документ е мошне значаен како сведоштво за тоа дека европските дипломатии биле свесни за реалната состојба во Македонија и за аспирациите на Македонците за создавање своја независна држава.

http://www.time.mk/read/NONE/7c6399d38c/index.html

.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom