S
Shellshock nam67
Гостин
Катерина Василевска од Охрид е дамата која стои зад етикетата „Kate's Unique Handmade Jewelry", фантастични парчиња накит кои имаат сопствена приказна и со кои дефинитивно секоја припадничка на понежниот пол ќе се најде во центарот на вниманието
Инспирацијата ја наоѓа насекаде околу себе. Секој од прстените, украсите за коса, обетките настануваат од боите на есента, пријатните летни ноќи покрај Охридското езеро, личните доживувања, од малите навидум незабележливи нешта околу нас. Охрид создава митски приказни од каде се раѓаат парчиња накит како Венера од морската пена.
Украс за коса
Кате изработува ексклузивен, богат накит од најразновидни материјали и полудрагоцени камења - бисери, оникс, тиркиз, срма, жица, монистра и во буквално секој моден додаток вложува огромна енергија и љубов. Не можат да се најдат две идентични парчиња.
Декорација за чанта од тиркиз и бисер
Ѓердан од корали „Тајната на Посејдон"
„Уште како малечко девојче го трансформирав секој предмет што ќе ми паднеше во раце - парчиња од мојата облека или предметите во домаќинството. Често пати на вага ги ставам моите емоции. Од едната страна е убавото чувство од успехот и финансиската награда, но на другата е тагата што сум се одвоила од конкретното парче накит", вели Катерина.
Ѓердан од тиркиз со бисери „My tirquoise boat"
Обетки од оникс, седеф, срма и жица во две нијанси
Овие уникатни украси за женското тело беа прикажани и пред пошироката јавност на изложбата во ресторанот „Дамар" во јули, во рамки на фестивалот „Охридско лето", а сѐ поголем е бројот и на нејзините фанови на страницата на Фејсбук - http://www.facebook.com/pages/Kates-Unique-Handmade-Jewelry/131214080277313.
Обетки од корали, срма и жица
Комплет - бисери и црн оникс, во комбинација со жица и текстилен цвет
„Следам сѐ што се случува кај дизајнерите на накит во државава и можеби ќе звучам нескромно, но не гледам конкуренција. Дури и оние кои се препознатливи имиња, имаат креации на кои јас гледам како на играчки. Нивните креации, за мене, се нешто што уште одамна го имам оставено зад себе. Гордо можам да се пофалам дека моите елаборирани и уникатни дизајни ќе ја направат жената да се чувствува посебно во секоја прилика. Таа несомнено ќе се појави во центар на вниманието", додава Кате, за чиј накит токму на „Охридско лето" се заинтересирал и Најџел Кенеди, еден од најголемите светски виолинисти, дел од Гинисовата книга на рекорди благодарение на студиската изведба на „Четири годишни времиња" на Вивалди, а кој свиреше пред публиката во Света Софија.
Комплет
Прстени
карма
ohridON
ajde devojki vo Ohrid na soping
dur ne e staena rampata 

секоја чест за девојчето, нејзиниот накит е хит во Охрид последно време