П
Паспарту
Гостин

Денеска беа одредени шеширите за квалификациите за европското првенство во кошарка кое ќе се одржи од 4 до 22 септември 2013 година во Словенија. На ова ЕП, исто како и на она кое се одржа годинава во Литванија, ќе настапат 24 репрезентации. Директен пласман покрај домаќинот Словенија, обезбедија уште репрезентациите на Македонија, Франција, Велика Британија, Грција, Литванија, Русија и Шпанија. Ждрепката за квалификационите групи ќе се одржи на 4 декември во Минхен, Германија.
Прв шешир: Србија, Хрватска, Турција, Германија, Грузија, Финска
Втор шешир: Италија, Украина, БиХ, Израел, Полска, Бугарија
Трет шешир: Црна Гора, Летонија, Португалија, Белгија, Шведска, Унгарија
Четврт шешир: Естонија, Чешка, Холандија, Швајцарија, Австрија, Азербејџан
Петти шешир: Словачка, Белорусија, Романија, Луксембург, Кипар, Албанија
Шести шешир: Исланд
Инаку, на 21 март 2011 година беа одредени и градовите/салите кои ќе бидат домаќини во прелиминарниот и завршниот дел од натпреварувањето:
Стожице, Љубљана (капацитет: 13 000) - втора рунда и нокаут фаза
Подмежакла, Јесенице (капацитет: 5 500) - прелиминарна фаза
Портовал Арена, Ново Место (капацитет: 5 000) - прелиминирна фаза
Птуј Арена, Птуј (капацитет: 5 300) - прелиминарна фаза
Бонифика Арена, Копер (капацитет: 8 000) - прелиминарна фаза